Canon imageRUNNER ADVANCE DX 6000i MFP
Спецификации

Детални спецификации

Главен уред

Тип на машина

Повеќефункционален црно-бел ласерски уред за А3-формати

Основни функции

Печатење, копирање, скенирање, испраќање, складирање и факс

Процесор

1,75 GHz Dual Core-процесор

Контролен панел

TFT LCD WSVGA-екран на допир во боја од 10,1"

Меморија

Стандардно.: 4,0GB RAM

Хард диск драјв

Стандардно*: 320GB (достапен слободен простор на дискот: 250GB),
Изборно: 250 GB, 1 TB

*Можно е да биде вграден поинаков првичен HDD.

Хард диск за пресликување

По избор

Приклучок за интерфејс

МРЕЖА
Стандардно: 1000Base-T/100Base-TX/10Base-T, безжичен LAN (IEEE 802.11 b/g/n); 
Изборно: NFC, Bluetooth Low Energy
ДР.
Стандардно: USB 2.0 (главен компјутер) x1, USB 3.0 (главен компјутер) x1, USB 2.0 (уред) x1;
Изборно: сериски интерфејс, интерфејс за контрола на копирањето

Капацитет за снабдување со хартија (A4, 80 gsm)

Стандардно: 1.200 листови
Повеќенаменски фах за 100 листови x 1
Касети за 550 листови x 2,
Максимум: 6.350 листови (со единица за снабдување на касетата со голем капацитет-A1 и магацин за хартија-F1)

Капацитет на отпечатена хартија (A4, 80 gsm)

Стандардно: 250 листови
Максимум: 3.450 листови (со единица за завршна обработка со захефтување-Y1 или единица за завршна обработка на брошури-Y1 и фах за копирање-J2)

Можности за завршна обработка

Стандардно: подредување, групирање
Со опции: подредување, групирање, офсет печатење, захефтување, средишно спојување, правење дупки, еко захефтување, захефтување на барање

Поддржани видови на медиуми

Повеќенаменски фах:
тенка, обична, рециклирана, во боја, тешка, обложена, паус, за поврзување, транспарентна, етикети, однапред издупчена, меморандуми, картички, пликови

Касета за хартија (горна/долна):
тенка, обична, рециклирана, во боја, тешка, за поврзување, транспарентна, однапред издупчена, меморандуми, пликови*

*Потребен е додаток за снабдување со пликови (стандарден).

Поддржани големини на медиуми

Повеќенаменски фах:
Стандардна големина: SRA3, A3, A4, A4R, A5, A5R, A6R, B4, B5, B5R
Прилагодена големина: 98,0 x 139,7 mm до 320,0 x 457,2 mm
Слободна големина: 98,0 x 139,7 mm до 320,0 x 457,2 mm
Пликови: COM 10 бр. 10, Monarch, DL, ISO-C5
Прилагодена големина на пликови: 98,0 x 98,4 mm до 320,0 x 457,2 mm

Горна касета:
Стандардна големина: A4, A5, A5R, A6R, B5
Прилагодена големина: 98,0 x 148,0 mm до 297,0 x 215,9 mm
Пликови: COM10 бр.10, DL, ISO-C5

Долна касета:
Стандардна големина: A3, A4, A4R, A5, A5R, A6R, B4, B5, B5R
Прилагодена големина: 98,0 x 182,0 mm до 304,8 x 457,2 mm
Пликови: COM10 бр.10, Monarch, DL, ISO-C5

Поддржани тежини на медиуми

Повеќенаменски фах: 52 до 300 gsm
Касета за хартија (горна/долна): 52 до 256 gsm
Двостр.: 52 до 220 gsm

Потребно време за загревање

Режим за брзо вклучување: 4 секунди или помалку *

*Време откако ќе се вклучи уредот па сè додека не се појави иконата за скенирање и не стане достапна за користење на екранот на допир.

Од режим на мирување: 10 секунди или помалку
Од моментот на вклучување: 10 секунди или помалку*

*Време откако ќе се вклучи уредот па сè додека не се подготви за копирање (не резервација за печатење).

Димензии (Ш x Д x В)

iR-ADV DX 6000i: 620 x 722 x 937 mm

Простор за инсталирање (Ш x Д)

iR-ADV DX 6000i:
Основна верзија: 1.083 x 1.162 mm (отворен десен капак со извлечен повеќенаменски фах + отворени фиоки на касети)
Целосна конфигурација: 1.866 x 1.162 mm (единица за завршна обработка на брошури-Y1 со извлечен фах за проширување + магацин за хартија-F1 + отворени фиоки на касети)

Тежина

Прибл. 127 kg вклучувајќи тонер

Спецификации за копирање

Брзина на копирање (ЦРНО-БЕЛО)

iR-ADV DX 6000i
до 60 стр./мин. (A4, A5, A5R, A6R), до 32 стр./мин. (A3), до 36 стр./мин. (A4R)

Потребно време до излегување на првата копија (A4) (ЦРНО-БЕЛО)

iR-ADV DX 6000i:
Прибл. 2,9 секунди или помалку

Резолуција на копирање (dpi)

600 x 600

Повеќе копии

До 9999 копии

Густина на копирање

Автоматски или рачно (9 нивоа)

Зголемување

Променлив зум: 25% до 400% (чекори на зголемување од 1%)
Однапред поставено намалување/зголемување: 25%, 50%, 70%, 100%(1:1), 141%, 200%, 400%

Функции за копирање

Однапред поставени соодноси за намалување/зголемување по површина, двострано, прилагодување на густината, избор на оригинални видови, режим за прекин, книга во две страници, двостран оригинал, создавање задача, N на 1, додавање корица, вметнување листови, оригинали во различни големини, нумерирање на страници, нумерирање на отпечатена серија, острина, бришење рамка, безбедносен воден печат, датум на печатење, растојание меѓу страници, печатење и проверка, негатив/позитив, повторување слики, спојување блокови од задачи, пресликување слика, зачувување во поштенско сандаче, поставување слика врз друга слика, копирање документи за идентификација, прескокнување празни страници, слободна големина за оригинали, резервна копија, примерок од копија

Спецификации за скенирање

Тип

Двостран автоматски механизам за снабдување со документи во едно поминување* [2-страно на 2-страно (автоматски)]

*Поддржано е откривање на повлекување повеќе листови преку механизмот за снабдување.

Капацитет за хартија на механизмот за снабдување со документи (80 gsm)

до 200 листови

Прифатливи оригинали и тежини

Валјак: лист, книга и 3-димензионални предмети

Тежина на медиуми за механизмот за снабдување со документи:
1-страно скенирање: 38 до 220 gsm
2-страно скенирање: 38 до 220 gsm

*Прифатлива тежина за A6R или помал формат изнесува од 50 до 220 gsm.

Поддржани големини на медиуми

Големина на скенирање на плочата: до 297,0 x 431,8 mm

Големина на медиуми за механизмот за снабдување со документи:
A3, A4, A4R, A5, A5R, A6R, B4, B5, B5R, B6R
Прилагодена големина: 70,0 x 139,7 mm до 304,8 x 431,8 mm

Брзина на скенирање (слики/мин.: ЦРНО-БЕЛО/БОЈА, A4)

1-страно скенирање:
135/135 (300 x 300 dpi, испраќање), 80/80 (600 x 600 dpi, копирање),
2-страно скенирање:
270/270 (300 x 300 dpi, испраќање), 160/90 (600 x 600 dpi, копирање)

Резолуција на скенирање (dpi)

Скенирање за копирање: 600 x 600
Скенирање за испраќање: (проследување) 600 x 600, (SMB/FTP/WebDAV/IFAX), (повлекување) 600 x 600
Скенирање за факс: 600 x 600

Спец. на скен. со повл.

Color Network ScanGear2. TWAIN и WIA

Поддржан оперативен систем: Windows® 7/8.1/10/Server2008/Server2008 R2/Server2012/Server2012 R2/Server 2016
Почнувајќи од февруари 2020

Начин на скенирање

Скенирање со проследување, скенирање со преземање, скенирање кон сандаче, скенирање кон Advanced Space, скенирање кон мрежа, скенирање кон USB-мемориски уред, скенирање кон мобилни уреди, скенирање кон Cloud (uniFLOW Online)

Спецификации на испраќање

Дестинација

Стандардно: е-пошта/интернет факс (SMTP), SMB3.0, FTP, WebDAV, поштенско сандаче
Изборно: Super G3-факс, IP-факс

Адресар

LDAP (2000)/локално (1600)/брзо бирање (200)

Резолуција на испраќање (dpi)

Проследување: до 600 x 600
Повлекување: до 600 x 600

Протокол за комуникација

Датотека: FTP(TCP/IP), SMB3.0 (TCP/IP), WebDAV
E-пошта/И-факс: SMTP, POP3

Формат на фајл

Стандардно: TIFF, JPEG, PDF (компактно, со можност за пребарување, применување политика, оптимизирање за на интернет, PDF/A-1b, траг и рамномерност, шифрирано, потпис на уред), XPS(компактно, со можност за пребарување, потпис на уред, кориснички потпис), Office Open XML (PowerPoint, Word)

Универзални функции за испраќање

Избор на оригинални видови, двостран оригинал, книга во две страници, оригинали во различни големини, прилагодување на густината, острина, сооднос на копирање, бришење на рамка, создавање задача, одложено испраќање, преглед, известување за завршена задача, име на датотека, предмет/порака, одговори на, приоритет на е-пошта, TX-извештај, ориентација на оригиналните содржини, прескокнување празни страници

Спецификации на факс

Максимален број на линии за поврзување

2 (изборно)
(изборна 2-ра линија)

Брзина на модем

Super G3:33,6kbps
G3:14,4kbps

Метод на компресија

MH, MR, MMR, JBIG

Резолуција (dpi)

400 x 400 (ултра фино), 200 x 400 (супер фино), 200 x 200 (фино), 200 x 100 (нормално)

Големина за испраќање / примање

Испраќање: A3, A4, A4R, A5*, A5R*, B4, B5**, B5R*
Примање: A3, B4, A4, A4R, A5R, B5, B5R

*Испр. како A4
**Испратено како B4, кратко

Факс меморија

До 30.000 страници (2.000 задачи)

Броеви за брзо бирање

Мак. 200

Групно бирање/одредишта

Мак. 199 броеви

Секвенцијално пренесување

Мак. 256 адр.

Резервна копија на меморија

Да

Функции за факс

Име на испраќачот (TTI), избирање телефонска линија (за испраќање факс), директно испраќање, одложено испраќање, преглед, известување за завршена задача, TX-извештај, прекин на преносот, секвенцијално пренесување, испраќање лозинка/под-адреса, доверливо поштенско сандаче, евиденција „2 на 1“

Спецификации за складирање

Поштенско сандаче (поддржан број)

100 влезни сандачиња за корисници,
1 влезно сандаче за меморија RX,
50 доверливи санд. за факс
Максимален капацитет за складирање 30.000 страници (2.000 задачи)

Advanced Space

Прот. за ком.: SMB или WebDAV
Поддржан компјутерски клиент: Windows® 8.1/10
Истовремени врски (макс.): SMB: 64, WebDAV: 3

Напреден простор, достапен простор на дискот

Стандардно: 16 GB
(Со опција: макс. 480 GB)

Функции на напредниот простор

Проверка на идентитет за најавување во Advanced Space, функција за подредување, печатење PDF-датотека со лозинка, поддршка за imageWARE Secure Audit Manager, пребарување, преглед на датотеки, управување со проверка на идентитет, отворено за јавноста, URI TX, правење резервна копија/враќање

Спецификации за безбедноста

Проверка на идентитет и контрола на пристап

Проверка на идентитет на корисниците (слика за најавување, слика и PIN за најавување, најавување со картичка, најавување со корисничко име и лозинка, најавување на ниво на функција, мобилно најавување), проверка на ID на оддел (ID на оддел и најавување со PIN, најавување на ниво на функција), uniFLOW Online Express (најавување со PIN, слика за најавување, најавување со картичка, слика и PIN за најавување, најавување со картичка, најавување со картичка и PIN, најавување со корисничко име и лозинка, ID на оддел и најавување со PIN, најавување на ниво на функција), систем за управување со пристап (контрола на пристап)

Безбедност на документите

Безбедност за печатење (безбедно печатење, шифрирано безбедно печатење, печатење со принудна задршка, uniFLOW Secure Print*),
Безбедност на добиени податоци (доверливо влезно сандаче за факс со автоматско препраќање на примените документи),
Безбедност за скенирање (шифриран PDF, PDF/XPS со потпис од уред, PDF/XPS со кориснички потпис, интеграција со Adobe LiveCycle® Rights Management ES2.5), безбедност на поштенско сандаче (заштита на поштенско сандаче со лозинка, контрола на пристап до Advanced Space), безбедност за испраќање податоци (поставки што наложуваат внесување лозинка по пренос, ограничени функции за испраќање е-пошта/датотеки, потврда на бројот за факс, овозможување/забранување преноси преку факс, овозможување/забранување испраќање од историја, поддршка за S/MIME), следење документи (безбедносен воден печат)

*Потребен е софтверот uniFLOW Online / uniFLOW

Мрежна безбедност

TLS 1.3, IPSec, проверка на идентитет IEEE802.1X, SNMP V3.0, функција за заштитен ѕид (филтрирање на IP/MAC-адреса), поддршка за две мрежи (жичен LAN/безжичен LAN, жичен LAN/жичен LAN), оневозможување функции што не се користат (овозможување/оневозможување протоколи/апликации, овозможување/оневозможување на Remote UI, овозможување/оневозможување на USB-интерфејсот), одделување на G3-факс од LAN, одделување на USB-приклучокот од LAN, забрана за извршување на датотеки складирани во Advanced Box во повеќефункционалниот печатач, скенирање и испраќање - мерки за заштита од вируси при примање е-пораки

Безбедност на уредот

Заштита на податоците на HDD (шифрирање на податоците на HDD (проверка со FIPS140-2), бришење со презапишување податоци на HDD, заклучување на HDD), стандардна иницијализација на HDD, платформа со безбедносен модул (TPM), функција за криење на евиденцијата за задачи, заштита на интегритетот на софтверот MFD, проверка на интегритетот на софтверот MFD (проверка на системот при вклучувањето, откривање напади за време на извршување), усогласеност со IEEE2600.2 (сертификат Common Criteria) (во процес на проверка)

Управување со уреди и ревизија

Лозинка на администратор, управување со лозинки и дигитални сертификати, евиденција за ревизија,
Соработка со безбедносен систем за надворешна ревизија (управување со безбедносни информации и настани), евиденција на податоци за слика, поставување политика за безбедност

Услови во опкружувањето

Раб. услови

Температура: 10 до 30 ºC
Влажност: 20 до 80 % RH (релативна влажност)

Извор на напојување со енергија

220-240 V, 50/60 Hz, 6 A

Потрошувачка на енергија

Макс.: приб. 1.800 W
Копирање (со континуирано скенирање со DADF): прибл. 965 W*
Подгот.: п. 54,5 W*
Мир.: прибл. 0,8 W**

*Референтна вредност: измерена една единица
**Вредноста 0,8 W не е достапна во сите случаи поради одредени поставки.

Типична потрошувачка на електрична енергија (TEC)*: 0,82 kWh 

*Според USA Energy Star 3.0

Нивоа на шум (ЦРНО-БЕЛО)

Ниво на моќност на звук (LWA, m)
Активен режим (црно-бело) (1-страно)
iR-ADV DX 6000i: 6,6 B*, Kv 0,3 B*

*Референтна вредност: измерена само една единица со ISO7779, објаснето со ISO9296 (2017)

Звучен притисок (LpAm)
Положба на стоење до уредот:
Активен режим (црно-бело) (1-страно): 53 dB*
Режим на подготвеност: 25 dB*

*Референтна вредност: измерена само една единица со ISO7779, објаснето со ISO9296 (2017)

Потрошни материјали

Картриџи со тонер

Црн тонер C-EXV 51

Тонер (проценета потрошувачка @6% покриеност)

Црн тонер C-EXV 51: 57.500 страници

Софтвер и управување со печатачот

Следење и правење извештаи

Universal Login Manager (ULM)
uniFLOW Online Express

Алатки за далечинско управување

iW Management Console
eMaintenance
Систем за испорака на содржини

Софтвер за скенирање

Network ScanGear

Платформа

MEAP (повеќефункционална платформа за вградени апликации)

Администрација на документи

Kofax PowerPDF (изборно)

Опции за залиха на хартија

Единица за снабдување на касетата-AM1

Капац. за харт.: 2 x 550 листови (80 gsm)
Вид на хартија: тенка, обична, рециклирана, во боја, тешка, за поврзување, транспарентна, однапред издупчена, меморандуми
Големина на хартија:
A3, A4, A4R, A5, A5R, A6R, B4, B5, B5R
Прилагодена големина: 98,0 x 182,0 mm до 304,8 x 457,2 mm
Теж. на харт.: 52 до 256 gsm
Извор на напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 620 x 700 x 251 mm (поврзан со главниот уред)
Тежина: прибл. 22,5kg

Единица за снабдување на касетата со голем капацитет-A1

Капац. за харт.: 2.450 листови (80 gsm)
Вид на хартија: тенка, обична, рециклирана, во боја, тешка, за поврзување, однапред издупчена, меморандуми
Гол. на хар.: A4
Теж. на харт.: 52 до 256 gsm
Извор на напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 620 x 700 x 251 mm (поврзан со главниот уред)
Тежина: прибл. 30,0kg

МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-F1

Кап. за хартија: 2.700 листови (80 gsm)
Вид на хартија: тенка, обична, во боја, рециклирана, тешка, однапред издупчена, за поврзување, меморандуми
Големина на хартија: A4, B5
Теж. на харт.: 52 до 256 gsm
Извор на напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 344 x 630 x 440 mm (поврзан со главниот уред)
Тежина: прибл. 31kg

Излезни опции

ВНАТРЕШЕН 2-НАСОЧЕН ФАХ-J1

*Капацитетот за хартија може да се разликува во зависност од различниот вид/големина на хартија.

Капацитет на фахот (80 gsm)
Горен фах: A4, A5, A5R, A6R, B5: 100 листови
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 50 листови
Долен фах (стандарден фах): A4, A5, A5R, A6R, B5: 250 листови
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 100 листови
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Димензии (Ш x Д x В): 420 x 407 x 76 mm
Тежина: прибл. 0,7 kg

ФАХ ЗА КОПИРАЊЕ-J2

Капацитет (80 gsm):
A4, A5, A5R, A6R, B5: 100 листови
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 75 листови
Димензии (Ш x Д x В): 442 × 373 × 176 mm (поврзан со главниот уред, кога фахот за проширување е извлечен)
Тежина: 0,5 kg

Внатрешна единица за завршна обработка-H1

Капацитет на фахот (80 gsm):
Горен фах: SRA3, A3, A4, A4R, A5, A5R, A6R, B4, B5, B5R: 45 листови
Долен фах: A4, A5, A5R, B5: 500 листови,
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 250 листови,
A6R: 30 листови
Плик: 10 листови
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно
Капацитет на единицата за захефтување:
A4, B5: 50 листови (52 до 90 gsm)
A3, A4R, B4: 30 листови (52 до 90 gsm)
Еко единица за захефтување:
A3, A4, B4, B5: 5 листови (52 до 64 gsm)
4 листови (65 до 81,4 gsm)
3 листови (82 до 105 gsm)
Захеф. на барање: 40 листови (80 gsm)
Напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 585 x 525 x 225 mm (кога фахот за проширување е извлечен)
Тежина: прибл. 8,6kg

Единица за завршна обработка со захефтување-Y1

(Потребна е единицата Buffer Pass-L1)
Капацитет на фахот (80 gsm):
Горен фах: A4, A5, A5R, A6R, B5: 250 листови,
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 125 листови
Долен фах: A4, A5, A5R, B5: 3.000 листови 
SRA3, A3, A4R, B4, B5R: 1.500 листови,
A6R: 250 листови
Пликови: Monarch: 30 листови, COM10 бр.10, DL, ISO-C5: 100 листови
Тежина на хартија: 
Горен фах од 52 до 256 gsm, 
Долен фах од 52 до 300 gsm
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно
Капацитет на единицата за захефтување:
A4, B5: 50 листови (52 до 90 gsm)
A3, A4R, B4: 30 листови (52 до 90 gsm)
Еко единица за захефтување:
A3, A4: 5 листови (52 до 64 gsm)
4 листови (65 до 81,4 gsm)
3 листови (82 до 105 gsm)
Захефтување на барање: 50 листови (52 до 90 gsm)
Напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 637 x 623 x 1.142 mm (кога фахот за проширување е извлечен)
Тежина: прибл. 31kg

Единица за завршна обработка на брошури-Y1

(Потребна е единицата Buffer Pass-L1)
(Ги содржи основните спецификации за захефтување на горенаведената единица за завршна обработка со захефтување-Y1.)
Големина на хартија за средишно спојување: A3, A4R, B4
Капацитет на единицата за захефтување со средишно спојување: 20 листови x 10 групи (52 до 81,4 gsm) (вклучувајќи 1 лист за корица од 52 до 256 gsm)
Капацитет за групно превиткување без захефтување: до 3 листови (52 до 105 gsm)
Напојување: од главниот уред
Димензии (Ш x Д x В): 637 x 623 x 1.142 mm (кога фахот за проширување е извлечен)
Тежина: прибл. 57kg

ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 4 ДУПКИ-B1

(Потребна е внатрешната единица за завршна обработка-H1)
Четири
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 300 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки:
Четири дупки: A3, A4, A4R, A5, B4, B5, B5R
Извор на напојување: од единицата за завршна обработка

ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 2/4 ДУПКИ-A1

(Потребна е внатрешната единица за завршна обработка-H1)
2 или 4
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 300 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки:
Две дупки: A3, A4, A4R, A5, B4, B5, B5R
Четири дупки: A3, A4
Извор на напојување: од единицата за завршна обработка

ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 2/4 ДУПКИ-A1

(Потребна е единицата за завршна обработка со захефтување-Y1 или единицата за завршна обработка на брошури-Y1)
2 или 4
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 300 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки:
Две дупки: A3, A4, A4R, A5, B4, B5, B5R
Четири дупки: A3, A4
Извор на напојување: од единицата за завршна обработка

ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 4 ДУПКИ-A1

(Потребна е единицата за завршна обработка со захефтување-Y1 или единицата за завршна обработка на брошури-Y1)
Четири
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 300 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки:
Четири дупки A3, A4, A4R, A5, B4, B5, B5R
Извор на напојување: од единицата за завршна обработка

Хардверска дополнителна опрема

Читачи на картички

Читач на картички со копирање-F1
Додаток со читач на картички со копирање-B7

Други

Дополнителен комплет за снабдување со картички-F1
Фах за алатки-B1
Единица Buffer Pass-L1
Нумеричка тастатура-A1

Опции за безбедност

Безбедност на податоците

Комплет за пресликување на HDD-J1
2,5-ИНЧЕН HDD ОД 250GB-N1
2,5-ИНЧЕН HDD ОД 1TB-P1

Опции за контролерите и системот

Дополнителна опрема за печатење

Комплет меѓународни PCL-фонтови-A1
Комплет за печатење PS-BC1

Печатење баркодови

Комплет за печатење на бар-кодови-D1

Дополнителна опрема за системот

Комплет за интерфејс за контрола на копирање-A1
Комплет за сериски интерфејс-K3
Комплет за поврзување-A2 за Bluetooth LE
NFC-комплет-E1

Дополнителна опрема за факс

Super G3 ФАКС картичка-AS1
Super G3 факс картичка за 2-ра линија-AS1
Комплет за далечински факс-A1
Комплет за испраќање факс преку IP-B1

Други опции

Дополнителна опрема за пристапност

Рачка за пристап на ADF уредот-A1
Комплет за гласовен водич-G1
Комплет за гласовно управување-D1

Потрошни материјали

Единица за захефтување-P1
Картриџ за единицата за захефтување-Y1