Декларација на Canon за регулативата REACH EC No 1907/2006

Јануари 2018 година

Регулативата REACH (EC 1907/2006) стапи на сила на 1 јуни 2007 година за да го подобри начинот на кој хемикалиите се користат самостојно, во подготовки и во производи¹ низ Европа.

Во согласност со посветеноста на групацијата Canon за одговорност кон животната средина, ние имаме проактивен пристап во обезбедувањето на континуирана усогласеност со сите наши обврски според REACH.

Информации за супстанци за кои постои загриженост (SVHC)
Листата на кандидати со супстанци за кои постои загриженост, според членот 59 од REACH, за прв пат беше објавена на 28 октомври 2008 година, а се ажурира приближно на секои 6 месеци. Тековната верзија на листата на кандидати може да се најде на веб-страницата на Европската агенција за хемиски средства.

Ланецот на испорака на компанијата Canon Europe подлежи на нашата најстрога програма за еколошки набавки и ние бараме од нашите испорачувачи да ни достават детални информации за присуството на супстанци, вклучувајќи и SVHC, во материјалите што ни ги доставуваат. Редовно ја ажурираме нашата анкета за испорачувачи за да ги опфатиме промените во глобалното законодавство кои можат да влијаат на нашите производи (т.е. електрични и електронски производи), а вршиме и ревизии на листата на кандидати.

Како произведувачи и испорачувачи на производи, според Член 33 од регулативата REACH, ние имаме обврска да ве информираме за присуството на SVHC кое ја надминува границата од 0,1% тежина во однос на вкупната тежина. Во случај да добиеме нови информации кои ќе предизвикаат преземање на дополнителни мерки, ние ќе ги информираме нашите корисници преку овој веб-сајт, колку што е можно побрзо.

Производ со декларација од Canon
Супстанциите кои се наведени подолу може да бидат содржани во производи од Canon и да ја надминуваат границата:


Име на супстанција CAS/EC број Производ Апликација
Bis (2-етил(хексил)фталат) (DEHP) 117-81-7 PVC кабли Пластификатор
Борна киселина 10043-35-3/11113-50-1 Фотохартија Вкрстувач
Дисодиум тетраборат, содржи вода 1303-96-4/1330-43-4/12179-04-3 Отпадни делови кои апсорбираат мастилоФото-хартија Отпорни на оганВкрстувач


Производ со декларација од Océ
Супстанциите кои се наведени подолу може да бидат содржани во производи од Océ и да ја надминуваат границата.

Име на супстанција CAS/EC број Вид на дел Користи Вид на печатач
Олово титаниум циркониум оксид (PZT) 12626-81-2 Глава на печатач Пиезоелектрични материјали во главата на печатачот Пиезоелектрични инк-џет печатачи
Олово моноксид 1317-36-8 Мотор/вентилатор   Печатачи ColorWave
Диборон триоксид 1303-86-2 Мотор/вентилатор Отпорни на оган Печатачи за широки формати
N,N-диметилацетамид (DMAC) 127-19-5 мотор   Печатачи Arizona
UV-328 25973-55-1 мотор апсорбери на ултравиолетова светлина во пластиката Печатачи Arizona
UV-320 3846-71-7 мотор апсорбери на ултравиолетова светлина во пластиката Печатачи Arizona
DEHP 117-81-7 мотор пластификатор Печатачи Arizona
Хексахидрометил-фтален анхидрид 25550-51-0 Електронски компоненти Средство за сврзување Неколку


Документи со безбедносни информации (SDS)
На крајните корисници им доставуваме документи со безбедносни информации (SDS) за нашите мастила, тонери и услужни хемикалии за да го информираме ланецот на испорака за безбедно користење и депонирање.

Ве молиме искористете ги линковите подолу за да пристапите до SDS:

За производи од Canon: http://www.canon-europe.com/sds/
За производи од Océ: http://downloads.oce.com

Понатамошни информации
Доколку имате прашања, ве молиме обратете се на CEU-Reach@canon-europe.com.

За повеќе информации за REACH, ве молиме посетете ја веб-страницата на Европска агенција за хемиски средства.

Одрекување на одговорност
Сите информации во оваа изјава се обезбедени според тековната информираност на Canon во времето на нејзината подготовка. Оваа изјава е објавена само за информативна намена. Canon ги објавува овие информации без никаква гаранција, ниту директна ниту индиректна, вклучувајќи, но и не ограничувајќи се со гаранции за практична намена. Canon не гарантира дека содржината нема да содржи грешки.


¹ Производ дефиниран според регулативата REACH (EC)1907/2006

spacer
					image
Деловно работење
Директива WEEE
Директива за батерии
ISO 9001
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост