Colorado 1650

Colorado 1650

Флексибилен избор

РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАШИОТ ТИМ

до 159 m2/час

во режим за сјајна завршна обработка

до 1800 dpi

резолуција на печатење

2 валјаци

автоматско снабдување и менување

1625 mm

максимална ширина на валјакот

Нова генерација на печатач со технологија UVgel, флексибилни мастила и мат/сјајна завршна обработка

Откријте нови деловни можности со извонреден опсег на апликации. FLXfinish овозможува печатење со беспрекорна сјајна или луксузна мат завршна обработка, независно од медиумите. Создавајте дизајнерски тапети, прекрасни декали или луксузни медиуми со предно и задно осветлување кои ќе им го привлечат вниманието на луѓето, а притоа ќе исполнувате кратки рокови и ќе печатите со мали трошоци.

Преземете ја брошурата (pdf)

Преземете ја брошурата за услуги ProCare (pdf)

Еден печатач. Две завршни обработки

Импресионирајте ги вашите потрошувачи со сјајни реклами кои се истакнуваат од конкуренцијата или тапети со длабока мат завршна обработка и прекрасни бои, отпечатени на еден уред. Нема потреба да менувате мастила или медиуми!

Ненадмината разновидност

Создавајте отпечатени материјали со траен квалитет на различни медиуми вклучувајќи самолепливи винили, текстил од полиестер, материјали чувствителни на топлина и обична хартија. Флексибилноста и поголемата растегливост на мастилата UVgel овозможуваат совршена стабилност на сликите, дури и при превиткување, виткање и растегнување на отпечатените материјали.

Револуционерна продуктивност

Скратете го времето за завршување на процесите со големи и доследни брзини на печатење и брзо извршување на задачите. Двата валјаци за медиуми со онлајн менување и дополнувањето на мастилото додека печатите овозможуваат непрекинато печатење за ненадмината продуктивност.

UVgel printer


Пазарот бара да бидеме побрзи, поевтини и подобри. Но, секогаш бевме ограничени, сè додека не го откривме Colorado.

Michael Hiemann - Siepro (DE)

Ненадмината автоматизација

Нема потреба од надгледување: добијте постојано следење на млазниците, практично автоматско одржување на главата за печатење, автоматско снабдување со медиуми и модул со валјак за намотување.

Помали работни трошоци

Подобрете го профитот со помала потрошувачка на мастило, мали трошоци за сервисирање и економични медиуми. Овозможете му повеќе слободно време на операторот благодарение на ненадминатата автоматизација.

Unsurpassed automation and Lower operational cost

Главни спецификации

Maximum speed up 159 m2/hour in gloss mode

Максимална брзина до 159 m2/час во режим за сјајна завршна обработка

 FLXfinish UV LED curing with gloss modulation

FLXfinish за сушење со UV LED-светилка и сјајна модулација

2 rolls with automatic feeding and switching, width up to 1625 mm

2 валјака со автоматско снабдување и менување, ширина до 1625 mm

Print resolution 600x1800 dpi

Резолуција на печатење до 1800 dpi

Погледнете ги сите спецификации

Key Specifications

Програма за услуги Colorado ProCare по продажбата

Го избравте најдобриот производ за печатење графика во голем формат. Colorado ProCare ќе се погрижи да останете понапред од конкуренцијата.

Преземете ја брошурата за услуги Colorado ProCare

Colorado ProCare after-sales service programme
Applications

Апликации

FLXfinish нуди избор помеѓу сјајна и мат завршна обработка, без потреба од промена на мастилата или медиумите. Флексибилните мастила UVgel поддржуваат голем избор на медиуми, вклучувајќи самолепливи винили и текстил од полиестер. Зголемената можност за растегнување ви овозможува да ги свиткувате или превиткувате отпечатените материјали без проблем.

Wall decoration with the perfect finish

Ѕидна декорација со совршена завршна обработка

Ѕидните тапети со највисок квалитет имаат длабока мат завршна обработка и совршена димензионална стабилност. Со FLXfinish може да создадете кадифен мат изглед со луксузна завршна обработка.

Eye-catching front- and backlits

Привлечни медиуми со предно и задно осветлување

Импресионирајте ги случајните минувачи со живописни изложбени материјали со предно или задно осветлување. Технологијата UVgel нуди богати бои, елегантен мат изглед и одлична моќ на блокирање: црната боја навистина е црна.

Gallery-quality canvasses

Платна со квалитет како за изложби

Печатењето врз платна со квалитет како за во галерија може да биде проблематично поради превиткувањето, растегнувањето и захефтувањето на материјалот. Благодарение на флексибилноста на мастилата UVgel на Colorado 1650, може да создавате совршени превиткувања.

Economical disposable posters

Постери со неверојатен квалитет

Зголемете ја заработувачката со врвни постери отпечатени на обична хартија. Со мастилата UVgel и FLXfinish, крајниот квалитет е неверојатен.

Jaw-dropping durable POP posters

Продажни места со привлечен изглед

Привлечете ѝ го вниманието на вашата публика со висококвалитетни реклами отпечатени врз евтини медиуми што се безбедни за внатрешна употреба, бидејќи немаат мирис и не испуштаат хемикалии.

No-wear decals

Подлоги за префрлување графика што остануваат како нови

Печатете подлоги за префрлување графика со ширина до 1,6 метри што се отпорни на гребнатини, вода, па дури и графити, а може да ги користите и во многу лоши услови без пластифицирање. Совршени за графика за подови, ѕидни подлоги за префрлување графика и графика за возила што е отпорна на перење.

Soft signage

Прекрасни меки знаци

Меките знаци се врвен производ за кој е потребен совршен изглед без специјален третман. Благодарение на мастилата UVgel на Colorado 1650, вашите производи ќе бидат уникатни и ќе имаат богати и еднакви бои и густи црни тонови. Отпечатените материјали можат да се растегнуваат и превиткуваат без проблем.

Durable banners

Флексибилни реклами

Флексибилни фолии и реклами што можат да се виткаат на ролна, имаат живописни бои, отпорни се на гребнатини и се создаваат со евтини медиуми.

Outdoor banners

Надворешни реклами

Направете уникатни реклами со соодветна завршна обработка. Сјајна за импресивни фотографии и мат за лесно читлив текст, дури и во надворешни услови. Одличен квалитет, отпорни на гребнатини и пред сè економични.

Window graphics

Графика за прозорци

Печатете врз перфорирана фолија за да создадете неверојатни декорации за стакла и прозорци на автомобили - лесно се создаваат и брзо се монтираат и отстрануваат.

Blueback printing

Печатење врз хартија со сина заднина

Привлечете ѝ го вниманието на вашата публика со реклами што се создадени со широка палета на бои и на економичен начин со вашиот Colorado.

Photo prints

Печатење фотографии

Добијте одличен квалитет со голем број различни подлоги, на пример, фолии и машински обложени хартии. Оставете максимален визуелен впечаток со голема доследност на боите и врвни детали.

Technologies that make sense

Технологии што ви ги препорачуваме

Colorado 1650 е преполн со иновации. Со UVgel и FLXfinish ги променивме стандардите за печатење. Уживајте во поголем опсег на апликации, неверојатен квалитет и напредна продуктивност со мали трошоци за користење!

UVgel технологија

Уникатна технологија за „печатење па сушење“ со гел-мастила со моментално сушење, кои се сушат со UV LED-светилки. Предноста на гелот во однос на течноста е можноста да се нанесе повеќе мастило со помалку поминувања, без мастилото да истече на и преку медиумот. На тој начин се добиваат неверојатно остри отпечатени материјали со широка палета на бои. Без непријатна миризба и исклучително трајни.

Технологија FLXfinish

Оваа генијална технологија максимално ја искористува предноста на UVgel со стратегија за сушење во еден или два чекора. Оваа технологија ви нуди избор помеѓу сјајна или мат завршна обработка без потреба од промена на мастилата или медиумите. Уживајте во живописно мат печатење на мазни и попорозни/структурирани медиуми, како што е необложената обична хартија.

Мастила UVgel

Флексибилните и порастегливи мастила овозможуваат печатење на голем избор на медиуми вклучувајќи обична хартија, самолепливи винили и текстил од полиестер. Зголемената можност за растегнување ви овозможува да ги виткате или превиткувате отпечатените материјали без проблеми, за апликации како што се меките знаци или платната за фина уметност.

UVgel gel inks
 PAINT technology

Технологија PAINT

Нема потреба да го надгледувате печатачот бидејќи во главите за печатење, статусот на млазниците постојано се следи со технологијата за вградена пиезо-акустична млазница (PAINT). Кога ќе се открие дефект, оштетената млазница (привремено) се исклучува и нејзината работа ја компензираат соседните млазници. Главите за печатење се чистат во соодветно време. Потполно автоматизирано.

Сакате да дознаете повеќе за Colorado 1650?

Зборувајте со член од нашиот тим денес

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ТИМОТ

Сертификати и награди



Еколошките предности на технологијата UVgel ни помогнаа да се одлучиме. Нам ни беше важно да најдеме машина што ќе може самата да се управува, без потреба нашиот оператор да работи и дење и ноќе.

Richard Mathys, основач на RemarQ

Истражете повеќе

Видеозапис од студијата за анализа на Remarq

RemarQ е швајцарска компанија што специјализира во рекламирање брендови. Тие инвестираа во Colorado 1650 за нивните потреби за печатење врз хартија со сина заднина поради неговиот врвен квалитет на печатење дури и при голема брзина на печатење и неговото лесно ракување.

Remarq case study video

Видеозапис од студијата за анализа на De Resolutie

De Resolutie е една од првите компании за услуги за печатење во светот која го инсталираше новиот Colorado 1650. Концептите за внатрешен дизајн и ѕидни тапети се силна страна на De Resolutie.

De Resolutie case study video

Colorado 1640

Печатач со ролери од 64 инчи и UVgel технологија што нуди комбинација од квалитет, продуктивност и профитабилност.

Одете на страницата на производот

Colorado 1640

Дали сте подготвени да го подобрите вашето деловно работење со нови апликации?

РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАШИОТ ТИМ