СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА

Forever Rose - напредуваме заедно


Преземете ја студијата за анализа на Forever Rose


ЗАБЕЛЕЖАВМЕ ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ, ВО СПОРЕДБА СО ЛАСЕРСКИОТ ТОНЕР ШТО ГО КОРИСТЕВМЕ ПРЕТХОДНО, ОД ШЕЕСЕТ ДО СЕДУМДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ.

Asim Hussain, International Commercial Director, Forever Rose
Forever Rose

Forever Rose ја започна својата авантура во 1999 година во Лондон, испорачувајќи вечни рози во кралските палати во Обединетото Кралство и Белгија. Forever Rose, со главно седиште во Дубаи, сега е бутик за луксузни подароци во кој може да купите вечни рози, врвни чоколади и специјално избрани парфеми и жични инструменти уд (Oud).

Significant challenges

Големи предизвици

Глобалното проширување отвори можност за вработување на повеќе од 500 луѓе во Forever Rose. Редовното извршување на повеќето административни задачи предизвика огромни дневни потреби за печатење.

Постоечкиот систем за ласерско печатење честопати ги трошеше сите картриџи со тонер, а тоа значеше постојано нарачување и сè поголем притисок поврзан со трошоците. Балансирањето на потребата за доследно и сигурно печатење со голем обем и намалувањето на трошоците за печатење беа проблеми што сопственикот Ebraheem Al Samadi беше одлучен да ги отстрани.

Решение од Canon

Ebraheem сметаше дека е важно да почне соработка со компанија што ќе може да му конкурира на престижниот бренд што тој го создава во Forever Rose. Со избирање на компанијата Canon и печатачот MegaTank, тој успеа да ги реализира сите свои цели истовремено.

„ВО ОДНОС НА РАЗВИВАЊЕ СОФИСТИЦИРАН И ПРЕКРАСЕН ПРОЦЕС НА ПЕЧАТЕЊЕ, ОДЛУЧИВМЕ ДА СОРАБОТУВАМЕ СО КОМПАНИЈАТА CANON БИДЕЈЌИ НЕ ПРОНАЈДОВМЕ ДРУГА ОПЦИЈА ШТО ЌЕ НИ ГО ПОНУДИ НАЈДОБРИОТ МОЖЕН КВАЛИТЕТ“

- вели Ebraheem Al Samadi.

Significant challenges

MegaTanks им овозможи на Forever Rose да печатат сигурно многу поголеми количини без да се грижат за потрошување на мастилото или зголемување на трошоците. Вградените резервоари со мастило поставени на предната страна овозможуваат лесно следење на нивоата на мастилата. А благодарение на подобрениот дизајн на шишињата, дополнувањето е брзо и лесно кога ќе се јави потреба за тоа. Во некои места немало потреба од дополнување на мастилата во печатачите MegaTanks повеќе од 6 месеци. Тоа не е изненадувачка информација кога ќе земете предвид дека со комплет од само 3 шишиња со црно мастило за големи количини може да отпечатите до 18.000 страници.

Canon solution


Печатиме секојдневно - фактури, комерцијални документи, договори - и затоа печатењето со голем обем по достапна цена беше еден од главните критериуми при изборот на печатачот MegaTank од Canon.

Мастилото со црн пигмент е идеално за печатење секојдневни деловни документи со мали трошоци, а висококвалитетните мастила базирани на боја ви овозможуваат да печатите неверојатно јасни и природни фотографии - нешто што Forever Rose го работи. Кога сакаат да подарат вечна роза, корисниците можат да изберат да додадат лична фотографија - отпечатена беспрекорно со печатачот MegaTank од Canon - за да создадат подобра и поемотивна врска со примателот на подарокот.

Печатачот MegaTank од Canon се вклопува во начинот на работа на Forever Rose, а не обратно. За голем дел од тоа е заслужна апликацијата Canon PRINT која го олеснува далечинското печатење. Вработените можат да ги користат паметните телефони за да печатат директно преку уредот без потреба од компјутер.

Заедно

Ebraheem е подготвен за иднината со одлични планови што ќе резултираат со повеќе драгоцени моменти за Forever Rose на меѓународен план.

„Со гордост изјавувам дека компанијата Canon ќе нè придружува на ова патување и ќе освојуваме по еден голем бутик во секој поголем град во светот“ - вели Ebraheem.

Несомнено, печатачот PIXMA од серијата G на Canon ќе биде најважниот играч во претстојната деценија.

Слични студии за анализа