DWF сакаше деловен партнер кој ќе го предизвика да го трансформира својот бизнис преку технологијата. Соработувајќи со DWF, Canon изработи и имплементираше нова стратегија за документи во склад со неговата инфраструктура за печатење. Се воведе мобилен пристап до документите, печатење од мобилен телефон и дигитална просторија за електронски пораки која автоматски ги дигитализира и испорачува сите печатени документи директно до поштенското сандаче на примачот во форма на e-mail порака за флексибилно работење на персоналот на DWF; без разлика дали патуваат, работат со клиенти или работат на маса во различна канцеларија. Решението вклучуваше безбедносна идентификација и систем за издавање на задачи како помош во намалување на влијанието врз средината и зголемување на безбедноста на документите.
Поголема ефикасност на вработените преку работа со максимална флексибилност и поголем пристап до информации
Намалување од 50% во канцеларискиот простор за складирање по човек
Решението за дигитална просторија за електронски пораки ќе овозможи во иднина намалување на годишните трошоци до £1m
Достигнати се најстрогите меѓународни стандарди за безбедност на информации со сертификатот ISO 27001
Да се воведе дигитална средина за работење која ја поддржува деловната стратегија на DWF за да понуди подобри услуги за клиентите, поголема профитабилност и да ги привлече најдобрите луѓе кои ќе го издигнат DWF во најдобрите 15 адвокатски куќи.
• Бизнис и индустрија со интензивно користење на хартија
• Индустрија регулирана со закони, каде што безбедноста на информациите е од огромно значење
• 13 локации на канцелариите
Стратешко партнерство во склад со традиционалните начини на работа на DWF со документи и информации.
Кликнете на линковите подолу за да прочитате повеќе за производите и услугите што ги користат.