Canon Camera

Напредни модули за автоматизација

Напредни модули за автоматизација

За серијата imagePRESS C10010VP

Добијте доследни висококвалитетни отпечатени материјали без да трошите време и пари за рачни проверки и приспособувања.

Проверката на квалитетот во опкружувањата за производствено печатење често бара голема работна сила и многу време, часови посветени на проверките, рачните приспособувања и повторното печатење. Серијата imagePRESS C10010VP поддржува две дополнителни опции за автоматизација за да ја заврши целата работа наместо вас.

Автоматизирајте ја регистрацијата и приспособувањето на тоновите на боите пред печатењето

Конфигурирањето на тоновите на боите и поставувањето на сеопфатната регистрација пред печатењето може значително да ги продолжи вашите работни процеси за печатење. Единицата за откривање го сведува поставувањето пред печатењето на само еден клик.

Задржете ги поставките за бои и регистрација за време на печатењето на целата серија

Единицата за откривање постојано ги следи тоновите на боите и регистрацијата на секоја страница за време на печатењето на целата серија и испраќа повратни информации до машината за да ги приспособи поставките и да ја задржи доследноста.

Погрижете се секоја страница да биде совршена

Единицата за проверки го прегледува секој лист за присуство на прав, дамки, линии или други недостатоци, со приспособливи нивоа на прецизност. Таа може автоматски повторно да ги отпечати страниците со недостатоци кога има потреба од тоа, за да испорача цела серија со совршено отпечатени материјали.

Sensing Video
Inspection Unit

Откријте ги модулите за автоматизација од серијата imagePRESS C10010VP

Дополнителните опции за автоматизација од Canon ви нудат напредна контрола на квалитетот и ги исполнуваат највисоките стандарди на печатење.

Прочитајте ја брошурата

Дознајте повеќе за можностите на серијата imagePRESS C10010VP и нејзините изборни напредни модули за автоматизација.

Слични производи и решенија

  • Серија imagePRESS C10010VP

    Серијата imagePRESS C10010VP е наменета за опкружувања што печатат големи количини и што сакаат да го зголемат обемот на печатење, бројот на апликации, квалитетот и профитот.

  • Единица за проверки

    Единица за проверки imagePRESS C10010VP

    Задржете ја доследноста на квалитетот без да трошите време и пари за рачни проверки. Единицата за проверки автоматски следи дали на секоја отпечатена страница има недостатоци како што се нечистотии, изобличување или линии, со можност за отстранување и автоматско препечатување на дефектните страници.

  • Единица за откривање

    Единица за откривање imagePRESS C10010VP

    Добивајте доследни резултати за секоја страница. Единицата за откривање автоматски ги поставува и следи сеопфатната регистрација и тоновите на боите пред и за време на печатењето, постојано приспособувајќи се за да испорача доследност за поставената задача.

  • Сакате да дознаете повеќе за овој производ?