Достапни функции
Брзина на печатење
Брзина на скенирање
(ADF стандард)
(ADF опционално)
Опции за поврзување
Безбедни и сигурни повеќефункционални печатачи за црно-бело печатење во A3 формат со супербрзи можности за скенирање.
Зголемете ги деловните перформанси со уреди што нудат најголеми брзини на скенирање во својата класа, благодарение на ADF-уредот со голем капацитет за полнење хартија, идеален за канцеларии со интензивни задачи за обработка на документи.
Издржлив дизајн опремен со функции кои им овозможуваат на уредите беспрекорни перформанси во најзахтевните и најсложените работни средини.
Бидете спокојни со водечки безбедносни функции кои ќе ви помогнат да ги заштитите вашите уред, мрежа и чувствителни податоци. Canon Security Navigator ќе ви помогне да ги изберете најдобрите безбедносни поставки за да го заштитите вашиот бизнис од потенцијални сајбер напади.
Дознајте повеќеМинимизирање на влијанието врз животната средина во текот на целиот животен век на уредите, почнувајќи од дизајнот, со напори за намалување на потрошувачката на енергија, употреба на рециклирани материјали и промоција на заштеда на енергија на производствените локации.
Едноставноста, интуитивниот оперативен панел и мобилната и Wi-Fi конекција овозможуваат одлична употребливост, беспрекорен проток на документи и подобрена продуктивност.
Контролен панел од 3,5 инчи поставен на горниот дел со интуитивна оперативна конфигурација.
Брзина на печатење до 24 стр./мин. и најголема брзина на скенирање во својата класа до 70 слики/мин. благодарение на иновативниот двостран скенер со едно поминување.
Копирајте ги обете страни на лични документи како пасош или лична карта на еден лист хартија
Изберете помеѓу едноставен уред за на маса, опционална касета што додава дополнителен капацитет од 250 листови хартија или обичен постамент што овозможува самостојна конфигурација.
Сигурен, долг век на траење на машината и деловите, со лесна и брза самостојна замена на потрошни материјали како тонер и кутија за отпадоци.
Тонерот со ниска точка на топење пречува виткање на хартијата преку намалување на температурата на фиксирање, додека опционалниот грејач на касетата го намалува количеството на виткање на хартијата што апсорбира влага во влажна средина.
Функцијата за проверка на системот при стартување проверува за евентуални неправилности и автоматски го обновува точниот фирмвер со точен системски фирмвер ако се открие каква било неправилност (компатибилно со NIST SP 800-193)
Автентикацијата EEE802.1x и методите за шифрирање на комуникација како iSsec WPA3 и TLS1.3 ја штитат вашата мрежа од прислушкување
Функцијата за безбедно печатење спречува неовластено гпрегледување печатени документи, додека складираните податоци се заштитени со робустна eMMC енкрипција.
Погледнете ги техничките спецификации за секој модел од серијата imageRUNNER 2224 II.
Од безбедност која постојано се усовршува и интуитивно корисничко доживување до поврзување со Cloud и одржливост, нашето ненадминато портфолио од канцелариски печатачи, скенери и повеќефункционални уреди ви ја нуди сета потребна технологија за да ги задоволите променливите барања на вашите вработени, денес и во иднина.
Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.
Моќно управување со печатењето преку Cloud благодарение на напредниот софтвер. Добијте подобри опции за поврзување и намалете ги трошоците преку интелигентна ревизија, буџетирање и создавање извештаи.
Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.