Овој лесен повеќефункционален печатач нуди спој од достапност, практичност и разновидни опции и претставува практично решение за големи формати што може лесно да се користи.
Овој повеќефункционален печатач од основна класа е создаден за мали деловни опкружувања и нуди комбинација од лесно ракување и флексибилни опции за конфигурирање. Тој се одликува со практичен екран на допир и големина од 24 инчи, лесно се поставува и нуди импресивен квалитет на слика.
iPF670 MFP L24e се одликува со практичен екран на допир за да овозможи едноставно ракување и брз пристап до најважните функции.
Печатењето во голем формат не значи дека уредот треба да зафаќа голема површина во канцеларијата. Овој лесен повеќефункционален печатач се одликува со врвни перформанси и мало и тенко куќиште.
Со можностите за скенирање кон USB уред, мрежен уред, па дури и на Cloud, iPF670 MFP L24e нуди многубројни опции за сите работни процеси.
Зголемете ја ефикасноста на работното место со иновативните функции на iPF670 MFP L24e што заштедуваат време, вклучувајќи истовремено скенирање и копирање за време на печатењето.
LED светилките и системот на мастила со боја и пигмент во 5 бои од Canon овозможуваат неверојатни и висококвалитетни перформанси за скенирање, копирање и печатење.
Технологија за скенирање
Еден сензор
Оптичка резолуција
600 dpi
Ширина на скенирање
24 инчи
Максимална брзина на скенирање
3 ips
Прецизност на скенирање
0,2% +/- 1 пиксел
Лесно користење
Екран на допир од 3”