Accelerate, St. James’ Hospital improves health information management using Canon document solutions

Болница St. James: подобрување на продуктивноста и искуството на пациентите

Предизвикот

Како една од најголемите болници со предавања во Европа, болницата St James вработува над 3.500 лица како персонал и 110 консултанти во 11 клинички директорати и 10 оддели. Во неа се наоѓа најоптоварениот оддел за итна помош (ED) во Даблин, кој само во 2010 година примил 45.230 пациенти.

Во 1998 година, St James стана една од првите институции кои го усвоија системот за електронско управување со документи (EDM). Постапувајќи по советите од Canon, таа воведе систем за архивирање и пронаоѓање во нејзините оддели за итни случаи и социјална работа, за да го организира и рационализира огромниот обем на документи кои се генерирале.

Управувањето со документите претходно бил тежок процес, како што објаснува менаџерот за IT операции Marie Sinnott: „На пациентите им дававме физичка картичка со нивните информации. Потоа тие му ја даваа картичката на докторот, а тој им ја враќаше. Картичките се чуваа во кабинети. Со тоа се зголемуваше веројатноста за грешки, како што се загубата на датотеките, се зголемуваше периодот на чекање, и времето за консултации и третман.“

Во 2004 година St James почна да го проширува своето EDM портфолио, воведувајќи два SAP ERP модули за трансакциска обработка и управување на деловното работење. Меѓутоа, како што се сеќава Pat Bailey од одделот за поддршка на SAP системот во болницата: „Увидовме дека иако SAP модулите совршено си ја вршат работата за финансискиот оддел и одделот за човекови ресурси, има простор за напредок во поглед на складирањето, индексирањето и пронаоѓањето на датотеките.“

Accelerate, St. James’ Hospital improves patient experience using Canon document management solutions

Решението на Canon

По опширно истражување на пазарот, болницата го избра решението за управување со документи на Canon: „Тоа беше природен чекор напред, со оглед на тоа колку добро функционираше во другите оддели на болницата.“ Меѓутоа, Bailey се сеќава дека бил загрижен за еден технички аспект: „Колку и да е добро решението, дали може да се интегрира со SAP модулите? Одговорот беше да, без проблем.“

"Процесот на пронаоѓање порано изнесуваше од 5 минути до еден час. Сега буквално трае само неколку секунди."

Придобивки

Во одделот за итни случаи, придобивките биле видливи веднаш: „Со новото решение од Canon, картичката на пациентите се пополнува и се скенира само еднаш. Потоа докторот може да ја лоцира и дигитално да пристапи до неа само со кликнување на копчето. Процесот на пронаоѓање порано изнесуваше од 5 минути до еден час, во зависност од локацијата на складирање. Сега буквално трае само неколку секунди.“

Меѓутоа, Sinnott наскоро увидел дека оваа технологија е способна за многу повеќе од архивирање, брзо пребарување на датотеки и нивно пронаоѓање: „Капацитетот за складирање на решението е бесконечен. Подеднакво важно е и што решението е разновидно. Увидовме дека можеме да го користиме и за нашиот оддел за клиничко фотографирање. Всушност, стануваше очигледно дека има потенцијал да му помогне на работењето на секој оддел.“

Следни оддели кои ги почувствувале придобивките од решението биле одделите за финансии и човечки ресурси: „Ни овозможува да складираме важни, доверливи датотеки на едно место. Напредниот административен режим обезбедува пристап само за соодветните луѓе. Се работи за едноставен, ефикасен и безбеден систем за дигитална евиденција кој му овозможува на персоналот во одделите за финансии и човечки ресурси да работи брзо. Доколку настане проблем, наместо да потроши еден час за пребарување низ кабинетите, овластениот персонал може да го користи системот за уникатно означување, да го идентификува проблемот и да го поправи за помалку од една минута.“

"Сето тоа резултира со подобро насочена и професионална услуга."

Accelerate, St. James’ Hospital boosts productivity using document management software from Canon

Други оддели кои ги почувствувале придобивките од решението за управување со здравствени информации од Canon ги вклучуваат одделот за клиничко фотографирање – таму каде што се дигиталните слики (снимени со фотоапаратот EOS 1Ds Mark III од Canon), како што објаснува Sinnott, „сега директно се зачувуваат во датотеката на пациентот и безбедно се складираат за да се избегне нивно губење или неовластен пристап до нив. Евидентирањето на сликите им овозможува на консултантите поефикасно да ги следат проблемите кои се повторуваат, како што се проблемите со кожата.“

За Sinnott и Bailey, придобивките од решението на Canon не се ограничени само на канцелариите без хартиени документи, туку и радикалното подобрување на искуството на крајните потрошувачи, односно самите пациенти. „Евиденцијата на пациентите може да се отвори централно, така што докторот што го врши третманот може да ги погледне претходните клинички детали, со што го забрзува процесот за пациентот... Сето тоа резултира со подобро насочена и професионална услуга.“

За Bailey, најголемата пофалба за решението на Canon се повратните информации од болничкиот персонал: „Одделите кои веќе го имплементирале решението бараат начини во целост да го искористат неговиот потенцијал. Одделите кои сè уште не го имплементирале со нетрпение очекуваат да го сторат тоа.“ Sinnott заклучува: „Резултатите покажаа дека транзицијата за секој оддел е лесна и исплатлива.“

Дознајте повеќе

Контактирајте нè

Дознајте како можеме да ви помогнеме да го забрзате вашето деловно работење

Дознајте повеќе