Користи – заштедување ресурси и заштедување пари

Нашите потрошувачи заштедуваат ресурси и пари, а воедно го намалуваат и нивното влијание врз животната средина при користење на нашите производи, услуги и решенија. Иновациите и подобрувањата им овозможуваат на нашите производи да користат помалку енергија и помалку хартија кога потрошувачите ги користат достапните функции. На тој начин се заштедуваат ресурси и се избегнуваат емисиите на јаглен диоксид – од повеќефункционални уреди па сè до канцелариски калкулатори.

Според договорот за волонтирање на Европската Унија за еколошки перформанси на опремата за обработка на слика кој го потпиша компанијата Canon, ние навистина се посветуваме на заштедувањето енергија и пари.

Заштедува енергија

Заштедување на ресурси

Заштедување на јаглен диоксид

Заштедување на време

Заштедува енергија

Поголемиот дел од производите на Canon се квалификуваат за сертификатот Energy Star®. Тоа значи дека нивната типична потрошувачка на електрична енергија (TEC) е една од најефикасните. Ние освоивме многу награди за “Исклучително достигнување” за енергетската ефикасност на нашите уреди од Buyers Laboratory LLC (BLI) вклучувајќи ја и наградата “A4 MFP Line of the Year” од зимската серија на награди во 2014 година, како и многу други индивидуални награди. Дознајте повеќе тука.

Голем број производи од Canon се означени и со ознаката Blue Angel (Der Blaue Engel) кој се применува во Германија. Тој се применува за конфигурации со стандардни уреди. Вашата национална канцеларија на Canon може да ве советува за одредени услови.

Технологијата за фиксирање по потреба на Canon (фиксирање на тонерот на хартијата) заштедува енергија. Нашата палета imageRUNNER ADVANCE користи специјален филм за фиксирање и керамички грејач кој веднаш загрева и нуди побрз одзив од режим на мирување, брзо печатење на првата страница и значително намалена потрошувачка на енергија – до 80% помалку кај некои модели, во споредба со конвенционалните системи со прицврстување на валјаци.

Нашите модели на PIXMA се 100% квалификувани за сертификатот Energy Star® бидејќи се одликуваат со едни од нaјниските вредности во режим на мирување.

Во нашата палета на калкулатори, некои функционираат само на соларна енергија, а останатите имаат можност за подесување на автоматско исклучување за да заштедите енергија во батеријата.

  Горе

Заштедување на ресурси

Слика_портокалов плакат_КористиНашите производи, услуги и решенија ќе им помогнат на потрошувачите да заштедат ресурси на многу начини. Услугата за управување со печатењето ги открива заштедувањата кои можат да ги постигнат потрошувачите во нивното опкружување, додека деловните услуги на Canon ги надминуваат услугите за печатење и управување со документи и се фокусираат на управување со информации, медиуми и дигитални процеси низ повеќе канали.

Хартија: функциите на производите и софтверските решенија им помагаат на нашите потрошувачи да управуваат со нивните потреби за печатење и истовремено да заштедат ресурси.

  • Со подесување на зададеното двостраното печатење (две страни) заштедува до 50% хартија. Според договорот за волонтирање на Европската Унија (EUVA) кој го потпиша компанијата Canon, од 1 јануари 2012 година кај сите уреди од овој вид беше вградено двострано печатење како зададена опција.
  • Печатење на две или повеќе страници на секоја страна од хартијата (печатење 2 во 1, 4 во 1, N-нагоре) заштедува уште повеќе хартија. Според EUVA, печатењето со N-нагоре листови е стандардна функција.
  • Поставувањето на опцијата црно-бело како зададена го спречува непотребното трошење на мастило.
  • Користењето на безбедно печатење (кога сопственикот на документот е препознаен од страна на печатачот) го спречува натрупувањето на отфрлени документи за печатење кај печатачот, вклучувајќи и доверливи документи, и ја подобрува безбедноста на информациите.
  • Дигиталното споделување на документи – без печатење – заштедува уште повеќе хартија. Дознајте за решенијата за документи на Canon.
  • Некои PIXMA уреди на Canon имаат еколошки параметар кој прикажува колку корисникот ќе заштеди хартија, енергија и CO2 доколку користат правилни подесувања за печатењето.

Ние се придржуваме до одговорна политика за набавка на хартија и водиме потполна евиденција за целата наша мрежа за дистрибуција на хартија. Сертифицираните класи на хартија и рециклирана хартија претставуваат 86% од набавката на хартија во 2013 година, а во некои земји на корисниците им се нуди хартија која не содржи јаглерод. Нашите залихи на хартија се усогласени со ЕУ регулативата за градежно дрво.

Мастило: кај моделите на PIXMA, одделните резервоари за мастило овозможуваат помало трошење на мастило, бидејќи секој резервоар може одделно да се замени. PIXMA и некои наши печатачи за големи формати (LFP) користат мастило базирано на вода. Бидејќи не содржат растворливи својства, тие имаат мало влијание врз животната средина. Резервоарите за мастило LFP имаат и под-резервоар кој овозможува целосно искористување на картриџот за мастило пред да биде заменет, а тука е и економичниот режим за важно печатење со помалку боја, заштедувајќи речиси 20% мастило во просек.

Дознајте повеќе за нашите PIXMA модели и нашите печатачи за големи формати.

Тонер: нашите картриџи со тонер за ласерски печатачи можат целосно да се рециклираат, употребувајќи ги нивните ресурси постојано за максимална ефикасност. Дознајте за нашата програма за рециклирање на картриџи со тонер за ласерски печатачи, која е во согласност со WEEE и се спроведува во 18 европски земји, и како да ги рециклирате вашите искористени картриџи со тонер. Ние спроведуваме и европска програма за собирање на инк-џет картриџи во 15 земји.

Нови фабрички произведени модели (FPNM): дознајте како Canon ги создава новите фабрички произведени модели за да им овозможи на повеќефункционалните печатачи втор работен век. 

Погледнете ја нашата FPNM брошура.

Погледнете видео запис за нашите FPNM уреди.

Дознајте за обврските на Canon за производите со поминат век на траење.
Погледнете ја дефиницијата на Canon за нови фабрички произведени модели.

  Горе

Заштедување на јаглен диоксид

Поефикасното печатење, користењето помалку енергија и прилагодувањето на опциите за печатење овозможуваат намалување на CO2 емисиите. Во Австрија, Германија, Холандија и Швајцарија, Canon оди уште еден чекор подалеку со тоа што нуди печатење со неутрален јаглен на потрошувачите кои ќе купат или изнајмат нов imageRUNNER ADVANCE уред. Во понудата е вклучено неутрализирање на сите CO2 емисии при печатењето и сервисирањето. Дознајте за печатење со неутрален јаглен од Canon Austria.

  Горе

Заштедување на време

По инсталацијата, нашата e-Maintenance услуга им овозможува на потрошувачите да добијат побрза поправка бидејќи нивниот уред може далечински да се одржува. На овој начин се заштедува CO2 емисии и од посетата на инженерот.

  Горе

spacer
					image
Животна средина
Произведи
Рециклирај
Операции
ISO 14001
Глосар
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report