PowerShot ZOOM е фотоапарат со потполно нов стил од Canon што содржи објектив со моќен зум вграден во мало куќиште и нуди нови начини за доближување до вашите субјекти и снимање повеќе детали за разлика од повеќето паметни телефони.
PowerShot ZOOM нуди зумирање во чекори од 100 mm, 400 mm и 800 mm¹ со куќиште помало од компјутерско глувче и создава уникатно доживување при фотографирањето. Може удобно да го користите со една рака и полесен е за држење отколку паметен телефон, а сепак нуди снимање на богати и детални слики и Full HD-видеозаписи од субјекти на голема оддалеченост. Тој овозможува поврзување преку Wi-Fi и Bluetooth, практично полнење преку USB-C, моќна стабилизација на слика и импресивна брзина од 10 fps за континуирано фотографирање, па затоа е совршен за снимање семејни забави, спортски настани и диви животни во градината со целосно автоматски режим без напор.