Компанијата за услуги за рекламно печатење Impressa нуди промотивни, канцелариски и индустриски материјали, вклучувајќи и рекламни материјали за продавници. За печатење вакви материјали за продажба се потребни различни предуслови, голем опсег на достапни големини за печатење серии и кратки рокови.
Покрај големата количина на отпадни материјали што ја создаваа стандардните машини за печатење на Impressa, тие работеа бавно и создаваа многу трошоци при печатење помали количини. Освен тоа, клиентите за малопродажба чекаа да се исушат отпечатените материјали, што не е идеално во денешниот динамичен пазар.
На компанијата ѝ требаше ново дигитално решение за печатење што ќе се справи со предизвикот преку брза обработка на серии за печатење во различна големина и тоа по соодветна цена.
Tom Cambré, CTO во ImpressaКОГА ЗАПОЧНАВМЕ ДА БАРАМЕ ПЕЧАТАЧИ ЗА ШИРОКИ ФОРМАТИ, ДОБИВМЕ МНОГУ ПОЗИТИВНО ПРЕТЧУВСТВО ЗА КОМПАНИЈАТА CANON.
По консултација и препорака од Canon, компанијата Impressa инвестираше во ColorWave 700. Новото дигитално решение за печатење за краток период остави позитивен впечаток со брзото и ефикасно извршување на задачите за висококвалитетно печатење во сите големини, независно дали материјалите се во боја или црно-бели.
Брзото, флексибилно и евтино извршување на задачите за печатење на барање потполно го промени портфолиото на услуги на компанијата. По само шест месеци, компанијата Impressa купи втор уред од Canon со кој овозможи еволуција на своите можности за печатење.
Паметното печатење со ColorWave 700 ѝ овозможи на компанијата да го зголеми обемот на работа за 15-20%. Компанијата Impressa успеа да го постигне и предвидениот поврат на инвестиција за само три месеци.
Благодарение на автоматизираната технологија, новото дигитално решение за печатење им ја олесни работата на вработените и значително ги намали нивоата на отпадни материјали - важна придобивка за компанија што навистина се грижи за животната средина.
Инспирирана да почне да нуди нови и возбудливи услуги, компанијата Impressa почна да го истражува пазарот за тапети, што претставува реална можност за во иднина.
ПОЗИТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ НАШЕТО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ ШТО ГО СОЗДАДЕ ПРВИОТ УРЕД НÈ ОХРАБРИ ДА КУПИМЕ ВТОР УРЕД COLORWAVE.
Напишано од