Палетата на мрежни камери од Canon ви нуди соодветно решение за местата каде што надзорот е навистина потребен. Компактни, а сепак со врвни перформанси, тие нудат исклучителен квалитет на слика дури и при слаба осветленост, на места со големи безбедносни ризици.
Применувајќи го искуството во обработка на слика од над 70 години, сеопфатниот асортиман на мрежни камери од Canon го покриваат секој агол. Различните модели на камери од типот PTZ, со купола и во кутија со Full HD или резолуција од 1,3MP, кои се дел од асортиманот, нудат широко видно поле и импресивен квалитет на слика - дури и при слаба осветленост.
Набљудувајте пространи површини и следете ги објектите на едноставен начин со нашите камери кои имаат функции за поместување, закосување и зумирање (PTZ). Идеални за управување со сообраќај и набљудување во градови.
Нашите камери во купола се доказ дека набљудувањето може да биде дискретно. Компактни и со привлечен изглед, тие се совршени за затворени и отворени простории.
Создадени за да одговараат во различни ситуации, нашите камери во кутија нудат широки агли на гледање и лесно се инсталираат, без разлика дали се поставуваат на ѕид или таван.
Преземете софтвер, фирмвер и упатства за вашата мрежна камера.
Прочитајте ги приказните на нашите потрошувачи и дознајте како мрежните камери на Canon помогнале во решавање на вистински безбедносни предизвици.