Деловно работење – одговорно деловно работење

Практикувајќи одговорно деловно работење, нашата цел е да создадеме поширока економска вредност која ќе нуди придобивки за голем број на акционери и други групи. Тоа го постигнуваме преку нудење на производи, услуги и решенија кои, на пример, овозможуваат конкуренција во деловното работење, подобрување на индивидуалното здравје во заедниците и подобрување на животниот стил на потрошувачите и збогатување на општеството.

Нашите услуги и производи вклучуваат управувани печатачки услуги и деловни решенија, вклучувајќи пренесување на деловни процеси и решенија за зачувување на слики; фотоапарати до повеќефункционални уреди; фотоапарати за емитување до дигитална радиографија; полуспроводници до скенери; печатачи за производство и печатачи за голем формат до консултантски услуги; проектори до калкулатори. Прочитајте повеќе за нашите производи за во домот, здравството, деловните производи, услуги и решенија.

Нашата филозофија Kyosei значи дека сериозно ја сфаќаме одговорноста за придонес во просперитетната економија која ги зголемува сите вредности. Нашиот успех во деловното работење ги поддржува локалните и регионалните економии, создава вредности за потрошувачите и другите акционери како што се испорачувачите, вработените и владите.

Дознајте како комуницираме со нашите акционери. Односи со акционери

United Nations Global Compact

Слика_плакат_Деловно работењеНие имаме строги политики и постапки кои ни помагаат во усогласувањето со применетите закони и регулативи, за да ги исполниме очекувањата на нашите акционери. Меѓутоа, одговорното деловно работење за нас значи повеќе од само законодавно усогласување; исто така се однесува на тоа како ние очекуваме нашите вработени да се однесуваатна работното место; како се третирани; и постапките кои ние ги преземаме за да соработуваме чесно и безбедно, заштитувајќи ги нашите клиенти и животната средина, преку работење етички, плаќање на даноците, и демонстрирање на најдобрата пракса.

Picture_UNGC logoЗа да ја нагласиме нашата посветеност за одговорно деловно работење и за да го формализираме пристапот кој веќе го имаме преземено за да вградиме одржливост во нашата стратегија, култура и бизнис, Canon Europe се регистрираше за United Nations Global Compact, посветувајќи се на неговите 10 универзално прифатени принципи во областа на човековите права, трудот, животната средина и антикорупцијата.

Дознајте како го поддржуваме општеството и општествените одговорности.
Дознајте како го намалуваме нашето влијание врз животната средина.

Извештај за одржливост за регионот EMEA на Canon за 2013 година

Усогласеност и активности

Како претставништво на Canon Inc., нашата матична компанија, се придржуваме на процесот за внатрешно управување, вклучувајќи се исто така во состаноците на Комитетот за проширени корпоративни етики и усогласеност (Expanded Corporate Ethics and Compliance Committee), на кои се донесуваат одлуки како да се поддржува усогласувањето. Ние нудиме усогласеност во рамките на корпоративното управување, паралелно со етичкото тргување, законите и регулативите, економските влијанија, одговорностите на вработувачот и вработените и безбедноста на производите.

Нашата внатрешна група за проценка на усогласеноста се погрижува да ги разбереме и земеме предвид влијанијата на новите закони и регулативи поврзани со нашето деловно работење пред да бидат спроведени, за да можеме да испланираме соодветни активности. Усогласеноста со регулативите им влева доверба на нашите потрошувачи и ни помага да им продадеме усогласени и безбедни производи на фер и одговорен начин.

Ние нудиме усогласеност со релевантните закони и регулативи во земјите во кои работиме. Ние учествуваме во индустриски асоцијации и групи за да ги дознаеме аспектите на еколошките регулативи и безбедноста на производите, сакајќи да бидеме во тек со новитетите во легислативата и активно да бараме можности за учество во нивното создавање. Членуваме во DIGITALEUROPE, EuroVAprint, Јапонскиот деловен совет во Европа (JBCE), COCIR и CSR Europe.

Директива за отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)

REACH регулатива

Ограничување на опасни супстанции (RoHS)

Директива за батерии и акумулатори

Директива за пакување

Еко декларации

(Mатеријал) Документи за безбедносни информации

Законот на Сарбејнс-Оксли

ISO 9001

ISO 27001

Кодекс на однесување

ISO 14001

Еколошка набавка

Патенти

Спречување на фалсификати

Минерали од Демократската Република Конго

Инвеститорски односи

Вработени

Управување со ланецот на испорачувачи

Спречување на мито и корупција

Подароци и забава

Фер конкуренција

Односи со акционери

Директива за отпад од електрична и електронска опрема (WEEE)

Компанијата Canon е усогласена со директивата (2012/19/EU) на Европската Унија (ЕУ) за отпад од електрична и електронска опрема чија цел е да го намали влијанието на отпадот од електрноските уреди врз животната средина. Директивата WEEE е дел од законот во секоја земја членка на ЕУ. Дознајте повеќе за Canon и директивата WEEE.

  Горе

REACH регулатива

Регулативата REACH EC No 1907/2006 наложува прегледување на својствата на хемиските средства за идентификување на потенцијални ризици по здравјето на човекот и животната средина. Компанијата Canon тесно соработува со својот ланец на испорачувачи за да обезбеди континуирано усогласување со регулативата REACH. Дознајте повеќе за Canon и регулативата REACH. Прочитајте повеќе за програмата за еколошки набавки на Canon.

  Горе

Ограничување на опасни супстанции (RoHS)

Компанијата Canon е усогласена со ЕУ директивата RoHS Directive (2011/65/EU) и, во некои случаи, ги надминува нејзините услови. Целта на директивата RoHS е да го минимизира влијанието врз животната средина кое го предизвикува отпадот од електрична и електронска опрема по завршување на нејзиниот век на траење преку намалување на дозволената количина од шест супстанции кои може да ги содржи опремата. Производите кои се продаваат во Европската Унија не смеат да содржат повеќе од одредената количина на олово, кадмиум, жива, хексавалентен хромиум, полиброминирани бифенили (PBB) и полиброминирани дифенил етери (PBDE). Ние ги подготвуваме дополнителните супстанции кои ќе бидат додадени кон RoHS Regulation и ќе бидат имплементирани околу 2017 година. Дознајте повеќе за отпадот од електрична и електронска опрема.

  Горе

Директива за батерии и акумулатори

Како производител и увозник на батерии, ние сме член на системите за рециклирање на отпадоци од батерии и акумулатори во секоја земја членка на Европската Унија (ЕУ) каде што работиме. Ние ги исполнуваме нашите обврски да пријавиме и финансираме собирање и справување со батерии. ЕУ директивата за батерии (2013/56/EC) има за цел да го намали влијанието врз животната средина кое го предизвикуваат батериите и акумулаторите и да го зголеми рециклирањето на отпадот од истите.

Некои наши калкулатори се дизајнирани да работат само на соларна енергија, така што за нив воопшто не е потребна батерија или, пак, да имаат двојно напојување со соларна енергија/батерија со цел да заштедат енергија. Дознајте повеќе за нашата палета на калкулатори кои заштедуваат енергија и како да ги рециклирате вашите батерии.

  Горе

Директива за пакување

Компанијата Canon учествува во пакувањето на рециклирани материјали и помага во финансирањето за собирање и рециклирање на отпадоците од пакувањето. Тоа е во согласност со директивата за пакување и пакување на отпад (94/62/EC) на Европската Унија и локалните регулативи во земјите каде што имаме национални организации за продажба. Ние продолжуваме и со намалување на потребната количина за пакување на производите.

  Горе

Еко декларации

Canon прави еко декларации за да обезбеди информации за еколошките атрибути на нашите производи, опфаќајќи ги користените материјали и енергетската ефикасност. Ве молиме обратете се кај вашата национална канцеларија на Canon за повеќе информации во врска со Еко декларациите.

  Горе

(Mатеријал) Документи за безбедносни информации

(материјал) Документите за безбедносни информации (MSDS) обезбедуваат информации за потенцијалните ефекти врз здравјето при изложување на хемикалии или други потенцијални опасни супстанци. Посетете ја нашата MSDS веб-страница за да ги видите сите мастила и тонери кои се користат во производите од Canon, како и за сервисни материјали кои ги користат нашите сервисни техничари. Исто така на таа страна можете да го најдете и Océ MSDS. Ако имате некое прашање во врска со MSDS документацијата, ве молиме обратете се во вашата национална канцеларија на Canon.

  Горе

Законот на Сарбејнс-Оксли

Бидејќи акциите на компанијата Canon се тргуваат на Њујоршката берза, компанијата Canon е усогласена со законот на Сарбејнс-Оксли.

  Горе

ISO 9001

Неколку локации на Canon во Европа поседуваат систем за управување со квалитетот со сертификат за ISO 9001. Тој се фокусира на процесите за квалитет во самата организација со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите и останатите регулативни услови. Не е поврзан со квалитетот на производите. Пронајдете листа на локации со ISO 9001. Пронајдете листа на Océ локации со ISO 9001.

  Горе

ISO 27001

Canon Europe го стекна сертификатот ISO 27001 за својот систем за управување со безбедноста на информациите, со што ги уверува потрошувачите дека се придржуваме до светските стандарди. ISO 27001 ги опфаќа сите аспекти за безбедност на информациите од ризици и врши ревизија на управувањето со безбедноста на производот и управувањето со непредвидени ситуации.

  Горе

Кодекс на однесување

Сите вработени лица во Canon мора да го почитуваат нашиот групен Кодекс на однесување. Тој обезбедува законска рамка која ни овозможува да ги исполниме правните и етичките деловни обврски. На овој начин се поставуваат стандарди за одговорно однесување на вработените во области како заштита на доверливи информации па сè до забрана на несоодветно однесување. Сето ова е поткрепено со дополнителни политики за работното место низ регионот EMEA.

  Горе

ISO 14001

Компанијата Canon освои глобален сертификат за строгиот ISO 14001 стандард за еколошко управување уште во 2007 година, а нејзината цел е континуирано подобрување на сите свои локации. Приближно 200 градови во 25 земји во регионот EMEA имаат сертификат во моментот. Движејќи се напред, во согласност со процесот за интеграција на Océ, одредени локации ќе го добијат глобалниот сертификат на Canon.

  Горе

Еколошка набавка

Ние започнавме програма за еколошка набавка во регионот EMEA уште во 2008 година, со цел да се осигураме дека набавуваме безбедни материјали и компоненти. Од испорачувачите се бара да проверат дали се усогласени со соодветните регулативи и да ги следат нивните испорачувачи. Постојат регулативи со опсег од опасни хемикалии до градежно дрво.

Ние ги ревидираме нашите испорачувачи врз основа на пресметките на ризици. Ние го ажурираме прашалникот за испорачувачи во согласност со промените на одредени регулативи. Новите испорачувачи мора целосно да го пополнат прашалникот и може да се квалификуваат за ревизија; од тековните испорачувачи се бара да потврдат дека се усогласени со сите изменети регулативи.

Заедно со набавувачите, работиме во сите области кои треба да се подобрат. Тоа ни помага да се осигуриме дека деловите и производите кои ги купуваме се усогласуваат со сите важни закони на Европската Унија, како и глобалната програма за еколошка набавка на Canon, со цел да ги заштитиме потрошувачите од опасни хемикалии. Дознајте повеќе за глобалната програма за еколошка набавка на Canon.

  Горе

Патенти

Ние секоја година регистрираме сè поголем број на патенти во регионот EMEA, со цел да ги заштитиме нашите нови производи и пронајдоци. Во нив спаѓаат хардвери и софтвери, потрошни материјали, оптички производи, медицински уреди и софтвери за управување со печатењето и скенирањето. Кога е соодветно, ние ги спроведуваме нашите патенти во EMEA против трети лица кои ги прекршуваат нашите права.

Бидејќи нашиот бизнис се проширува преку набавки и преку нови пазари, потребата да се заштити иновацијата и развојот кој потекнува од EMEA се зголемува па преземаме чекори со кои што ќе дојдеме во пресрет на овие предизвици.

  Горе

Спречување на фалсификати

Ние работиме енергично на отстранувањето од продажба на фалсификати или „лажни” производи на Canon. Нашиот внатрешен интелектуален тим за сопственост работи со полицијата, царините, агенциите за трговски стандарди и национални и интернационални организации со цел да се спречи влегување на фалсификат производи на Canon на пазарите. Тоа ни помага да го заштитиме нашиот бренд и репутација, како и да ги заштитиме нашите потрошувачи. Фалсификат производите на Canon се нелегални и користењето на такви производи може всушност да биде штетно за клиентите. Исто така, фалсификатите најверојатно не се усогласени со еколошките закони како WEEE и REACH. Прочитајте повеќе за иницијативи против фалсификати и информации за паралелни производи.

  Горе

Минерали од Демократската Република Конго

Ве молиме погледнете ги информациите на веб-страницата на Canon Inc.

  Горе

Инвеститорски односи

Ве молиме посетете го нашиот веб-сајт за односите со глобалните инвеститори за да дознаете повеќе информации.

  Горе

Вработени

Ние очекуваме високи стандарди од нашите вработени и им нудиме безбедно опкружување за работа и подеднакви можности. Располагаме со голем број на политики и примени за да бидеме сигурни дека правилно се однесуваме кон нашите вработени и работиме на одговорен начин, вклучувајќи фер конкуренција, подароци и забава, социјални медиуми и спречување на мито и корупција. Овие политики им помагаат на вработените да ги разберат важните процедури и прифатливото однесување. Прочитајте повеќе за нашите политики за работните места и можностите за кариера.

  Горе

Управување со ланецот на испорачувачи

Кодексот на однесување на Canon за испорачувачи во регионот EMEA им налага на сите испорачувачи да работат во согласност со меѓународните стандарди на трудот, човековите права и животната средина. Кодексот е инкорпориран во нашиот прирачник на Општи правила и услови за набавка (General Purchase Terms and Conditions).

Ве молиме погледнете ја и политиката за набавка на Canon Inc. и упатствата за испорачувачите во поглед на човековите права, вработувањето на деца, етичко, чесно и општествено деловно работење.

  Горе

Спречување на мито и корупција

Пронајдете повеќе информации за нашите политики за работните места.

  Горе

Подароци и забава

Пронајдете повеќе информации за нашите политики за работните места.

  Горе

Фер конкуренција

Сите вработени задолжително посетуваат обука, поддржана со мрежа на национални правни советници кои можат да понудат совети во оваа област.

  Горе

Односи со акционери

Ние комуницираме и соработуваме со голем број акционери – од оние кои ги користат нашите решенија и услуги, па сè до оние кои ни помагаат да ги создадеме и испорачаме. Дознајте повеќе за нашите акционери. Односи со акционери

  Горе

spacer
					image
Деловно работење
Директива WEEE
REACH регулатива
Директива за батерии
ISO 9001
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост