Работно место – политики за работното место и најдобра пракса

Нашата цел е да работиме деловно на чесен и етички начин и да оддадеме признание на значајниот придонес од нашите вработени за успехот на нашето деловно работење и нашиот одржлив економски развој. Нашата цел е да станеме претпочитан работодавец во нашиот сектор, кој обезбедува безбедно работно опкружување и чесна работа. За возврат, очекуваме нашите вработени и изведувачи да ги следат нашите политики и постапки за да бидеме во согласност со релевантните закони и регулативи и да работиме деловно на одговорен начин.

Вработени
Ние вработуваме 17.000 луѓе низ Европа, Средниот Исток и Африка. Онаму каде што е изводливо, во зависност од локалните закони и регулативи, ние применуваме пан-европски политики и постапки. Тие ја поддржуваат доследноста на условите и очекувањата од работниот однос.

Разговори со вработените

Вреднување, развој и оддавање признание

3 самостојни особини (San-Ji)

Разновидност и културна свест

Пракса на работното место

Политики

Разговори со вработените

Picture_updated_orange banner_2013Ние спроведуваме анкети за посветеноста на вработените на 16 јазици преку независна надворешна организација. Дел од прашањата се како менаџерите ги мотивираат и информираат вработените, дали вработените мислат дека компанијата Canon е добро место за работа и дали вработените сметаат дека компанијата Canon претставува општествено одговорна компанија. Најчесто одзивот на вработените е приближно 70%, а деловните оддели создаваат планови со активности кои ќе се посветат на најважните проблеми кои се препознаени.

Започнавме тригодишна програма за подиректна интеракција со вработените при развивањето на нашето деловно работење. Повеќе детали може да најдете во нашиот извештај за одржливост.

При процесот за интеграција со Oce, спроведовме анкета за следење во првите земји кои го започнаа процесот на интеграција за да видиме кои се добрите страни и што можеме да подобриме. Потоа повратните информации од вработените се претворија во обуки и дела кои се применија во процесот за следните земји.

Претставниците на вработените се поканети да се придружат на Европскиот комитет за консултации на Canon. Комитетот е составен од претставници на вработените во компанијата Canon и управниот одбор на компанијата Canon кои разменуваат информации и мислења, на европско ниво, во врска со тековниот статус и идниот напредок на деловното работење на Canon Europe.

Во зависност од законите кои се усвоени во земјите каде што работиме, кои секако имаат предност, вработените може да се организираат во синдикати и да учествуваат во колективно преговарање, доколку е соодветно. Нашата цел е да одржуваме барем минимален дијалог и комуникација со вработените.

  Горе

Вреднување, развој и оддавање признание

Новите вработени добиваат воведна програма изработена според нивното работно место. Нудиме поддршка за менаџерите, за да бидеме сигурни дека сите нови вработени ќе добијат информации за компанијата и нивните задачи како дел од нивната воведна програма.

Нашата политика наложува секој вработен да добие на годишно ниво најмалку еден формален состанок за вреднување со нивниот менаџер. Тогаш се оценуваат перформансите наспроти целите и вештините, користејќи стандарден систем за мерење.

Се изработува план за личен развој и обука. Ова се добива преку разни опции за учење вклучувајќи ја и Академијата на Canon со онлајн обука и менторство. Ние оддаваме признание на повеќе начини за придонесите на вработените, меѓу кои и награди за долгорочна услуга и нашите 3 награди за самостојни особини.

Доколку се јави потреба, постојат неколку процеси за поднесување жалби кои вработените можат да ги следат во согласност со локалната легислатива. На сличен начин, постојат и јасни дисциплински мерки, во случај да настанат проблеми во перформансите или однесувањето, секако во согласност со локалната легислатива.

  Горе

3 самостојни особини (San-Ji)

San-Ji spirit или 3-те самостојни особини даваат краток преглед на стандардите за лично однесување кое се очекува од вработените според Кодексот на однесување на Canon. Воведени се 3 награди за самостојни особини на национално и регионално ниво, годишно и на секои три месеци, за охрабрување и оддавање признание на 3 вида на однесување:

• Самостојна мотивација: преземање иницијатива и барање на решенија

• Самостојно управување: ефикасно лично планирање и организирање

• Самостојна свест: да се биде свесен за влијанието од сопствените постапки и зборовите упатени кон другите

  Горе

Разновидност и културна свест

Разновидноста е задолжителна во деловното работење на компанијата Canon и одговара на нашата филозофија сите луѓе да работат заедно за доброто на сите. Бидејќи работиме во многу различни земји и територии, вработените посетуваат обука за разновидноста. Тоа на сите им помага да ја разберат и вреднуваат разновидноста на луѓето, културите и нашето деловно работење.

Во европските главни седишта работат луѓе од преку 50 различни националности, што ја рефлектира нашата мултикултурна структура. Управниот одбор на компанијата се одликува со 8 различни националности.

Прочитајте повеќе за нашата Разновидност.

  Горе

Пракса на работното место

Без дискриминација: ние не вршиме дискриминација по етничка припадност, пол, религија, општествено потекло, инвалидност, политичка определба или полова определба. Не толерираме малтретирање во никаква форма.

Здравје и безбедност: ние нудиме безбедна работна средина со соодветна обука за вработените кои работат во опасни области или со хемиски супстанци. Ние ги охрабруваме вработените да уживаат во соодветен баланс помеѓу работата и животот.

Звучна сигнализација: ние применуваме звучна сигнализација која е достапна за сите вработени, која им овозможува анонимно да изразат загриженост за можно неправилно работење.

Кодекс на однесување:се очекува од сите вработени да го следат Кодексот на однесување на Canon Group. Тој ги поставува стандардите кои се очекуваат од нив, почнувајќи од заштита на доверливи информации па сè до забрана на несоодветно однесување, како што е заплашувањето.

Услови за работен однос: тие може да бидат различни во зависност од локалните закони и правила, вклучувајќи и трудничко боледување и татковски права, прекувремена работа, работни часови.
 
Човекови права и вработување на деца: компанијата Canon ги почитува човековите права на сите свои вработени. Ве молиме погледнете ја политика за набавка на Canon Inc. и упатствата за испорачувачите во поглед на човековите права, вработувањето на деца, етичко, чесно и општествено деловно работење. Canon Europe има кодекс на однесување за испорачувачи, кој е дел од нашите општи правила и услови за купување, и ги замолуваме нашите испорачувачи да се придржуваат до специфичните стандарди за однесување.Picture_UNGC logo

Canon Europe се пријави за иницијативата United Nations Global Compact (Јануари 2014 год.), обврзувајќи се на нејзините 10 универзално прифатени принципи во областа на човековите права, трудот, животната средина и борбата против корупција. 

Еколошката свест: ние ги обучуваме нашите вработени и лицата со договор на дело за еколошката свест преку задолжителна онлајн обука за да им помогнеме да ја разберат важноста која ја нагласуваме за намалување на нашите влијанија врз животната средина и како тоа се вклопува во нивното работно место. Погледнете повеќе информации за нашите еколошки активности.

Погледнете повеќе информации за нашите активности за управување.

  Горе

Политики

Со почитување на нашите политики, вработените можат да ѝ помогнат на компанијата Canon да работи деловно на чесен и етички начин.

Подароци/забава: вработените мора да се придржуваат до нашата политика во поглед на давање и примање подароци и забава.

Антикорупција: вработените мора да се придржуваат до нашата политика во поглед на антикорупцијата.

Општествени медиуми: за заштита на интегритетот на реномето и брендот на компанијата Canon, нашата политика за општествени медиуми ги советува вработените одговорно да ги користат општествените медиуми.

Користење на ICT (информатичка и комуникациска технологија): за заштита на нашата мрежа од злонамерен софтвер, нашата ICT политика јасно ја потенцира прифатливата и забранетата употреба на IT ресурсите на компанијата.

Чесна конкуренција: сите вработени задолжително посетуваат обука, а ние располагаме со мрежа на национални правни советници кои може да даваат совети на оваа тема.

Прочитајте повеќе за економските политики и политиките за управување на Canon.

Преземете го нашиот најнов извештај за одржливост

  Горе

spacer
					image
Општество
Регионално
Локално
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост
Canon Europe sustainability report