Ново

Canon Серија imageFORCE C1700

Подобрете ја секојдневната продуктивност со интуитивни работни процеси, живописни бои и напредна безбедност во компактен уред за печатење А4-формати.

Придобивки

Зголемена продуктивност

Скенирајте, печатете и обработувајте документи побрзо, со што информациите може да се пребаруваат, споделуваат и да станат повредни за вашиот бизнис. Извршувајте различни задачи за печатење со проширен капацитет за медиуми и печатење, со што тимовите можат да работат поефикасно.

Беспрекорно корисничко доживување

Интуитивниот и практичен кориснички интерфејс од 7 инчи со јасни икони помага во поедноставувањето на операциите за печатење и скенирање. Лесно пристапете до онлајн прирачникот преку QR-код за помош.

Моќна безбедност

Заштитете ги вашите документи, уреди и мрежа со напредна безбедност, што вклучува проверено шифрирање, контроли за безбеден пристап и шифриран пренос на податоци. Поставките за безбедност поддржани од AI со машинско учење овозможуваат поедноставна заштита и полесно конфигурирање.

Подобрена одржливост

Поддржете ги целите за одржливост со зголемена употреба на рециклирани материјали, како пластика и челик. Зголемената издржливост го намалува одржувањето и ја зголемува долгорочната сигурност.

Сигурни перформанси

Започнете со работа брзо благодарение на лесното поставување и пристапот до прирачникот преку QR-код за решавање проблеми. Изработен врз уникатна заварена рамка што обезбедува цврстина, како и долготрајна издржливост и сигурност.

Видео за серијата imageFORCE C1700

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе за едноставните, но моќни функции на серијата imageFORCE C1700.

Посетете ја нашата веб-страница за поддршка за максимално да го искористите вашиот печатач

Дознајте како можете да го искористите целосниот потенцијал на серијата imageFORCE C1700.

Преземете содржина

Лист со технички податоци и конфигурации

Погледнете ги сите технички спецификации на серијата imageFORCE C1700.

Дознајте повеќе за начинот на кој производите од Canon може да го подобрат вашето деловно работење

Производи од серијата

Разгледајте ги функциите на серијата imageFORCE C1700.

Модел

imageFORCE C1700 Series

imageFORCE C1752

imageFORCE C1700 Series

imageFORCE C1743

Брзина на печатење (стр./мин.)

52
43

Брзина на копирање (стр./мин.)

52
43

Брзина на скенирање (ЦРНО-БЕЛО еднострано/двострано)

95 слики/мин./190 слики/мин.
95 слики/мин./190 слики/мин.

Слични производи и решенија

  • Серија imageFORCE C611

    Добијте висока флексибилност и продуктивност со повеќефункционални уреди за A4 во боја наменети да поддржуваат динамични канцеларии и големи работни групи.
  • Серија imageFORCE C1333

    Компактни повеќефункционални уреди во боја за A4-формати кои ги испорачуваат сите функции кои ви требаат за ефикасно печатење и скенирање.

    Серија imageFORCE C3100

    Моќен повеќефункционален печатач за A3-формати во боја за средни работни групи, создаден да ги подобри секојдневните перформанси со отпечатени материјали со висока резолуција, интелигентна безбедност и едноставна интеграција во модерните работни процеси засновани на Cloud.
  • Серија imageFORCE 1440

    Компактни повеќефункционални црно-бели уреди за A4-формати со лесно користење, кои испорачуваат неопходни канцелариски функции, беспрекорно корисничко доживување и големи брзини на печатење и скенирање.

Разгледајте ја целосната палета imageFORCE

Запознајте се со целосното портфолио на канцелариски печатачи од Canon и најдете го идеалното решение за вашето деловно работење со помош на водичот за палетата на канцелариски печатачи од Canon.

Често поставувани прашања

  • Серијата imageFORCE C1700 е наменета за средни канцеларии и работни групи што сакаат да ја зголемат продуктивноста преку брзо печатење и скенирање.

  • Серијата imageFORCE C1700 е изработена од 26 % рециклирана пластика и 5 % рециклиран челик, помагајќи им на организациите да ги постигнат своите цели за одржливост.

    Енергетски ефикасниот дизајн и долгиот работен век на машината ги намалуваат трошоците и овозможуваат долготрајно работење.

  • Серијата imageFORCE C1700 е дизајнирана за безбедност, со сеопфатни безбедносни функции за документите, уредот, мрежата и Cloud.

    Провереното шифрирање, контролите за безбеден пристап и шифрираниот пренос на податоци ги заштитуваат уредот и документите во секое време.

  • Серијата imageFORCE C1700 нуди голем број напредни функции, дизајнирани да ја зголемат продуктивноста и да ги задоволат променливите потреби на работната сила.

    • Продуктивност: висок капацитет за снабдување со хартија (2.300 листови), со брзо печатење и скенирање – вклучувајќи лесно скенирање и поддршка за PDF/A за долгорочно чување на документите.
    • Сигурност: изработена врз заварена рамка, оваа серија нуди високо ниво на достапност за корисниците да скенираат и печатат висококвалитетни бои или црно-бели документи.
    • Практичен интерфејс: интуитивен кориснички интерфејс од 7 инчи со едноставни и јасни икони за непречено печатење и скенирање. QR-кодот овозможува брза врска до прирачникот за брзо решавање проблеми.
    • Одржлив дизајн: оваа серија е изработена од 26 % рециклирана пластика и 5 % рециклиран челик.
    • Безбедност: сеопфатна заштита што опфаќа безбедност на документите, безбедност на уредот и безбедност на мрежата и Cloud.
    • Живописни бои: новиот тонер овозможува живописна и прецизна репродукција на боите, така што деловните документи и рекламните материјалите ќе изгледаат поостро и ќе остават поголем впечаток.

Истражете повеќе

Услуги за дигитална трансформација

Унапредете ја вашата дигитална трансформација независно од локацијата од којашто работите со помош на нашите комбинирани услуги и решенија за управување со уредите и информациите предвидени за беспрекорна интеграција на хартиениот и дигиталниот формат.

Одржливост

Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.