Colortrac SmartLF SCi 42
Завршете ги задачите брзо, без потреба од загревање или чекање. SmartLF SCi 42 нуди висок квалитет и продуктивност за секојдневните задачи за скенирање и снима технички слики и графика во боја со ширина до 42”
Скенери SingleSensor за сигурно и висококвалитетно скенирање, по достапна цена
Брзо и сигурно скенирање
Нуди професионални резултати со висококвалитетна оптичка резолуција од 1200 dpi и брзо скенирање до 13 ips (црно-бело) и 12 ips (во боја). Идеален е за опкружувања што работат на проекти во CAD, GIS и AEC, каде што најважни фактори се прецизното скенирање во боја и кратките рокови
Перформанси со разновидни опции
Може да снима документи со ширина до 42” и дебелина до 0,8’’, а нуди и флексибилно користење со 2 патеки за документи - влез од предната страна, излез од задната страна, враќање на предната страна или изборен водич за враќање документи што ги враќа скенираните материјали назад до операторот.
Доследен квалитет и прецизност
Опремен е со технологија за обработка на слика SingleSensor што одново ги дефинира квалитетот и прецизноста на сликата кај скенерите за големи формати. Скенирањето е со прецизност од +/- 1 пиксел, што е идеално за прецизни технички цртежи или големи документи со мали разлики во тоновите на боите.
Создаден за лесно користење
Интуитивниот софтвер за скенирање и копирање овозможува брзо и лесно ракување - огромна придобивка во динамичките окружувања во кои е потребна доследна и голема продуктивност. Благодарение на системот за двонасочно осветлување со LED што има долг работен век, скенерот нуди моментално скенирање без потреба од загревање.
Најдобар избор за долготрајно користење
Има цврста конструкција за да може да се користи во динамички опкружувања како канцеларии или сервисни центри. LED-светилките може да се користат >5 години, со минимално време на неактивност и мали вкупни трошоци за користење.
Спецификации
-
Разновидни функции за скенирање
Снимајте документи со ширина до 1067 mm (42") и дебелина до 0,08" (2 mm)
-
Прецизно снимање слики
Скенирајте во боја со 9600 dpi со помош на SmartWorks Imaging
-
Не е потребно загревање
Патентираната технологија за обработка на слика SingleSensor веднаш го активира скенирањето
-
Максимизирајте ја продуктивноста
13 инчи во секунда (ips) за црно-бело скенирање/12 ips за скенирање во боја при 200 dpi
-
Флексибилно ракување и позиционирање
Две патеки за документите со влез од предната страна, излез од задната страна, враќање на предната страна или изборен водич за враќање документи
-
Минимизирајте го времето на неактивност
USB 3.0 за брз пренос на податоци
-
Лесно ракување
Иновативниот и сеопфатен софтвер за скенирање и копирање е идеален за динамичките опкружувања
-
Усогласеност со ENERGY STAR
Го исклучува напојувањето доколку не се користи за да заштеди енергија
-
Мали вкупни трошоци за користење
LED-светилките имаат работен век од приближно 50.000 часа
Слични производи и решенија
-
imagePROGRAF TX-4200
Забрзајте го печатењето со одржлив печатач со 5 бои за формати до 44”, кој нуди импресивна продуктивност, попрактично користење, професионален квалитет на слика и моќна безбедност. Дизајниран за големи корпоративни и владини канцеларии, компании за услуги за печатење во секторите за архитектура, инженерство, градежништво и производство. -
imagePROGRAF PRO-4600
Печатете фотографии и уметнички дела со врвен квалитет користејќи одржлив и најсовремен печатач со 12 бои за формати до 44”. Тој е дизајниран за фотографи, уметници и компании што нудат услуги за печатење, на кои им е потребен ненадминат квалитет на слика и долготрајност на отпечатените материјали. -
imagePROGRAF GP-4600S
Создавајте прекрасни големи постери и добијте прецизна репродукција на бои за слики со деловни бои. Дефинирајте ги одново креативните граници со поголема палета на бои - одржливиот печатач со 7 бои за формати до 44" е дизајниран за ланци на продавници и претпријатија, но и за компании што нудат услуги за печатење.
Сакате да дознаете повеќе за овој производ?
Услуги за дигитална трансформација
Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет