Hero

Océ Colorado 1640

Печатач со ролери од 64 инчи и UVgel технологија што нуди комбинација од квалитет, продуктивност и профитабилност.

Побарајте информации

Set print free

Проширете ги границите на печатењето

Проширете ги вашите хоризонти и добијте ненадминат квалитет, продуктивност и разновидни опции.

Револуционерен печатач со ролери и уникатна UVgel технологија

Оптимизирајте ја продуктивноста, квалитетот, апликациите и работните трошоци со иновативен печатач со ролери од 64 инчи што се одликува со напредната технологија UVgel од Canon и нова генерација на опции за автоматизација. Идеален за знаци и графика.

Погледни целосни спецификации

Colorado 1640

Погледнете ги сите функции

Револуционерна продуктивност

Печатењето со непроменета брзина и ненадмината автоматизација овозможуваат брзо извршување на задачите кое досега било можно само со употреба на повеќе машини со ролери или поголемо рамно лежиште.

Océ Colorado 1640
Outstanding Quality

Неверојатен квалитет

Печатете материјали со висока резолуција и исклучителен квалитет користејќи најширока палета на бои и непроменети резултати благодарение на напредната технологија за мастила UVgel.

Océ Colorado 1640

Ненадмината разновидност

Уживајте во ненадмината флексибилност за извршување повеќе задачи на еден уред. Печатете прекрасни резултати на најголем можен избор на медиуми, дури и на поефтини, тенки или чувствителни на топлина.

Low cost of operation

Мали работни трошоци

Уживајте во најмалите работни трошоци во оваа класа и одличен поврат на инвестицијата благодарение на намалената потрошувачка на мастила до 40% и заштедата на работна рака од приближно 30%.

Брзо и ефикасно испуштање на мастило

Технологијата UVgel го испушта мастилото врз медиумите за да добивате совршени слики со голема брзина во секоја прилика. Овозможува печатење со брзина од 159 m²/час за билборди или надворешни реклами или со брзина од 40 m²/час за да добиете највисоко ниво на квалитет за во затворени простории.

Fast Efficient Ink Jetting

Одличен квалитет

Добијте одлични резултати со речиси сите медиуми благодарение на технологијата UVgel која доследно нуди одличен квалитет со прецизни и остри точки, бои со голема заситеност, прецизни тонови на кожата и сјајен изглед.

Excellent Quality

Спецификации за производот

2 ролери со автоматско снабдување со листови и префрлување*

Пиезоелектричен инк-џет UVgel

Максимална брзина до 159 m2/час

Сушење со UV LED светлина

CMYK

600x1800 dpi

Автоматско одржување

Ширина на ролери до 64 инчи

Погледнете ги сите спецификации

Colorado 1640

* во зависност од користените медиуми