Извештаи за одржливост за Canon Europe и Canon Inc.

Регионалните извештаи за одржливост на Canon Europe ги вклучуваат операциите на Canon во Европа, Средниот Исток и Африка, опфаќајќи од еколошко управување па сè до поддршка на заедницата.

За нашиот регионален извештај за одржливост за EMEA во 2013 година на Canon, ние ќе ги примениме упатствата од Глобалната иницијатива за извештаи (GRI) со применливо ниво B. Прочитајте ја GRI табелата овде (само англиски).

Canon Inc., нашето главно седиште во Јапонија, издава еколошки извештаи уште од 90-тите години од минатиот век и годишни глобални извештаи за одржливост за Canon Group уште од 2003 година. Овие извештаи ги вклучуваат нашите еколошки цели, активности и резултати кои се поврзани со дизајнот и производството на производите, кои го намалуваат влијанието врз животната средина и кои им помагаат на нашите потрошувачи да заштедат енергија и други ресурси. Исто така, извештаите го опфаќаат економското и општественото влијание од активностите на Canon Group.

Извештаите за одржливост за Canon Europe и Canon Inc. се достапни за преземање подолу.

Canon EMEA Sustainability Report 2013 [PDF, 1.7 MB]
Canon EMEA Sustainability Report 2012 [PDF, 951 KB]
Canon Europe Sustainability Report 2011-2012 [PDF, 1.7 MB]
Canon Europe Sustainability Report 2010-2011 [PDF, 2.6 MB]
Canon Europe Sustainability Report 2009-2010 [PDF, 2.8 MB]
Canon Inc. Sustainability Report 2014 [PDF, 8.4 MB]
Canon Inc. Sustainability Report 2013 [PDF, 8.2 MB]

Копиите од претходните CINC извештаи се достапни тука.

spacer
					image
Одржливост
Животна средина
Општество
Деловно работење
Награди
Извештаи за одржливост