Océ Colorado 1650

Флексибилен избор

Océ Colorado 1650
Océ Colorado 1650

до 159 m2/час

во режим за сјајна завршна обработка

до 1800 dpi

резолуција на печатење

2 валјаци

автоматско снабдување и менување

1625 mm

максимална ширина на валјакот

Нов печатач со технологија UVgel, флексибилни мастила и мат/сјајна завршна обработка

Откријте нови деловни можности со извонреден опсег на апликации. Océ FLXfinish овозможува печатење со беспрекорна сјајна или луксузна мат завршна обработка, независно од медиумите. Создавајте дизајнерски тапети, прекрасни декали или луксузни медиуми со предно и задно осветлување кои ќе им го привлечат вниманието на луѓето, а притоа ќе исполнувате кратки рокови и ќе печатите со мали трошоци.

Еден печатач. Две завршни обработки

Импресионирајте ги вашите потрошувачи со сјајни реклами кои се истакнуваат од конкуренцијата или тапети со длабока мат завршна обработка и прекрасни бои, отпечатени на еден уред. Нема потреба да менувате мастила или медиуми!

Ненадмината разновидност

Создавајте отпечатени материјали со траен квалитет на различни медиуми вклучувајќи самолепливи винили, текстил од полиестер, материјали чувствителни на топлина и обична хартија. Флексибилноста и поголемата растегливост на мастилата UVgel овозможуваат совршена стабилност на сликата, дури и кога отпечатените материјали се превиткани, свиткани и обвиени.

Револуционерна продуктивност

Скратете го времето за завршување на процесите со големи и доследни брзини на печатење и брзо извршување на задачите. Двата валјаци за медиуми со онлајн менување и дополнувањето на мастилото додека печатите овозможуваат непрекинато печатење за ненадмината продуктивност.

UVgel printer


Пазарот бара да бидеме побрзи, поевтини и подобри. Но, секогаш бевме ограничени, сè додека не го откривме Colorado.

Michael Hiemann - Siepro (DE)

Ненадмината автоматизација

Нема потреба од надгледување: добијте постојано следење на млазниците, практично автоматско одржување на главата за печатење, автоматско снабдување со медиуми и модул со валјак за намотување.

Помали работни трошоци

Подобрете го профитот со помала потрошувачка на мастило, мали трошоци за сервисирање и економични медиуми. Овозможете му повеќе слободно време на операторот благодарение на ненадминатата автоматизација.

Unsurpassed automation and Lower operational cost

Главни спецификации

Maximum speed up 159 m2/hour in gloss mode

Максимална брзина до 159 m2/час во режим за сјајна завршна обработка

Océ FLXfinish UV LED curing with gloss modulation

Océ FLXfinish сушење со UV LED светлина со режим за завршна обработка

2 rolls with automatic feeding and switching, width up to 1625 mm

2 валјака со автоматско снабдување и менување, ширина до 1625 mm

Print resolution 600x1800 dpi

Резолуција на печатење до 1800 dpi

Погледнете ги сите спецификации

Key Specifications
Applications

Апликации

Océ FLXfinish нуди избор помеѓу сјајна и мат завршна обработка, без потреба од промена на мастилата или медиумите. Флексибилните мастила UVgel поддржуваат голем избор на медиуми вклучувајќи ги самолепливите винили и текстилот од полиестер. Зголемената можност за растегнување ви овозможува да ги виткате или превиткувате отпечатените материјали без напор.

Wall decoration with the perfect finish

Ѕидна декорација со совршена завршна обработка

Според најновите трендови во дизајнот на ентериери, најквалитетниот тапет има длабока мат завршна обработка. Со Océ FLXfinish, вредноста на вашата ѕидна декорација можете да ја зголемите со притиснување на едно копче.

Eye-catching front- and backlits

Привлечни медиуми со предно и задно осветлување

Импресионирајте ги случајните минувачи со живописни изложбени материјали со предно или задно осветлување. Технологијата UVgel нуди богати бои и елегантна мат завршна обработка што не напукнува кога ќе се постави.

Gallery-quality canvasses

Платна со квалитет како за изложби

Печатењето на платна со квалитет како за изложби може да биде проблематично поради превиткувањето, растегнувањето и захефтувањето на материјалот. Со флексибилноста на мастилата UVgel на Océ Colorado 1650, можете да создавате совршени превиткувања.

Economical disposable posters

Економични постери за еднократна употреба

Зголемете ја заработувачката со врвни постери отпечатени на обична хартија. Со мастилата UVgel и Océ FLXfinish, крајниот квалитет е толку добар што потрошувачите не можат дури ни да ја забележат разликата.

Jaw-dropping durable POP posters

Неверојатно трајни постери за промотивни материјали

Ништо не привлекува внимание како огромен отпечатен постер. Еднострано, двострано, сè е возможно со серијата Océ Colorado. А, со завршната обработка со UVgel што е отпорна на гребнатини, ова се долготрајни инвестиции.

No-wear decals

Декали што не се абат

Создавајте декали отпорни на гребнатини, вода и дури и на графити со ширина до 1,6 m без пластифицирање. Совршени за графика за подови, ѕидни декали и графика за возила што е отпорна на миење.

Soft signage

Меки знаци

Меките знаци се врвен производ за секаква употреба. Врвните производи бараат совршен изглед без посебен третман. Со UVgel, овие производи може да се транспортираат и сè уште да изгледаат одлично.

Durable banners

Трајни реклами

Печатете впечатливи реклами. Сјајна завршна обработка за фотографии или мат завршна обработка за пораки во кои доминира текстот. Одличен квалитет, трајни, отпорни на гребнатини и пред сè: економични.

Technologies that make sense

Технологии што ви ги препорачуваме

Océ Colorado 1650 е преполн со иновации. Со UVgel и Océ FLXfinish, целосно ги променивме стандардите на печатењето. Уживајте во поширок опсег на апликации, неверојатен квалитет и напредна продуктивност со мали трошоци за користење!

UVgel технологија

Уникатна технологија за „печатење па сушење“ со гел-мастила со моментално сушење, кои се сушат со UV LED-светилки. Предноста на гелот во однос на течноста е можноста да се нанесе повеќе мастило со помалку поминувања, без мастилото да истече на и преку медиумот. На тој начин се добиваат неверојатно остри отпечатени материјали со широка палета на бои. Без непријатна миризба и исклучително трајни.

Технологија Océ FLXfinish

Оваа генијална технологија максимално ја искористува предноста на UVgel со стратегија за сушење во еден или два чекора. Оваа технологија ви нуди избор помеѓу сјајна или мат завршна обработка без потреба од промена на мастилата или медиумите. Уживајте во живописно мат печатење на мазни и попорозни/структурирани медиуми, како што е необложената обична хартија.

Гел-мастила UVgel

Флексибилните и порастегливи мастила овозможуваат печатење на голем избор на медиуми вклучувајќи обична хартија, самолепливи винили и текстил од полиестер. Зголемената можност за растегнување ви овозможува да ги виткате или превиткувате отпечатените материјали без напор, за апликации како што се меките знаци или платната за фина уметност.

UVgel gel inks
Océ PAINT technology

Технологија Océ PAINT

Нема потреба да го надгледувате печатачот бидејќи во главите за печатење, статусот на млазниците постојано се следи со технологијата за вградена пиезо-акустична млазница (PAINT). Кога ќе се открие дефект, оштетената млазница (привремено) се исклучува и нејзината работа ја компензираат соседните млазници. Главите за печатење се чистат во соодветно време. Потполно автоматизирано.

Сакате да дознаете повеќе за Océ Colorado 1650?

Зборувајте со член од нашиот тим денес

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ТИМОТ



Претходно моравме да ги пластифицираме отпечатените материјали за да добиеме мат изглед, но сега веќе не мораме да го правиме тоа. Со Colorado 1650 директно печатиме мат материјали.

Jeroen Renders - Studio Schoot (NL)
Quote renders

Дали сте подготвени да го подобрите вашето деловно работење со нови апликации?

РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАШИОТ ТИМ