Општество – општествено одговорно деловно работење

Нашата цел е да ги исполниме нашите корпоративни општествени обврски кон сите наши акционери. Нашата филозофија Kyosei е нашата визија за сите луѓе, без оглед на расата, политичката определба, полот, способноста, религијата или културата, со цел да живееме и работиме заедно во хармонија.

Тоа вклучува:
• Почитување на нашите потрошувачи
• Помагање на нашите вработени
• Поддржување на заедниците во кои работиме
• Намалување на нашите влијанија врз животната средина.

Нашите акционери имаат улога на инвеститори, невладини организации и потрошувачи, локални заедници, вработени и испорачувачи. Ние имаме обврски кон секоја група и мора да работиме за да ги исполниме нивните очекувања и нашите задолженија кон нив. Ние им помагаме на нашите вработени да ја сфатат нивната улога во поддржување на деловното работење, стремејќи се да работиме на чесен и етички начин и истовремено да промовираме одржлив економски развој.

Ние соработуваме со организациите, поединците и заедниците во кои работиме, помагајќи им да се справат со општествените и здравствените проблеми и промовирајќи здравје и создавање на придонеси. Ние инвестираме во локални и регионални проекти и ги остваруваме нашите корпоративни општествени обврски во заедниците од кои зависиме.

Области во кои нудиме поддршка
Нашето спонзорство и партнерство опфаќаат пет области. Тие нè отсликуваат како компанија за обработка на слики и ја отсликуваат нашата корпоративна филозофија.

  • Уметност и култура: вклучувајќи спонзорство на Модните недели во Лондон, Милано и Париз, како и лондонскиот симфониски оркестар
  • Спорт: во регионот EMEA, ние сме долгорочен спонзор на фудбалот, а спонзори на ISU уметничко лизгање и IAAF светското првенство во атлетика ќе бидеме до 2016 година
  • Образование и наука:Фондацијата Canon промовира културно и научно разбирање помеѓу Европа и Јапонија
  • Хуманитарност: нашата поддршка преку Црвениот крст е во вид на донации за олеснување на напорите во случај на огромни катастрофи и помагање на младите лица со посебни потреби

Понатамошни информации

Што претставува Kyosei?
Прочитајте повеќе за нашите регионални проекти.
Прочитајте повеќе за нашите локални проекти за поддршка.
Дознајте повеќе за нашите политики за работните места и поддржување на вработените.
Дознајте на кој начин компанијата Canon ги намалува влијанијата врз животната средина.
Дознајте на кој начин компанијата Canon се усогласува со законите и регулативите за економско и деловно управување.
Извештај за одржливост за регионот EMEA на Canon за 2013 година

spacer
					image
Општество
Регионално
Локално
Работно место
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report