imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series

Повеќефункционални црно-бели печатачи

Canon Серија imageRUNNER ADVANCE DX 4800

Зголемете ја продуктивноста во вашето деловно опкружување со паметен, одржлив и повеќефункционален уред за црно-бело печатење во A3-формат.

  • До 45 стр./мин.

    брзина на печатење

  • 270 слики/мин. (A4)

    двострано скенирање

  • 10,1 инчи

    дигитален екран на допир во боја

  • Поврзување со Cloud

    со uniFLOW Online Express како стандардна опција

  • TPM 2.0

    Безбеден шифриран уред

  • Придонесуваат за безбедна и продуктивна работа во модерните и хибридни опкружувања

    Тивки и компактни уреди со опции за поврзување со Cloud

    Зголемете ја ефикасноста

    Печатењето со голема брзина и прецизното скенирање, со подобро ракување со медиуми и поддршка за повеќе видови на хартија, ја зголемуваат деловната продуктивност преку иновативни технологии.

    Печатете директно од Cloud

    uniFLOW Online Express овозможува соработка преку Cloud со лесен пристап до документите, проверка на идентитетот на корисниците и централизирано управување со уредите.

    Заштитете се од надворешни напади

    Подобрените безбедносни функции опфаќаат TPM 2.0 со безбедносен алгоритам, складирани клучеви за шифрирање, проверка на системот при вклучувањето и софтвер McAfee Embedded Control за заштита на документите и уредот.

    Добијте максимално време на активна работа на уредот

    Заштедете пари преку минимизирање на бројот на повикувања сервисер благодарение на лесното сервисирање што опфаќа шишиња со тонер што не создаваат неред, далечинско следење и автоматско нарачување потрошни материјали, како и делови со голема издржливост.

    imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series

    Уште помало влијание врз животната средина

    Режимот за економично враќање во работа ја намалува потрошувачката на енергија и ги намалува работните трошоци благодарение на сензорот за движења што автоматски го активира уредот од режим на мирување, а дизајнот и технологиите придонесуваат за минимален шум.

    Печатете резултати со висока резолуција

    Врвниот квалитет на слика е резултат на напредната технологија за изострување и подобрената градација на фотографиите, кои создаваат остри линии и јасен текст со голема брзина, дури и со мали димензии.

    Поедноставете ги работните процеси

    Пристапувајте до функциите брзо и интуитивно преку приспособливиот екран кој нуди кратенки за често користените постапки или, пак, далечински преку апликацијата Canon PRINT Business.

    imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series
    imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series

    Серија imageRUNNER ADVANCE DX 4800

    Палета на сигурни повеќефункционални уреди за црно-бело печатење во A3-формат што се дизајнирани да ги задоволат сите ваши деловни потреби.

    • imageRUNNER ADVANCE DX 4825i

      Брзина на печатење од 25 стр./мин. (A4-формат)
      Брзина на скенирање (2-страно)* од 270 слики/мин. (A4-формат)
      Софтвер uniFLOW Online Express Cloud

      * со изборна единица DADF-C1 за обработка во едно поминување

    • imageRUNNER ADVANCE DX 4835i

      Брзина на печатење од 35 стр./мин. (A4-формат)
      Брзина на скенирање (2-страно)* од 270 слики/мин. (A4-формат)
      Софтвер uniFLOW Online Express Cloud

    • imageRUNNER ADVANCE DX 4845i

      Брзина на печатење од 45 стр./мин. (A4-формат)
      Брзина на скенирање (2-страно)* од 270 слики/мин. (A4-формат)
      Софтвер uniFLOW Online Express Cloud

    Преземете содржина

    Someone using the Canon PRINT business App on their phone

    Апликација Canon PRINT Business

    Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.

    Погледнете како повеќефункционалните уреди ќе овозможат продуктивно хибридно работење во вашата канцеларија

    Спецификации

    • До 45 стр./мин. (A4)

      Брзина на печатење

    • 270 слики/мин. (A4)

      Брзина на двострано скенирање

    • 4 секунди

      Потребно време за загревање (режим за брзо вклучување)

    • 10,1 инчи

      WSVGA-екран на допир

    • Режим за економично враќање во работа

      Ја минимизира потрошувачката на енергија

    • uniFLOW Online Express

      Инсталиран како стандардна опција

    • Проверка на системот при вклучувањето

      Нуди заштита од надворешни напади

    • TPM 2.0

      Загарантираната безбедност

    imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series

    Опции за завршна обработка

  • Единица за завршна обработка со захефтување

    Вградената единица за завршна обработка со захефтување поддржува захефтување без хефталки и рачно захефтување со поголем капацитет за хартија, не е штетна за животната средина, ги намалува трошоците за потрошни материјали и отпадот, а притоа нуди висококвалитетна завршна обработка.

  • Единица за завршна обработка на брошури

    Зголемениот капацитет за листови и поддршката за приспособени видови на хартија, како и неограниченото спојување брошури и двојното превиткување на 3 листови го зголемуваат квалитетот на печатење, а подобриот пристап го олеснува отстранувањето на заглавената хартија.

  • Слични производи и решенија

  • imageRUNNER ADVANCE DX
    Зголемете ја работната сила и забрзајте ја дигиталната трансформација преку подобрување на работните процеси и продуктивноста на вашето деловно работење со паметна технологија.
  • uniFLOW Online
    Моќно управување со печатењето преку Cloud благодарение на напредниот софтвер. Добијте подобри опции за поврзување и намалете ги трошоците преку интелигентна ревизија, буџетирање и создавање извештаи.
  • imageRUNNER 2700 Series
    Брз и сигурен црно-бел печатач за A4-формати што нуди различни конфигурации за печатење врз повеќе видови и големини на медиуми.
  • Разгледајте ја палетата производи на imageRUNNER ADVANCE DX од Canon којашто постојано се надоградува и забрзајте ја вашата дигитална трансформација

    Истражете повеќе

  • Microsoft Universal Print

    Решение за печатење основано врз Cloud коешто нуди едноставно и безбедно печатење, а притоа ги намалува потребните напори и време на одделот за ИТ.

  • Започнете дигитална трансформација

    Иднината на деловното работење е дигитална. Дознајте за новата генерација на паметни уреди со опции за поврзување, создадени со ДНК на imageRUNNER ADVANCE од Canon, што ќе ви овозможат да го еволуирате и подобрите вашето деловно работење: imageRUNNER ADVANCE DX од Canon.
    Canon Camera
    Canon Camera

    Гарантирана безбедност

    Потполна заштита за вашите документи, мрежа и уреди со безбедност од типот 360°, вклучувајќи го софтверот McAfee Embedded Control, за максимална безгрижност.

    РЕШЕНИЈА

    Услуги за дигитална трансформација

    Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет

    Image representing digital transformation services.

    ВИ ТРЕБА ПОМОШ?

    Подгответе ја вашата компанија за иднината со палетата imageRUNNER ADVANCE DX од Canon