Ново

Canon imagePROGRAF TX-3310/4310 MFP Z36

Добијте остро техничко печатење со повеќефункционален печатач со 5 бои за формати од 36” или 44”, кој нуди непрекината продуктивност, истовремено извршување на повеќе задачи за печатење и скенирање, лесни работни процеси, како и напредни поставки за безбедност за заштита на доверливите податоци, во опкружувањата во кои се печати во голем обем.

3,3 стр./мин. (A1)

Брзина на печатење која е водечка во оваа категорија

Ново мастило MBK

Зголемена прецизност за тенки линии

Моќна безбедност

Заштита на важните информации

13 инчи во секунда

Брзина на скенирање (црно-бело)

Создаден за продуктивност со истовремено печатење и скенирање

Серијата imagePROGRAF TX MFP ги подигнува стандардите за продуктивност, прецизност и безбедност во техничкото печатење и скенирање документи со голем обем. Брзините за печатење во форматот A1 кои се водечки во оваа класа, функциите кои ја зголемуваат продуктивноста и интегрираното скенирање придонесуваат да се придржувате до работниот распоред. Новите мастила MBK создаваат поостри технички цртежи, што ви нуди доверба при секое печатење.

Непречено извршување на повеќе задачи во исто време

Поедноставете ги процесите за печатење и скенирање со врвниот скенер Z36. Интуитивниот екран на допир од 15,6” и најновиот софтвер SmartWorks овозможуваат рамномерно и истовремено печатење и скенирање, за ефикасни и многу продуктивни работни процеси.

Непрекината продуктивност

Извршувајте задачи со голем обем со помош на конфигурацијата со два валјаци и брзините на печатење до 3,3 стр./мин. (A1), кои се водечки во оваа категорија. Менувањето на мастилата без прекинување на работата и подобрената корпа за редење овозможуваат континуирано печатење во форматите A0 и A1, а калибрацијата на боите, следењето на главата на печатачот и автоматските приспособувања придонесуваат за минимален број на погрешни печатења.

Прецизност во секој детаљ

Новото мастило MBK со голема густина, во комбинација со подобрената обработка на слики, нуди неверојатно остри тенки линии и почисти технички детали при секое печатење, овозможувајќи им на техничките цртежи, CAD-проектите и GIS-документите да ги исполнат дури и највисоките стандарди за прецизност и острина.

Лесен работен процес

Работни процеси за рамномерно и непречено печатење, за кои е потребно помалку време за поставување и секојдневно управување, вклучувајќи автоматско ставање медиуми, поедноставни поставки за медиуми и интуитивен панел од 4,3” на печатачот. Бесплатните алатки за праќање задачи, како Direct Print Plus и PRISMAproduce Tech, нудат висококвалитетно прегледување за да помогнат во минимизирање на погрешните печатења.

Моќна безбедност

Од подобрени шифрирани комуникации и безбедно печатење со PIN-код, па сè до напреден процес за проверка на идентитетот и безбедно бришење на тврдите дискови, серијата imagePROGRAF TX MFP нуди безбедно печатење и највисоко ниво на заштита за вашите документи, уреди и мрежа.

Подетални информации за imagePROGRAF TX-3310 MFP Z36 и TX-4310 MFP Z36

Дознајте како серијата imagePROGRAF TX MFP ги спојува функциите за прецизно печатење и скенирање, за да се справи со задачите со голем обем.

Споредба на imagePROGRAF TX-3310 MFP Z36 и TX-4310 MFP Z36

Разгледајте ги imagePROGRAF TX-3310 MFP Z36 и TX-4310 MFP Z36 во истата палета.

imagePROGRAF TX-3310/4310 MFP Z36

imagePROGRAF TX-3310 MFP Z36

imagePROGRAF TX-3310/4310 MFP Z36

imagePROGRAF TX-4310 MFP Z36

Ширина

36”
44”

Големина на резервоар за мастило

700/330/160 ml
5 мастила во боја со пигмент (вкл. ново мастило MBK)
700/330/160 ml
5 мастила во боја со пигмент (вкл. ново мастило MBK)

Брзина на печатење

17 сек. за CAD во А1-формат (3,3 стр./мин.)
17 сек. за CAD во А1-формат (3,3 стр./мин.)

Големина на панелот со екран на допир

Панел од 4,3” на печатачот
Панел од 15,6” на скенерот
Панел од 4,3” на печатачот
Панел од 15,6” на скенерот

Скенер

CIS-скенер со двострано LED-осветлување
CIS-скенер со двострано LED-осветлување

Брзина на скенирање

13 ips (црно-бело), 6 ips (во боја)
13 ips (црно-бело), 6 ips (во боја)

Максимална резолуција

1200 dpi
1200 dpi

Максимална ширина на документи

38”
38”

Опции за поврзување

Поддршка за Apple AirPrint и IPP Everywhere
Поддршка за Apple AirPrint и IPP Everywhere

Виртуелна галерија

Уживајте во интерактивна турнеја со алатката за виртуелна галерија на imagePROGRAF. Дознајте за иновациите на Canon кои се вградени во нашите печатачи за големи формати.

Оригинално мастило LUCIA од Canon

Секогаш избирајте оригинални мастила LUCIA од Canon наместо какви било други мастила што не се произведени од Canon. Никогаш не правете отстапки во квалитетот на отпечатените материјали.

Слични производи и решенија

  • imagePROGRAF TZ-32000 MFP Z36

    Максимизирајте го печатењето во производствениот сегмент со повеќефункционален печатач со 5 бои за големини до 36", кој нуди лесна продуктивност со интуитивно користење, професионален квалитет на слика, подобрена безбедност и врвни перформанси за скенирање.
  • imagePROGRAF TZ-32000

    Максимизирајте го печатењето во производствениот сегмент со одржлив печатач со 5 бои за формати до 36", кој нуди лесна продуктивност со интуитивно користење, професионален квалитет на слика и моќна безбедност. Дизајниран за корпоративни и големи канцеларии, владини канцеларии и компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство.

    imagePROGRAF TX-3300/4300

    Добијте голема продуктивност без прекини, моќна безбедност и печатете поостри технички документи со одржливите печатачи со 5 бои за формати од 36" и 44". Дизајниран за големи корпоративни и владини канцеларии, компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство.

Истражете повеќе

Софтвер Canon PRISMAproduce Tech

Моќна апликација за управување со работни процеси и практичен начин за создавање комплети документи од десетици датотеки што лесно ќе ги испратите до вашиот plotWAVE, colorWAVE и до голем број печатачи imagePROGRAF.

Direct Print Plus

Паметен и продуктивен софтвер за испраќање задачи, дизајниран да го поедностави печатењето на CAD-цртежи и PDF-документи, што нуди брзо и прецизно обработување и лесен кориснички интерфејс.

Canon Accounting Manager

Собирајте детални податоци, како вид на медиуми, користење мастило и датуми на печатење преку моќна алатка за следење која ви помага лесно да ги следите трошоците за печатење и да управувате со нив.

Free Layout Plus

Интуитивна софтверска алатка дизајнирана за да им даде на корисниците контрола над распоредите. Идеална за професионалци кои работат со CAD-цртежи или креативни визуелни материјали во голем формат, го поедноставува процесот за подготовка на печатење прецизно, флексибилно и ефикасно.

Дознајте какви придобивки ќе имате во деловното работење од серијата imagePROGRAF TX MFP.