АПЛИКАЦИЈА
Апликација за iOS што го поврзува вашиот iPhone со XF605 за непречено префрлање видеоматеријали од камерата на FTP-сервер.
Ќе ви бидат пресметани трошоци за претплата
Content Transfer Mobile (CTM) е апликација за iOS што ви овозможува да преземате видеоматеријали од вести на вашиот iPhone и да ги префрлате директно на FTP-серверот на станицата за емитување преку 4G/5G или Wi-Fi. Исто така ви овозможува напредно управување со метаподатоци.
Користете ја апликацијата CTM за да го поврзете XF605 со iPhone преку Wi-Fi или компатибилен USB-C-кабел и преземајте MP4-датотеки, XML-датотеки, датотеки со метаподатоци и прокси аудиодатотеки на вашиот iPhone.
Освен управување со тоа кои локално складирани датотеки се префрлаат на FTP-серверот, CTM ви овозможува и да преземете содржини од камерата и веднаш да ги префрлите на серверот со една операција за поефикасен работен процес.
Значајна предност на CTM е тоа што овозможува уредување и увезување метаподатоци пред и по снимањето на видеозаписот. Оваа апликација го поддржува стандардот NewsML-G2, овозможувајќи доследност и лесна интеграција во работниот процес на емитување, како и управување со датотеки. XML-датотеките може да се уредуваат во CTM и да се запишуваат на камерата или, пак, метаподатоците што се снимени на камерата може да се изменат во CTM, овозможувајќи им на корисниците да ги ажурираат информациите за содржината пред да ги префрлат на серверот.
Професионални видео камери