Рециклирање - придонесува за циркулирање на економијата

За да ги зачуваме ограничените природни ресурси и да помогнеме во ублажување на климатските промени, преземавме одговорност да ги рециклираме и повторно да ги употребуваме материјалите, деловите и компонентите. Спроведуваме повеќе програми кои ни овозможуваат повторно да ги користиме и да ги рециклираме ресурсите, со што го намалуваме штетното влијание врз животната средина и нудиме одржливи производи на нашите потрошувачи.

За да добиете листа со нашите еколошки термини, погледнете го нашиот глосар.

Договорот за волонтирање на Европската Унија за еколошки перформанси на опремата за обработка на слика, кој го потпиша компанијата Canon, вклучува обврски за обезбедување на информации за опциите по завршување на рокот за употреба на потрошните материјали.

Ние преземаме чекори за рециклирање и обновување на производите и материјалите во многу области.

Отпадни материјали

Шишиња со тонер

Инкџет картриџи

Рециклирање на картриџите со тонер

Нови фабрички произведени модели

Реновирање

Крај на векот на траење

Отпадни материјали

Ние повторно ги користиме отпадните материјали од нашите производи и создаваме нови производи за да заштедиме ресурси. На пример, ние ја рециклираме пластиката од вратените уреди за создавање на нови производи како што е палетата imageRUNNER ADVANCE и куќиштата за нашата палета на калкулатори. А пластичните пакувања на нашите инк-џет картриџи се изработени од најмалку 70% рециклирана пластика.

  Горе

Шишиња со тонер

Ние немаме пан-европска програма за враќање и рециклирање на шишиња со тонер. Ве молиме обратете се кај вашата национална канцеларија на Canon за да добиете информации која услуга за рециклирање на шишиња со тонер ја нуди Canon во вашата земја. Или, пак, проверете во вашата локална градска канцеларија или властите за отпад за да ги дознаете методите за отстранување кои се препорачуваат. Во повеќето случаи, шишињата со тонер можат да се рециклираат заедно со останатите видови на пластика, бидејќи не содржат опасни материјали и се намалува штетното влијание врз животната средина од локалното рециклирање.

  Горе

Инкџет картриџи

Имаме Панeвропска програма за враќање на инкџет картриџи која оперира во 15 земји Повеќе од 97% од секој картриџ се рециклира во други производи преку одобрен партнер за рециклирање. Дознајте како да ги рециклирате вашите инкџет картриџи.

  Горе

Рециклирање на картриџите со тонер

tcrp25th_logo_c

Canon е првата компанија која воведе програма за рециклирање на картриџите со тонер за ласерски печатачи, во 1990 година. Секоја година собираме приближно 20.000 тони картриџи за тонер глобално, со што заштедуваме 30.000 тони јаглероден диоксид и ја елиминираме потребата од 15.000 тони нови сурови материјали. Прочитајте повеќе за рециклирањето кое го вршиме 25 години.

Програмата која е усогласена со WEEE се спроведува во 18 земји низ Европа. Потрошувачите може да ни ги вратат своите користени картриџи бесплатно. Потоа, картриџите 100% се искористуваат или рециклираат во нови картриџи, користејќи затворен процес. Тоа ни овозможува континуирано да ги искористуваме материјалите од картриџите со тонер без намалување на квалитетот на пластиката. Дознајте како да ги рециклирате вашите картриџи со тонер за ласерски печатачи.

Затворен провес на рециклирање на картриџите со тонер

  Горе

Нови фабрички произведени модели

FPNM уредот (порано познат како повторно произведен) претставува ново дополнување на оригиналниот модел создаден од нови и постоечки делови. Оригиналната опрема се набавува од пазарот, се испраќа во фабриката на Canon и се расклопува комплетно. Расклопените делови се чистат темелно и детално се тестираат, а потоа секоја склопена машина минува низ истите процеси за гаранција на квалитет како новопроизведен уред, со што се гарантира дека ќе има ист квалитет и исти перформанси како и оригиналната машина.

До 93% од тежината на деловите повторно се користи, заштедувајќи вредни ресурси и минимизирајќи го влијанието врз животната средина. Старите податоци се бришат, софтверот се надградува, се доделува нов сериски број и бројачот се враќа на нула. Уредите се продаваат низ Европа, Средниот Исток и Африка.

Погледнете ја нашата FPNM брошура.

Погледнете видео запис за нашите FPNM уреди.

Погледнете ја дефиницијата на Canon за нови фабрички произведени модели.

Océ Premia Class уредите, во кои спаѓаат производствени печатачи и печатачи за широки формати, минуваат низ сличен процес, со цел да се минимизира отпадот и да се овозможи повторно искористување на компонентите, давајќи им втор работен век на машините.

  Горе

Реновирање

Реновирањето е поедноставен процес од процесот за создавање нови фабрички произведени модели. Тоа го вршат нашите национални организации за продажба во посебни земји. Се врши обновување на уредот преку замена или чистење на истрошените делови, правејќи го подготвен за повторна продажба во истата земја. Погледнете ја дефиницијата за реновирање на Canon.

  Горе

Крај на векот на траење

Во Европската Унија (ЕУ), производителите треба да овозможат одговорно отстранување на производите кои ги продаваат на пазарот по завршување на нивниот век на траење со потрошувачите. Оваа дополнителна одговорност на производителот се имплементира преку три ЕУ директиви, за да се избегне отпад и да се спречат сите штетни влијанија од опасните супстанци кои производите може да ги содржат. Дознајте повеќе за директивите кои опфаќаат отпад од електрична и електронска опрема,батерии и акумулатори и пакување.

Покрај ЕУ директивите, уште во 2011 година, Canon го потпиша Договорот за волонтирање на ЕУ за да ги подобри еколошките перформанси на опремата за обработка на слика. Ова Европската комисија го прифати како еквивалент на обврзувачка регулатива во 2013 година која нè обврзува да обезбедиме информации за опциите по завршување на рокот за употреба на потрошните материјали.

  Горе

spacer
					image
Животна средина
Произведи
Користи
Операции
ISO 14001
Глосар
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report