Forever Rose, Дубаи
Дознајте како MegaTank помогна во сите секојдневни задачи за печатење во овој меѓународен бутик.
• Пронаоѓање економичен печатач што може да ги задоволи сè поголемите побарувачки
• Обезбедување забавни материјали за децата на едноставен начин
• Печатење различни образовни материјали во различни формати
• Често снемување мастило
• Многу непотребен отпад
• Едноставно печатење од безжични уреди
• Едноставно и брзо печатење на сите образовни материјали
• Продуктивни и квалитетни перформанси со голем обем на печатење
• Намалување на трошоците за печатење
• Едноставно поврзување
Natasha Spink, Franchise Owner, Mini ProfessorsСИГУРЕН Е, ГИ НАМАЛУВА ТРОШОЦИТЕ, ПРАКТИЧЕН Е ЗА КОРИСТЕЊЕ…И ИЗГЛЕДА ОДЛИЧНО ВО МОЈОТ ДОМ.
Децата имаат незаситна потреба за учење. Mini Professors им нуди можност да научат нови научни вештини во забавно и безбедно опкружување, а притоа да се восхитуваат на светот околу нив.
Објаснувањето на законите од науките на едноставен начин преку возбудливи експерименти им нуди можност на сите деца - од предучилишна до училишна возраст - да станат мини професори.
Natasha Spink раководи со франшизата Mini Professors во St Albans и Harpenden. Нејзината компанија е релативно нова и требаше брзо да се докаже на пазарот. Затоа таа сакаше да пронајде партнер што ќе може да ги задоволи потребите за маркетинг на нејзината франшиза, но и ќе ги исполни различните предуслови за печатење што ѝ беа потребни за работа со децата што ги посетуваа нејзините курсеви.
По долготрајно истражување на интернет, Natasha беше убедена дека печатачот MegaTank од Canon ги исполнува сите критериуми и никогаш не се покајала за изборот.
„Имаме многу различни шаблони и налепници за печатење и користиме различни видови на картички. Серијата PIXMA G од Canon печатеше врз сите медиуми што ги ставив во механизмот за снабдување досега“ - вели Natasha.
MegaTanks - вградени резервоари за мастило што можат лесно да се дополнуваат и се наменети за печатење големи количини со мали трошоци - беа најважниот фактор при купувањето и се покажаа како незаменливи.
Резервоарите се одлични бидејќи имаат линии за индикација на волуменот и можам да видам точно колку мастило има во нив. Тоа дефинитивно ми заштеди пари бидејќи со мојот претходен печатач ќе потрошев многу картриџи.
Опциите за безжично поврзување се, исто така, добредојдени. Печатачот MegaTank ѝ овозможува на Natasha да ги надгледува децата во една просторија и да испраќа содржини за печатење од нејзиниот лаптоп во друга просторија, знаејќи дека сè ќе биде подготвено во моментот кога ќе ѝ притреба.
На крајот од секој час, децата добиваат сертификати како спомен за новите вештини што ги научиле. Печатачот MegaTank нуди сигурно и висококвалитетно печатење што создава сертификати со одличен изглед и голема вредност.
„Се чувствувам одлично што можам да им дадам нешто со кое се гордеам. Квалитетот е одличен, а децата можат да се гордеат со сертификатите и да ги закачат во нивниот дом“ - објаснува Natasha.
Natasha замислува светла иднина за децата што ги посетуваат нејзините курсеви, верувајќи дека допирот со науката на толку рана возраст може да биде само позитивно искуство. Таа има и планови да ја прошири својата франшиза во повеќе градинки и основни училишта, но и да создаде поголема база на клиенти родители-деца.
Печатачот од серијата PIXMA G на Canon ќе има важна улога во оваа авантура.
Дознајте како MegaTank помогна во сите секојдневни задачи за печатење во овој меѓународен бутик.
Дознајте како MegaTank му помогна на ова семејство да го подигне деловното работење на повисоко ниво.