ОД КУПУВАЊЕ ДО ПЛАЌАЊЕ

Поддршка на развојот со автоматизирано решение од купување до плаќање

Middle-aged man in shirt walks between warehouse shelving

Деловно работење во развој

KEW Electrical е една од независните компании за продажба на електрични материјали на големо со најбрз развој во Обединетото Кралство, која е прочуена по набавување на залиха во текот на истиот ден и персонал што се фокусира на корисниците.

Man in high visibility vest takes stock of boxes in electrical wholesaler warehouse

Последици од брзиот развој

Откако стапката на развој на компанијата започна да го надминува својот капацитет, тимот за финансии почна рачно да обработува 96.000 фактури за набавка годишно. Овие одделни документи ја отежнуваа евиденцијата на материјали што биле примени, но не и фактурирани. Без соодветен преглед на трошоците, оваа компанија со континуиран брз развој се соочи и со проблем со готовинскиот промет.

KEW Electrical имаше потреба од решение за управување со процеси што ќе ги задоволи нејзините деловни потреби.

Woman in office processes Accounts Payable paper invoices in front of computer

Дигитална трансформација со решението од купување до плаќање од Canon

Формирајќи стратешко партнерство со Canon, компанијата KEW Electrical успеа да го трансформира својот процес за исплата на фактури со сеопфатното и автоматизирано решение од купување до плаќање (P2P) од Canon.

Овој дигитализиран процес автоматизира 80% од процесот за исплата на фактури на компанијата KEW Electrical со една платформа што овозможува автоматско усогласување, евидентирање и пополнување електронски фактури според броевите на налозите за исплата. Решението од купување до плаќање на Canon ѝ овозможи на компанијата KEW Electrical да работи побрзо и поефикасно и да го оддржи и поддржи својот деловен развој со голема продуктивност, потполна усогласеност и јасен преглед на трошоците.

Man in shirt talks to man in high visibility jacket among rolls of electrical cabling in warehouse

ФАКТУРИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ГУБАТ ВО ПОШТАТА И НЕ СЕ ДОЦНИ СО НИВНАТА ОБРАБОТКА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА БРЗИНАТА И ЕФИКАСНОСТА НА АВТОМАТИЗИРАНИОТ СИСТЕМ.

Tim Standing,
Финансиски директор на KEW Electrical

Автоматизација на работните процеси за поголем развој

Имплементацијата на автоматизирано решение од купување до плаќање ѝ овозможи на компанијата KEW Electrical да добие целосен преглед и контрола врз готовинскиот промет и трошоците. Подобрената куповна моќ ги намали потребите за дополнителен персонал и ги намали трошоците за набавка - компанијата може да ги користи и придобивките од попустите за предвремено плаќање на фактурите на испорачувачите.

Во извршниот одбор на KEW Electrical, функциите за создавање извештаи и контрола на решението од купување до плаќање нудат јасен преглед на целиот процес за исплата на фактури, со што се минимизира ризикот од измама и двојна исплата.

Автоматизираното решение се покажа толку успешно во тимот за финансии на компанијата и во извршниот одбор, така што компанијата KEW Electrical почна да го применува решението од купување до плаќање од Canon и во одделот за управување со режиски трошоци.

ИМАМЕ ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ И САКАМЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА РАБОТИМЕ СО ПАРТНЕР КОЈ МОЖЕ ДА НÈ ПОДДРЖИ И ДА ПРОДОЛЖИ НА ОВА ПАТУВАЊЕ СО НАС.

Подобрете го вашето деловно работење со побрзи и попаметни решенија од купување до плаќање.

Разговарајте со нашиот тим

  • Canon
  • Деловно работење
  • ...
  • Студија за анализа на Kew Electrical со автоматизирано решение од купување до плаќање