ПРОИЗВОДИ

Камери во купола

Во опкружувањата каде што дискретноста е приоритет, нашите камери во купола претставуваат совршено решение.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

PTZ camera

Широк агол на гледање

Компактни и со привлечен изглед, тие нудат извонреден квалитет на слика со широк агол на гледање - без разлика дали ќе ги монтирате на ѕид или таван. Тие се совршени за користење во затворени и отворени простории.

Компактни и дискретни

Нашите камери во купола се дизајнирани да бидат дискретни, така што нашите извонредно компактни модели VB-S се толку мали што можете да ги држите на дланка. Асортиманот на дополнителни алатки за монтирање со вградување овозможува сите модели да се монтираат дискретно и да не ја нарушат естетиката на опкружувањето во кое се монтираат.

Далечински PTRZ систем

Откако ќе ја инсталирате алатката за подесување на аголот на камерата - до која се пристапува преку компјутер - таа овозможува далечински пристап до функциите (P-T-R-Z) на камерата. Ова значи дека факторите како фокусирање и насочување на камерата не мора да се земат предвид при монтирањето, бидејќи сите тие може да се вршат преку компјутер. На овој начин заштедувате време и ќе ви бидат потребни помалку луѓе при монтирањето.

Internal view of shopping centre

Лесна инсталација

Монтирањето е брзо и едноставно со индустриските стандардни отвори за завртки, а во кутијата е приложен и шаблон со ознаки за отворите. Асортиманот на дополнителна опрема овозможува монтирање на поплочени тавани, на ѕид, па дури и на столб. Се напојуваат преку струјна мрежа или преку етернет кабел за уште поголема флексибилност. Нашите извонредно компактни модели VB-S може лесно да ги монтира еден човек.

Easy

Сакате да дознаете повеќе за камерите во купола?

Обратете се кај тимот за мрежни камери

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ТИМОТ

Не сте сигурни какви производи ви се потребни за вашето деловно работење?

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ТИМОТ