СОФТВЕР
Scan2X™
Едноставно работење преку интелигентен софтвер за скенирање
Фокусирајте се на деловното работење додека Scan2x™ ги снима вашите документи. Напредната технологија автоматски ги применува соодветните поставки, ги препознава важните податоци и ги пренесува на соодветно место. Едноставно.
Главни придобивки
Контактирајте нè за да дознаете повеќе.
Секогаш интуитивен
Интерфејсот со икони овозможува едноставно ракување, а автоматизираните процеси веднаш ги препознаваат документите, ги избираат соодветните поставки и ги извлекуваат потребните информации.
Ефикасен работен процес
Модерната технологија веднаш ги препознава скенираните документи - на пример, автоматски ги препраќа скенираните фактури до вашиот оддел за сметководство.
Целосна транспарентност
Ставете ги безбедноста, усогласеноста и одговорноста на прво место со PIN-броеви за корисниците, изборни картички или читач на отпечатоци од прсти за одговорна и безбедна евиденција на документите.
Целосна усогласеност
Овозможете усогласеност со сè поголемиот број регулативи, вклучувајќи и бришење доверливи лични податоци за да ја подобрите усогласеноста со GDPR.
На самата локација или преку Cloud
Изберете ја конфигурацијата што најмногу ќе одговара за вашата компанија - со инсталација на самата локација или со претплата за целосно управување преку интернет.
Интеграција во вашето опкружување
Интеграција со Therefore™, Sharepoint™, OneDrive™, Google Drive™, FTP, Cloud-услуги, веб-услуги и бази на податоци за ненадмината продуктивност.