Canon imageFORMULA DR-C225

imageFORMULA DR-C225

Елегантниот, извонредно компактен imageFORMULA DR-C225 нуди врвни можности за заштеда на просторот. Уникатниот дизајн со вертикална J-патека му овозможува да биде идеален за поставување во динамичните оддели и на работните маси во малите канцеларии.

DR-C225

Придобивки

  • Тенок компактен дизајн со уникатно вертикално снабдување со документи со J-патека
  • Едноставно и лесно скенирање благодарение на интуитивните функции
  • Двострано скенирање со голема брзина: до 50 слики/мин. при 300dpi
  • Комплетен софтверски пакет за сите ваши потреби за скенирање
  • Хибриден модел за Windows и Mac

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-C225

Компактен профил, уникатен дизајн


Комбинирајќи го уникатниот дизајн и иновативните функции, DR-C225 нуди скенирање по достапна цена без да се компромитираат перформансите. Вертикалниот систем за пренос со J-патека му овозможува на DR-C225 да има димензии кои се едни од најмалите во неговата класа. DR-C225 може да се постави веднаш покрај ѕид или на површина на која просторот е ограничен. Дебелите или картичките со релјеф можат лесно да се скенираат благодарение на опцијата за директно минување на хартијата која овозможува DR-C225 да биде исклучително разновиден.

Брзо и сигурно скенирање


DR-C225 нуди импресивни брзини на скенирање во боја до 25стр./мин. (или 50 слики во минута двострано), додека сигурното ракување со хартија се постигнува со помош на ултразвучното откривање на двојно повлекување документи.

Едноставно користење, врвни резултати


DR-C225 располага со иновативни функции кои ќе им го олеснат процесот на скенирање на корисниците. CaptureOnTouch софтверот вклучува функција за целосно автоматски режим со која автоматски се применуваат најдобрите параметри во зависност од содржината на документот. Со едноставното скенирање со еден допир, сложените задачи можете да ги извршувате за само неколку секунди. Друга иновативна функција кај DR-C225 е опцијата за снабдување на документи со предната страна свртена нагоре, која на корисниците им овозможува да ги вметнуваат документите во природната ориентација со што се заштедува драгоцено време.

Редизајниран CaptureOnTouch


Најновите подобрувања во CaptureOnTouch нудат поедноставно и поинтуитивно доживување при скенирањето. Ова моќно и разновидно решение за скенирање е редизајнирано чекор по чекор со кориснички интерфејс базиран на икони кој на корисниците им овозможува да ги скенираат, уредуваат и испраќаат своите документи на уште поедноставен начин. Корисниците можат брзо да ги конвертираат нивните хартиени документи во повеќе формати на фајлови (PDF, TIFF, JPEG, BMP, PNG и PowerPoint). CaptureOnTouch може да се користи и како решение за едноставно испраќање документи кое ви овозможува да скенирате и создавате PDF документи со можност за пребарување – вклучувајќи и лесно пребарување и преземање на текст. Документите исто така може да бидат скенирани во PDF/A фајлови – стандардниот формат за долготрајно архивирање.

Моќен и разновиден софтвер


DR-C225 се нуди со моќен избор на практичен софтвер кој на корисниците ќе им овозможи поефикасна работа. Покрај CaptureOnTouch, вклучени се и Bizcard, OmniPage, Paperport, eCopy PDF Pro Office и PageManager (Mac) како помош за зголемување на продуктивноста.

Скенирајте во "облак"


Благодарение на уште поголемиот избор на испорачани дополнителни компоненти, можете лесно да скенирате кон вашите омилени Cloud услуги за управување со документи и податоци, вклучувајќи ги SugarSync, OneDrive и Dropbox, како и Google Drive™, SharePoint и Evernote.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-C225, неговите функции и можности.

icon

Брзина на скенирање A4 ( едностран )

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning speed A4 (single sided)

Дневен обем на скенирање

Double-sided scanning

Двострано скенирање

USB connection

USB поврзување

ADF

Автоматски механизам за снабдување со документи

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

eCOPY

Создавање и уредување PDF документи

Windows & Mac compatible

Компатибилност со Windows и Mac

  • Скенер

  • Документација

  • Диск за поставување

  • eCopy PDF Pro диск

  • USB кабел

  • AC адаптер

  • Кабел за напојување

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

Capture on Touch

CaptureOnTouch 3

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows, Mac

CaptureOnTouch Pro

Овој скенер се испорачува со CaptureOnTouch Pro, професионален квалитет од Canon и софтвер кој е едноставен за користење. Снимајте и класифицирајте серии на скенирање, интегрирајте го скенерот од Canon во вашето деловно работење и вашите работни процеси со документи и зголемете ја вашата продуктивност на едноставен начин.

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

CaptureOnTouch Pro

Апликации од други програмери на софтвер

eCOPY

Моќна и практична апликација за гледање, создавање, уредување и претворање на PDF фајлови. eCopy нуди сеопфатни опции за обележување, означување и уредување, како и создавање формулари за пополнување со автоматско препознавање на полињата во формуларот. Ви испорачуваме и целосен комплет алатки за потпишување и сигурност на документите.
Компатибилност: Windows

Paperport

Ново ниво на управување со документи благодарение на практичниот, но моќен софтвер кој ќе ви помогне да извлечете максимум од вашиот скенер од Canon. Скенирајте, организирајте, пребарувајте и споделувајте документи за да го елиминирате нередот од хартии и ефикасно да ја организирате домашната канцеларија.
Компатибилност: Windows

OmniPage

Благодарение на вградената технологија OCR, OmniPage ги претвора документите што сте ги скенирале со вашиот скенер од Canon во содржини кои можат лесно да се уредуваат. Претворете ги хартиените документи во дигитални фајлови кои можат да се уредуваат, задржувајќи го истиот распоред како и оригиналниот документ – вклучувајќи колони, бои, слики и графика.
Компатибилност: Windows

Presto BizCard

Никогаш не губете контакт со деловните контакти благодарение на Presto! BizCard за вашиот скенер. Тој овозможува брзо и лесно конвертирање податоци од важните контакти од нивните бизнис картички во база на податоци со можност за пребарување и уредување која може лесно да се управува и синхронизира.
Компатибилност: Windows, Mac

Presto PageManager

PageManager е моќна алатка за корисниците на Mac која нуди ефикасно управување со документи. Таа има вградена функција за едноставно препознавање текст (OCR) и ви овозможува да ги зачувувате, уредувате, организирате и споделувате вашите скенирани дигитални документи. Обработка на професионални фајлови во комбинација со едноставен кориснички интерфејс.
Компатибилност: Mac

Комплет за софтверски програмери

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете го веб-сајтот на BSDP.