Како експертите за кулинарство од Miele станаа креатори со помош на Canon

Од стоење пред камерите, до управување со контролерите зад нив, дознајте како кујнскиот гигант Miele ги претвора своите готвачи во креатори на содржини кои заштедуваат пари, благодарение на решенијата од Canon кои се беспрекорно дизајнирани за нивното студио.

Пронаоѓање на рајската долина за храна

Замислете си ја вашата кујна од соништата. Веројатноста е голема да има производ од Miele во неа. Позната по своите врвни и наградувани апарати, семејната компанија Miele е една од најголемите интернационални производители уште од 1899 година. Како 100-годишен бренд со неверојатна репутација за својот дизајн, угледот е многу важен фактор при секоја интеракција со потрошувачите, вклучувајќи ја и нивната онлајн редакторска програма.

Со цел да ги подобрат своите можности за создавање дигитални содржини, кулинарскиот тим во Швајцарија сакаше да отпочне преноси во живо во епизоди, каде што потрошувачите ќе можат да дознаат како да извлечат максимум од своите производи преку демонстрации и водичи за готвење, многу слично на содржините кои ги гледате на телевизија. За нивното професионално студио, со простор за мала публика во живо, беше потребно трајно решение со повеќе камери кое ќе може да го ракува персонал без техничко познавање, бидејќи сакаа целосната продукција да се изведува во рамките на компанијата.

Претходно, ако сакале да снимаат содржини, како демонстрации за готвење и изложби на производи, тие најмувале агенции за кои биле потребни големи трошоци, сложени постапки за поставување опрема во студиото и бавно извршување на процесите.

„Со Canon, ја пронајдовме совршената алатка за задоволување на нашите потреби и за видеографија и за фотографија“ - вели Barbara Märkli, шеф за кулинарско доживување, Miele AG. „Намалувањата на трошоците за агенции се во високиот опсег на петоцифрените суми, изразени во евра, а очекуваме и амортизација за нашето студио во следните три години“.

Клиент: Miele AG
Локација: Шпрајтенбах, Швајцарија

„Најубедливиот фактор за Miele беше прецизноста на боите и перформансите на фотоапаратот. Компанијата е силно ориентирана на храна и има огромни очекувања кога станува збор за квалитетот на сликите“.

Предизвикот

Компанијата Miele Switzerland сакаше да започне со внатрешна продукција на содржини, па затоа контактираше со интеграторот на системи Ganz Supravision за да пронајдат поефикасно AV-решение. Поради карактерот на содржините за храна, главните критериуми беа професионален квалитет на слика и прецизни бои. Компанијата Miele, која создава по неколку видеозаписи месечно, сакаше креативна контрола и сакаше да го искористи талентот на своите експерти за кулинарство и производи, па затоа технологијата требаше да биде лесна за користење. Пред Canon, тие барале поддршка за продукција од трети страни, на кои им било потребно најмалку еден ден за да ја постават опремата, а потоа уште половина ден за да ја отстранат.

Решението

Со поддршка од компанијата Ganz Supravision, предводена од Christian Mossner, Miele избра сеопфатен пакет составен од целата палета на камери Cinema (C70), хибридни фотоапарати (R5C) и PTZ-камери (CR-N300 и CR-N500) од Canon, како и контролорот RC-IP100. Со поврзување преку NDI и со организирано поставување на каблите, контролата на фотоапаратите е централизирана и целосно поддржана од Canon. Благодарение на истите вредности за извонреден квалитет и интуитивна технологија која се приспособува кон вас, Canon беше совршениот избор за Miele.

„Намалувањата на трошоците за агенции се во високиот опсег на петоцифрените суми, изразени во евра“.

Од сечкање храна до создавање содржини

„Пред да застанам пред камерата како готвач, бев загрижен за користење професионална камера“ - вели Benoît Croset. „Но сега, по обуката со Christian, можам да ракувам со PTZ-камерата. Многу, многу лесно се користи“.

Benoît е еден од специјалистите за производи и готвачи на компанијата Miele, кој сега ги режира и создава нејзините емисии за готвење зад камерите, заедно со готвачот Marco.

Благодарение на нивното искуство за демонстрации за готвење, тие точно знаеја како размислуваат презентерите и знаеја дека продукцијата треба да биде доволно флексибилна за да се приспособи кон нив, а воедно и да ги истакне апаратите во акција како дел од процесот за готвење.

Готвењето во живо е непредвидливо. На тимот му е потребна опрема која ќе му овозможи да реагира инстинктивно во моментите кои не се дел од сценариото. На пример, во случај работите во рерната да не се одвиваат по планот, многу е важно да направите брзо PTZ-движење на камерата во друга насока. Никој не сака да ја види изгорената пица во крупен кадар.

„Сакам да ги издвојам најсовремената технологија, неверојатното ракување и сигурните перформанси кои ги нуди Canon“.

Јадеме со очите

За Christian Mossner, еден од извршните директори на Ganz Supravision AG, оригиналноста на брендот доаѓа повеќе до израз преку талентот на своите експерти кои темелно ги знаат приказната, технологијата и процесот. Тој објасни: „Најубедливиот фактор за Miele беше прецизноста на боите и перформансите на камерата. Компанијата е силно ориентирана на храна и има огромни очекувања кога станува збор за квалитетот на сликите“.

Каков е резултатот? Брендирани емисии за готвење кои изгледаат достојни за на телевизија, создадени внатрешно од готвачи кои прераснале во креатори на содржини. Независно дали е пред или зад камерите, швајцарскиот тим на Miele докажува дека внатрешната видеопродукција станува реалност. Christian верува дека “многу компании ќе го направат истото - поучени од Miele“.

Шлагот на тортата за Barbara се „најсовремената технологија, неверојатното ракување и сигурните перформанси кои ги нуди Canon“.