Животна средина – заштита на животната средина и поддршка за нашите потрошувачи

Ние ги дизајнираме нашите производи земајќи ја предвид животната средина и често користиме рециклирани материјали. Ја минимизираме енергијата која ја користат нашите производи додека функционираат, така што потрошувачите заштедуваат ресурси, а ние предвидуваме како можат да бидат произведени, повторно употребени или рециклирани по завршување на нивниот век на траење. Со максимизирање на ефикасноста на ресурсите, ние ја намалуваме количината на нови природни ресурси кои им се потребни на нашите производи.

Потврдувајќи дека две третини од емисиите на CO2 за време на животниот циклус на производот се поврзани со користењето на производите од страна на потрошувачите и суровините и деловите кои ги произведуваат испорачувачите, ние нудиме сè подобри услуги и решенија кои ќе им помогнат на нашите потрошувачи да работат поефикасно. Тоа ќе им помогне да го намалат сопственото штетно влијание врз животната средина, а истовремено ќе уживаат во иновативни и безбедни производи и ќе заштедат пари. Дознајте повеќе за нашите решенија и услуги.

Произвeди - Користи - Рециклирај
Ние се водиме според пристапот "ПроизвeдиКористиРециклирај" за сите наши производи.

Процесот Произвeди-Користи-Рециклирај на Canon

Ние преземаме одговорност за влијанието кое го предизвикуваат нашите активности и нивниот ефект врз животната средина, во согласност со нашата корпоративна филозофија Kyosei. Нашата еколошка повелба [PDF 114KB] дава краток преглед за клучните чекори кои ги преземаме за да постигнеме баланс помеѓу одржливиот развој и просперитет, одговорно користење на ресурсите и намалено штетно влијание врз животната средина. Овие активности помагаат во ублажување на климатските промени.

Во нашите канцеларии и при деловните операции имаме за цел да го минимизираме нашето влијание преку усвојување на стандардни политики низ регионот EMEA. Прочитајте повеќе за нашите деловни операции.

Награди
Нашите напори да го намалиме нашето влијание врз животната средина и да помогнеме во ублажувањето на климатските промени се признаени со повеќе награди:
• Нашите поени според Climate Counts изнесуваат 66/100.
• Ние сме на 29-мото место во Најдобрите глобални еколошки брендови за 2012 година според Interbrand.
• Според Институтот за реноме, ние сме на 9-мото место во неговата листа за Најреномирани компании во светот (2012 година)

Извештај за одржливост за регионот EMEA на Canon за 2013 година
Погледнете глосар за еколошки термини.
Дознајте на кој начин компанијата Canon го поддржува општеството и ги исполнува своите општествени обврски.

Дознајте на кој начин компанијата Canon се усогласува со законите и регулативите за организациско управување.

spacer
					image
Животна средина
Произведи
Користи
Рециклирај
Операции
ISO 14001
Глосар
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост