Canon Camera
Ново

Единица за откривање

Единица за откривање imagePRESS C10010VP од Canon

Добијте доследни резултати од првиот до последниот лист со автоматско повторно прилагодување на тоновите на боите и сеопфатна регистрација пред и за време на печатењето.

Едноставно задржете ја доследноста на боите и прецизноста на регистрацијата

Единицата за откривање ги поставува сеопфатната регистрација и тоновите на боите пред печатењето и додека тоа трае, автоматски приспособувајќи се за да испорача доследност во текот на печатењето на целата серија, без време и трошоци за постојано рачно калибрирање.

Автоматско калибрирање пред печатењето

Со едноставно кликнување на корисничкиот интерфејс на C10010VP, единицата за откривање го завршува поставувањето на тоновите на боите и сеопфатната регистрација за да може да почнете да печатите за помалку од минута.

Автоматско приспособување за време на печатењето

За да извлечете максимум од серијата C10010VP, единицата за откривање ги следи и ги приспособува поставките за време на печатењето за да одржи оптимален квалитет на боите и сеопфатна регистрација, без потреба од интервенција од оператор.

Sensing Video

Добијте брзо и висококвалитетно печатење

Единицата за откривање ви овозможува зголемена продуктивност така што автоматски ги калибрира квалитетот на боите и сеопфатната регистрација пред печатењето, а потоа ги приспособува и ги одржува тие поставки во текот на печатењето на целата серија, за да испорача оптимален квалитет на печатење без да се троши време во следење на отпечатените материјали и прилагодување на поставките.
Дознајте повеќе [pdf, 444 kb]

Слични производи и решенија

  • Серија imagePRESS C10010VP

    Серијата imagePRESS C10010VP е наменета за опкружувања што печатат големи количини и што сакаат да го зголемат обемот на печатење, бројот на апликации, квалитетот и профитот.

  • Единица за проверки

    Единица за проверки imagePRESS C10010VP

    Задржете ја доследноста на квалитетот без да трошите време и пари за рачни проверки. Единицата за проверки автоматски следи дали на секоја отпечатена страница има недостатоци како што се нечистотии, изобличување или линии, со можност за отстранување и автоматско препечатување на дефектните страници.

  • Напредни модули за автоматизација

    Модули за автоматизација за imagePRESS C10010VP

    Добијте висококвалитетни отпечатени материјали со прецизни бои со помош на автоматизираната проверка на квалитетот, за да може да заштедите време и пари за рачни проверки и приспособувања.

  • Сакате да дознаете повеќе за овој производ?