СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА

Компанијата Impressa импресионира со својата нова флексибилност

Older man wearing glasses and an orange polo shirt and younger man in blue long-sleeved shirt smile as they look at a screen on a commercial digital printer.

Деловно работење со разновидни опции

Компанијата за услуги за рекламно печатење Impressa нуди промотивни, канцелариски и индустриски материјали, вклучувајќи и рекламни материјали за продавници. За печатење вакви материјали за продажба се потребни различни предуслови, голем опсег на достапни големини за печатење серии и кратки рокови.

Bald man in purple t-shirt with yellow writing pulls large sheets of multi-colored printed paper from a digital printer.

Задоволување на побарувачката за малопродажба

Покрај големата количина на отпадни материјали што ја создаваа стандардните машини за печатење на Impressa, тие работеа бавно и создаваа многу трошоци при печатење помали количини. Освен тоа, клиентите за малопродажба чекаа да се исушат отпечатените материјали, што не е идеално во денешниот динамичен пазар.

На компанијата ѝ требаше ново дигитално решение за печатење што ќе се справи со предизвикот преку брза обработка на серии за печатење во различна големина и тоа по соодветна цена.

КОГА ЗАПОЧНАВМЕ ДА БАРАМЕ ПЕЧАТАЧИ ЗА ШИРОКИ ФОРМАТИ, ДОБИВМЕ МНОГУ ПОЗИТИВНО ПРЕТЧУВСТВО ЗА КОМПАНИЈАТА CANON.

Tom Cambré, CTO во Impressa

Целосно дигитално решение за печатење

По консултација и препорака од Canon, компанијата Impressa инвестираше во ColorWave 700. Новото дигитално решение за печатење за краток период остави позитивен впечаток со брзото и ефикасно извршување на задачите за висококвалитетно печатење во сите големини, независно дали материјалите се во боја или црно-бели.

Брзото, флексибилно и евтино извршување на задачите за печатење на барање потполно го промени портфолиото на услуги на компанијата. По само шест месеци, компанијата Impressa купи втор уред од Canon со кој овозможи еволуција на своите можности за печатење.

Commercial digital printer in an office prints an A1 sheet of paper with a cartoon image of a child on an orange background.

Повеќе работа, помалку отпад

Паметното печатење со ColorWave 700 ѝ овозможи на компанијата да го зголеми обемот на работа за 15-20%. Компанијата Impressa успеа да го постигне и предвидениот поврат на инвестиција за само три месеци.

Благодарение на автоматизираната технологија, новото дигитално решение за печатење им ја олесни работата на вработените и значително ги намали нивоата на отпадни материјали - важна придобивка за компанија што навистина се грижи за животната средина.

Инспирирана да почне да нуди нови и возбудливи услуги, компанијата Impressa почна да го истражува пазарот за тапети, што претставува реална можност за во иднина.

Canon ColorWave 700 printing poster

ПОЗИТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ НАШЕТО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ ШТО ГО СОЗДАДЕ ПРВИОТ УРЕД НÈ ОХРАБРИ ДА КУПИМЕ ВТОР УРЕД COLORWAVE.

Напишано од Tom Cambré


Дознајте како нашите услуги за професионално печатење можат да го подобрат вашето деловно работење.

Разговарајте со нашиот тим