Easy-PhotoPrint од Canon (Canon EPP) е бесплатна апликација која ви овозможува едноставно печатење на фотографии и скенирање од вашите уреди со Android на компатибилни повеќефункционални PIXMA и компактни SELPHY фото печатачи* преку локална безжична мрежа (Wi-Fi).
Карактеристики
• Автоматски пронаоѓа печатачи на Wi-Fi мрежата
• Печатете слики од вашите мобилни уреди
• Скенирајте директно кон вашиот уред со Android (само PIXMA)
Како се користи
Едноставно преземете ја апликацијата Canon EPP на вашиот мобилен уред со Android и допрете ја иконата Canon EPP за да започнете.
* Погледнете ги спецификациите на производот за повеќе детали
Апликацијата Easy-PhotoPrint ви овозможува да изберете една или повеќе JPEG фотографии и да испечатите до 39 копии одеднаш. Може да изберете да печатите со рабови или без рабови и да добиете избор од широка палета на големини и видови на хартија.
1. Одете во Слики. |
2. Изберете слики и допрете Печати. |
3. Одете во редот за печатење, потврдете ги подесувањата и допрете Печати. | 4. Ќе се појави страница за процесот на печатење. |
Скенирајте преку компатибилен повеќефункционален печатач од Canon и зачувајте ја
фотографијата или документот во вашите уреди со Android како PDF или JPEG фајл.
1. Одете во Подесувања за скенирање. |
2. Потврдете ги подесувањата и изберете Скенирај (JPG) или Скенирај (PDF). |
3. Одете во редот за печатење, потврдете ги подесувањата и допрете Печати. | 4. Ќе се појави страница за процесот на печатење. |
Можете да ги испратите вашите скенирани PDF документи да се испечатат (печатење на PDF фајловите може да се врши само со уредот кој ги скенирал и создал фајловите).
1. Одете во Скенирани фајлови (PDF). |
2. Изберете документ за печатење. |
3. Прегледајте го фајлот, потоа допрете Печати. | 4. Потврдете ги подесувањата и допрете Печати. Ќе се појави страница за процесот на печатење. |