СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА

Premier Insurance - осигурување на иднината

Hero image

Преземете ја студијата за анализа на Premier Insurance


ПЕЧАТАЧОТ MEGATANK ОД CANON НИ ПОМОГНА ДА ГО ПОДОБРИМЕ НАШЕТО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ.

Anik Islam, Managing Director, Premier Insurance
Premier Insurance has been providing

Premier Insurance им нуди услуги за осигурување на своите клиенти уште од 1983 година. Сè до пред неколку години, со деловното работење раководеше само еден човек. Тоа се промени кога Anik Islam го презема раководството, со амбиција „да ги достигне ѕвездите“. Сега Premier Insurance е компанија за посредување со осигурувања во Обединетото Кралство, без знаци за намалување на развојот.

Resources need to meet demand

Ресурсите треба да ја задоволат побарувачката

„Некои од печатачите што ги имавме не можеа да се поврзат безжично, па затоа сакавме да овозможиме непречено работење без неред од кабли што претставуваат потенцијална опасност. Да не го заборавиме и проблемот со потрошувачката на мастило - постојано трошевме време за нарачка на скапи картриџи и за дополнување хартија“ - објаснува Anik.

Печатачите што ги имаа можеа да печатат само врз стандардна канцелариска хартија, а квалитетот на печатење беше просечен во најдобрите услови.

Решение од Canon

Anik истражуваше многу за да пронајде решение што ќе ги задоволи нивните разновидни потреби: голема продуктивност, опции за поврзување, голем обем на печатење и флексибилност при печатењето.

„КОГА ЈА ОТКРИВМЕ СЕРИЈАТА PIXMA G ОД CANON, БЕВМЕ УБЕДЕНИ ДЕКА ТАА ЌЕ НИ ГИ РЕШИ СИТЕ ПРОБЛЕМИ“

- вели Anik.

Quote image

Серијата PIXMA G нуди интуитивен кориснички интерфејс преку LCD-екран, капацитет од 350 листови и автоматско двострано печатење - идеално за динамичкото канцелариско опкружување во Premier Insurance. Опциите за поврзување преку етернет овозможуваат безбедно поврзување со голема брзина со сите локални мрежни уреди во канцеларијата.

Најважно од сè, серијата PIXMA G од Canon се одликува со резервоари за мастило што се дополнуваат, што се наменети за печатење големи количини и што овозможуваат континуирана продуктивност со помали трошоци во споредба со слични печатачи. Тоа значи дека може да отпечатите најмногу 18.000 страници со само 3 шишиња со црно мастило, а тоа е огромна разлика, како што посочува Anik.

Body image


АДМИНИСТРАТИВНИОТ ДЕЛ ОД ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ Е МАКСИМАЛНО ОЛЕСНЕТ. НЕМАМЕ ПРЕКИНИ ВО РАБОТАТА И ОБЕМОТ НА ПЕЧАТЕЊЕ Е МНОГУ ГОЛЕМ. НЕ НАРАЧУВАМЕ МАСТИЛО ПОСТОЈАНО СО ШТО ГИ НАМАЛИВМЕ ТРОШОЦИТЕ, А МАСТИЛОТО ЛЕСНО СЕ НАДОПОЛНУВА.

Серијата PIXMA G поддржува различни медиуми - обична хартија, пликови, картички и фотохартија со големини од 3,5 инчи до A4. Исто така, се одликува со 2-насочно снабдување со хартија што значи дека пликовите може да се внесат преку задниот механизам за снабдување, а обичната хартија може да се внесе преку предната касета. Тоа ја елиминира потребата од менувањето на овие два медиуми што заштедува скапоцено време во текот на денот.

Мастилото со црн пигмент е идеално за печатење професионални деловни документи со мали трошоци, а висококвалитетните мастила базирани на боја се совршени за опкружувања за услужување потрошувачи.

Овие нови и моќни опции го подигнаа деловното работење на Premier Insurance на повисоко ниво. Сертификатите, рекламните материјали и пликовите се печатат со врвен квалитет преку печатачот од серијата PIXMA G што го прави препознатлив новиот бренд Premier Insurance.

Добредојдени се и опциите за поврзување со Cloud. Со помош на практичната апликација Canon PRINT, Canon PIXMA Cloud Link овозможува печатење од кое било место во светот преку интернет врска. Всушност, можно е и далечинско печатење преку сметки на Cloud како што се Google Drive, Dropbox или Evernote, при што услугите на Cloud можат лесно да се интегрираат во постоечкиот работен процес и да овозможат непречена интеграција помеѓу работниците на терен и работниците во канцеларијата.

Проширување во Обединетото Кралство со серијата PIXMA G

Premier Insurance има амбициозни планови за во иднина и ги препознава стратешките предности што ги нудат физичките локации наменети за корисници во Обединетото Кралство. Anik одлучи дека во сите овие локации ќе има по еден PIXMA G6050.

Несомнено, серијата PIXMA G од Canon стана незаменлив член во тимот на Premier Insurance.

Слични студии за анализа