Функцијата за откривање и следење на паметните уреди што ја нуди iWEMC од Canon овозможува поедноставување на задачите, зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците.
Следењето на уредите и потрошните материјали ја зголемуваат продуктивноста така што му ги означуваат важните грешки за статусот, како заглавена хартија или малку тонер, на одговорниот администратор.
Безбедносниот протокол SNMP и функциите за откривање Multicast-уреди го заменуваат процесот на регистрација што одзема многу време со автоматско откривање уреди на повеќе подмрежи.
Интеграцијата со eMaintenance Remote Diagnostics System од Canon овозможува брзи и далечински поправки за проблемите со уредите, без потреба од повикување сервисер.*
Ажурирајте го фирмверот на повеќе уреди во исто време на едноставен начин и минимизирајте ги пречките со закажување на процесот да се врши преку ноќ или за време на викендите.*
Оптимизирајте ја употребата на ресурси со опциите за следење на трошоците и користењето на уредите во целата компанија со помош на локално снимени извештаи со сеопфатни отчитувања.*
Поедноставете го управувањето со системот и уредите преку конфигурирање на апликациите MEAP и дистрибуција на детални поставки за обновување или резервни копии од поставките до повеќе уреди одеднаш.*
* потребна е дополнителна компонента за iWMC верзија 3.4
Колку и да е голема вашата организација или колку и да се сложени вашите услуги за печатење, нашите MPS-решенија ќе ја зголемат продуктивноста и ќе ги намалат трошоците.
Максимално зголемување на развојот и продуктивноста со нашата палета на водечки деловни решенија.
Максимизирајте ја продуктивноста во канцеларијата со опрема и услуги за документи што ќе бидат прилагодени за добивање најдобри резултати од вашите деловни информации.