Придобивки
Голема продуктивност
Подобрете ги деловните перформанси, благодарение на големи брзини на печатење и скенирање, работни процеси за документи кои заштедуваат време, како и голем капацитет за хартија за печатење без прекини.
Одлична безбедност
Бидете спокојни со водечки безбедносни функции кои ќе ви помогнат да ги заштитите вашите уреди, мрежа и чувствителни податоци. Фирмвер трениран со вештачка интелигенција за машинско учење препорачува оптимални безбедносни поставки за дополнително да го заштитите вашиот бизнис од потенцијални кибер-напади.
Дознајте повеќеПодобрена одржливост
Намалете го влијанието врз животната средина со уреди кои се изградени со најмногу 25% рециклирана пластика и се одликуваат со мала потрошувачка на енергија, благодарение на вградените иновативни функции.
Корисничко доживување без напор
Големиот и интуитивниот кориснички интерфејс беспрекорно извршува работни процеси за печатење и скенирање. Поддршка за поврзување со мобилни уреди овозможува голема практичност и флексибилност.
-
Голема брзина
Брзини на печатење до 43 стр./мин. (A4) и брзина на скенирање до 100 слики/мин.
-
Печатете од секоја локација
Благодарение на поддршка за Universal Print by Microsoft и поврзување преку Wi-Fi
-
Квалитет
Квалитет на печатење од 1.200 x 1.200 dpi
-
Безбедност на уредот
Строги методи на проверка на идентитет, како и проверка на системот при вклучување со автоматско враќање во функција го штитат уредот од потенцијални напади
-
Безбедноста на мрежа и Cloud
Автентикацијата IEEE802.1x и методите за шифрирање комуникација, како WPA3 и TLS1.3 ја заштитуваат вашата мрежа од прислушкување
-
Безбедност на податоците и документите
Вградено ограничување на користењето, шифриран PDF и дигитален потпис на уред и корисник овозможуваат безбедно печатење, дистрибуција и споделување чувствителни информации
-
Рециклирани материјали
Вклучуваат најмалку 25% рециклирани материјали во процесот на изградба на машините
-
Мала потрошувачка на енергија
Напредни решенија како тонер со ниска точка на топење ја намалуваат потрошувачката на енергија за да заштедите енергија и за да ги намалите работните трошоци.
-
Напори за одржливост
Се трудиме да ги намалиме емисиите на CO2 за време на изработката, користењето и одржувањето на уредите.
-
Гарантирано корисничко доживување
Интуитивен LCD-екран во боја со големина од 7”/17,8 cm со лесни кратенки и копчиња на еден допир за ефикасно управување на сите функции за печатење и скенирање
-
Моментална поддршка
Решавањето проблеми е поедноставено со QR-кодот кој обезбедува моментален пристап до соодветниот онлајн прирачник
-
Паметни работни процеси
Документите може да се зачуваат во формати PowerPoint и Word од Microsoft Office за лесен пристап и поголема практичност
Посетете ја нашата веб-страница за поддршка за максимално да го искористите вашиот печатач
Преземете содржина
Лист со технички податоци и конфигурации
Погледнете ги сите технички спецификации на i-SENSYS MF563dw
Дознајте повеќе за начинот на кој производите од Canon може да го подобрат вашето деловно работење
Слични производи и решенија
-
Серија i-SENSYS MF550
Висококвалитетно печатење со голема брзина, благодарение на ефикасните повеќефункционални ласерски печатачи за црно-бело печатење со напредно поврзување со Cloud. -
Серија i-SENSYS MF460 II
Компактни и брзи повеќефункционални канцелариски црно-бели печатачи за вашите секојдневни потреби за печатење и скенирање. -
Апликација Canon PRINT
Преземете ја контролата преку вашиот паметен уред и олеснете го начинот на кој печатите, копирате и скенирате
Откријте ласерски печатачи за во домот и за во канцеларија
Наменети за канцелариска или домашна употреба, вашиот ласерски печатач ќе ја подобри брзината на печатење без намалување на квалитетот. Имаме ласерски печатачи за црно-бело печатење и ласерски печатачи во боја. Загрижени сте за просторот? Нашата палета на ласерски печатачи за во домот е компактна и не зафаќа многу простор.
Често поставувани прашања
-
i-SENSYS MF563dw е компактен повеќефункционален печатач за црно-бело печатење во A4-формат, дизајниран за мали бизниси или работни групи. Паметната технологија ги прави идеални за вашите потреби за ад-хок печатење и скенирање, нудејќи ги сите неопходни функции кои се потребни во денешните модерни работни опкружувања.
-
Да. i-SENSYS MF563dw е компактен, лесен и изграден со рециклирани материјали. Со малата потрошувачка на енергија, претставува одличен избор за еколошки свесни корисници кои сакаат да ги задоволат своите цели за одржливост.
-
Компанијата Canon нуди сеопфатен пристап кон безбедноста на податоците. i-SENSYS MF563dw е развиен со филозофија „безбедни по дизајн“, што значи дека подлежи на строги безбедносни проверки за време на дизајнирањето и развојот. Вклучува голем број безбедносни функции, како технологија со AI со машинско учење, која им помага на корисниците да управуваат со ризиците по безбедноста лесно и ефикасно.
-
i-SENSYS MF563dw нуди голем број напредни функции дизајнирани за зголемување на квалитетот, безбедноста, сигурноста и корисничкото доживување.
• Висококвалитетно печатење: постојано испорачува висококвалитетни отпечатени материјали во сите канцелариски опкружувања.
• Напредна безбедност: вклучува современи безбедносни функции за заштита на вашиот бизнис, како протоколи за заштита на податоци и мрежно шифрирање, заедно со строгите методи за проверка на идентитетот на корисниците за да се заштитат вашите чувствителни податоци.
• Практичен интерфејс се одликува со голем кориснички интерфејс со големина од 7” за беспрекорно печатење, како и QR-кодови кои им помагаат на корисниците да ги најдат релевантните делови од онлајн прирачникот за брзи насоки за решавање проблеми.
• Одржлив дизајн: изграден со зголемено користење на рециклирани материјали, компактен/лесен дизајн и енергетска ефикасност за поддршка за вашите цели за одржливост.
Разгледајте повеќе
Безбедност на уредот
Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.
Програма за рециклирање картриџи на Canon
Дали знаете дека Canon е првата компанија што започна програма за рециклирање картриџи со тонер во 1990 година?
Поддршка од Canon за Universal Print by Microsoft
Создаден од Microsoft, е решение за печатење основано врз Cloud што нуди едноставно и безбедно печатење, а притоа ги намалува потребните напори и време на IT-одделот.
Одржливост
Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.