Canon CTP (Content Transfer Professional)
Усовршете ги вашите работни процеси и пренесувајте ги вашите слики и видеоснимки побрзо од кога било, со професионална апликација за фотографирање која е дизајнирана за високи перформанси.
Фотографирајте. Снимајте. Испратете.
Искористете го брзото префрлување на слики и видеоснимки, додавајќи метаподатоци и многу повеќе пред да испратите. Со апликацијата за префрлување на слики и видеоснимки преку USB, Wi-Fi или 5G од Canon се создаваат нови нивоа на испорака во реално време - дури и додека снимате.
Поврзете се преку USB или Wi-Fi и користете ја функцијата за автоматско префрлување
Префрлувајте слики и видеоклипови на клиенти во моментот кога ќе бидат снимени преку 5G, USB или Wi-Fi-сигналот на вашиот телефон. Аппликацијата овозможува префрлување датотеки преку USB, Wi-Fi или 5G за брзо и стабилно испорачување во реално време, од камера до апликација, овозможувајќи непречени мобилни работни процеси.
Испратете ги информациите за сликата директно до фотоапаратот
Користете ја апликацијата за да додадете IPTC и NewsML-G2-метаподатоци на сликите и видеозаписите пред или по снимањето. На фотоапаратот внесете детали за фотографирањето, како што се локација, субјект, настан и користениот фотоапарат преку функцијата Шаблон за текст на апликацијата.
Отсекувајте, менувајте големина и уредувајте слики или однапред поставени параметри
Отсечете и испратете ги, или менувајте ја големината на вашите слики и користете го универзално поддржаното оценување со ѕвездички за да го означите тоа што ви се допаѓа и додајте гласовни белешки на вашите фотографии за специфични информации или упатства. Повторно регистрирајте однапред поставени параметри за метаподатоци на фотоапаратот или зачувајте ги како датотеки на мобилен уред.
Филтрирајте, сортирајте и прегледувајте на едноставен и ефикасен начин
Искористете ја оваа професионална апликација за фотографирање и прегледајте ги вашите слики со различни големини на мали сликички и сортирајте по датум, оценка, или испратени и неиспратени. Филтрирајте по вид на слика или видео, па дури и опции за звук1.
Внесете, складирајте и регистрирајте поставки на фотоапаратот
Автоматски синхронизирајте ги поставките за датум и време од мобилниот уред до фотоапаратот и прикажете го и споделете го името на моделот, серискиот број или MAC-адресата на целниот фотоапарат со скенирање QR-код.
Спецификации
-
IPTC-податоци
Регистрирајте метаподатоци преку полињата за текст на апликацијата
-
Поставки за FTP
Зачувајте до 20 поединечни адреси на FTP-сервер
-
Едноставно увезување на слики
Поврзете се преку 5G, USB или Wi-Fi
-
Автоматско префрлување
Автоматски испратете слики и видеодатотеки додека снимате
-
Гласовна белешка
Додајте гласовни белешки на вашите слики
Компатибилни фотоапарати
-
XF605
Повеќенаменска 4K-видеокамера со квалитет за емитување што нуди напреден AF, опции за поврзување и проследување за големи продукции. -
EOS R5 C
Снимајте прекрасни видеоснимки со резолуција од 8K и фотографии со 45 MP со најмалата камера Cinema EOS којашто ќе одговори на сите предизвици. -
EOS C400
Canon EOS C400 повторно ја дефинира разновидноста - дизајниран за врвни перформанси при снимање филмски содржини, емитување во живо и виртуелни продукции. -
EOS-1D X Mark II
Сензор од 20,2 мегапиксели за целосни слики. AF систем со 61 точка. До 14fps. ISO до 409.600. -
EOS-1D X Mark III
Животот е полн со неповторливи моменти. Доловете повеќе такви моменти со EOS-1D X Mark III и раскажете ја вашата визуелна приказна на светот. -
EOS R3
Со брзина како суштинска карактеристика, ова е фотоапарат без огледала што го чекаа професионалните фотографи за спорт, вести и диви животни. -
EOS R5
Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате. -
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
EOS R6 Mark II
Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни -
EOS R5 Mark II
Усовршете го моментот со фотоапарат кој нуди спој од неверојатна брзина, извонредна резолуција и врвни 8K-видеозаписи. -
EOS R1
Победете ја конкуренцијата со нашиот најдобар EOS - одново дизајниран за максимална брзина
Слични апликации
- Само видеодатотеки
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
Подлежи на промена без претходно известување.