Произведување – дизајнирање на одржливи производи

Нашата најголема посветеност кон животната средина е да создадеме поголема вредност од помалку ресурси. Ние ги дизајнираме производите земајќи ја во предвид животната средина така што, од самиот почеток на процесот за создавање на производите, ние се обидуваме да ја намалиме големината на производите, да ги намалиме новите сурови материјали и да вградиме рециклирани и обновливи материјали. Овие, како и многу други активности кои ги преземаме, помагаат во спречување на климатските промени.

На пример, нашата палета imageRUNNER ADVANCE содржи рециклирана пластика и биопластика, а неколку наши калкулатори се произведуваат од пластика која е рециклирана од материјали на Canon.

Canon инвестира годишно повеќе од 8% од своите продажби во одделот за истражување и развој на светско ниво. Користејќи напредна технологија, ние ја избегнуваме потребата од создавање прототип производи, но сепак може да ги процениме и вградиме подобрувањата во дизајнот. Ние развивме метод за поставување на цели за намалување на CO2 во фазата на дизајнирање, кој го опфаќа секој дел од животниот циклус на производот, вклучувајќи го и производството и употребата. Кај нашата серија imageRUNNER ADVANCE, тоа резултираше со значителни заштеди на енергија при користењето, а ние започнавме да објавуваме емисии на јаглерод за животниот циклус на некои производи http://www.cfp-japan.jp/english/list/.

Договор за волонтирање на Европската Унија

Намалување на опасните супстанции

Создавање на обновливи материјали

Помали производи, полесно пакување

Европско производство

Договор за волонтирање на Европската Унија

Canon потпиша договор за волонтирање (VA) за подобрување на еколошките перформанси на опремата за обработка на слика во јуни 2011 година. Оваа самостојна регулативна иницијатива е поттикната од производителите на опрема за обработка на слика, а доби поддршка од Европската Комисија во јануари 2013 година и има улога на регулатива за обврзување. Според VA, сите 16 потписници се обврзаа дека барем 90% од сите модели на опрема за печатење кои ги пласираат на пазарот ќе се усогласат со условите за минимална ефикасност во поглед на TEC (типичната потрошувачка на енергија) и OM (режимот на работа). Оваа мерка налага цели за намалување на емисиите на јаглерод при печатење и копирање во ЕУ. VA се однесува на аспектите за користење на мастило, тонер и хартија, како и нивното рециклирање.

Договорот вклучува силна посветеност кон енергијата (Energy Star®), заштедата на хартија (овозможено двострано печатење како зададено подесување) и информациите за опциите по завршување на рокот за употреба на потрошните материјали. Според договорот, производителите треба да понудат и конкретни совети на корисниците за одговорно користење на хартијата за печатење.

Дознајте повеќе за договорот за волонтирање на ЕУ.

  Горе

Намалување на опасните супстанции

Ние ги дизајнираме нашите производи за да ги исполниме или да ги надминеме сите релевантни регулативи, доведувајќи го нивото на опасни супстанци на дозволена граница наведена во директивата за ограничување на опасни супстанци (RoHS) и регулативата REACH. Во некои случаи, ние ги надминуваме дозволените услови преку целосно елиминирање на опасните супстанции. На пример, медицинските производи на Canon ги исполнуваат предусловите на RoHS уште од 2005 година, и покрај тоа што регулативата RoHS не започна да се применува на медицинска опрема сè до 2014 година. Дознајте повеќе за нашите производи за медицинска опрема.

Ние се придржуваме и до програма за еколошки набавки, проверувајќи и следејќи ги супстанциите во производите кои ги купуваме од нашите испорачувачи. Дознајте повеќе за нашата програма за еколошки набавки.

  Горе

Создавање на обновливи материјали

Ние проценивме дека оваа нова пластика може да ги намали емисиите на CO2 поврзани со производството до 20% во споредба со конвенционалната пластика. Нашите дигитални печатачи imagePRESS C7010VP и imagePRESS C6010 содржат делови од биопластика.

  Горе

Помали производи, полесно пакување

Picture_updated_orange banner_2013Намалувањето на големината и тежината на производите, без да има влијание врз нивното функционирање, и засилувањето на куќиштето ги намалува ресурсите и средствата кои ни се потребни или ја намалува тежината на пакувањето. Исто така, ние го намалуваме и пакувањето, онаму каде што е можно. Овие две функции помагаат во подобрување на ефикасноста при оптоварување и испорачување на нашите производи и заштедуваат CO2. Прочитајте повеќе за начинот на кој ја подобруваме логистиката.

На пример, во споредба со MP540 од 2008 година, серијата PIXMA MG5500 промовирана во 2013 година е 22% полесна, 4% помала и за неа се потребни 12% помалку материјали за пакување.

Пакувањето на некои инк-џет картриџи е намалено за приближно 50% во тежина, а повеќето се пакуваат во картон, што овозможува лесно рециклирање од страна на потрошувачите. Таму каде што инк-џет картриџите се пакувани во пластични пакувања, пакувањата се изработени од најмалку 70% рециклирана пластика.

Прочитајте повеќе за активностите за рециклирање.

  Горе

Европско производство

Од историска гледна точка, производството во Европа се фокусира главно на нашата програма за рециклирање на картриџи со тонер за ласерски печатачи во Canon Bretagne и производство на нови фабрички произведени модели во Canon Giessen. Производите кои се продаваат во регионот EMEA се произведуваат во Азија, Канада, Холандија и Германија. Сите глобални процеси за производство, вклучувајќи ги и оние на Océ и Optopol, поднесуваат извештај директно во Canon Inc.

Во најновите купувања во Европа спаѓаат и DelftDI, NT-ware, Milestone и I.R.I.S. Group, кои создаваат софтвер и решенија. Овие купувања ни помогнаа да внесеме разновидни опции и да ги зајакнеме нашите услуги кои ги нудиме на потрошувачите, со цел да го зголемиме развојот во иднина. На пример, со купувањето на Milestone значително ќе ги подобриме нашите софтверски можности во областа на мрежен видео надзор.

  Горе

spacer
					image
Животна средина
Користи
Рециклирај
Операции
ISO 14001
Глосар
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report