EOS 800D

Canon EOS 800D

Подобрете го начинот на кој фотографирате со софистициран DSLR фотоапарат кој е практичен за користење.

Нова генерација на DSLR технологија, на едноставен начин

Снимањето фотографии со одличен квалитет никогаш не било полесно - EOS 800D ви овозможува да снимате неверојатни фотографии и видеоснимки од важните моменти во вашиот живот. А бидејќи станува збор за DSLR фотоапарат, ќе се воодушевите од осветлениот оптички визир кој го прикажува светот таков каков што е.

Погледни целосни спецификации

EOS 800D

Квалитет каков што заслужуваат вашите фотографии

Нова генерација на сензор со APS-C големина и 24,2 мегапиксели кој доловува неверојатни детали, дури и во лоши услови.

Бидете спонтани. Бидете креативни

EOS 800D е доволно брз за користење, со брзина на континуирано фотографирање од 6 слики во секунда и осветлен оптички визир кој го прикажува светот во реално време. Кога го обликувате кадарот на сликите преку екранот со променлив агол на фотоапаратот, системот* за AF со прегледување во живо кој е најбрз во светот фокусира за само 0,03 сек. за да добиете неверојатно остри резултати.

Доволно брз за користење

Перформансите со брз одзив и континуираното фотографирање со 6 fps ќе ви овозможат да ги доловите дури и најкратките моменти.

Зголемете ја вашата перспектива

Снимајте фотографии и видеоснимки од ниска перспектива или над главата со помош на екранот на допир со променлив агол на EOS 800D за да го обликувате кадарот на сцената. Фокусирајте и фотографирајте со еден допир.

EOS 800D
EOS 800D

Едноставно снимање на видеоснимки

Full HD видеоснимките со стабилизација на слика изгледаат прекрасно кога ги прикажувате на интернет или на телевизорот во вашиот дом бидејќи предметите во движење се остро фокусирани.

Погледни видеозапис

Едноставно безжично споделување и контрола

Поврзете паметен телефон или таблет-уред за една секунда за да споделувате слики и да го контролирате фотоапаратот далечински.

EOS 800D

Експериментирајте со креативноста

Корисничкиот интерфејс со совети ќе ви објасни како функционираат поставките на фотоапаратот и ќе ви овозможи да снимите одлични фотографии истовремено.

EOS 800D

Добредојдовте во системот EOS

EOS 800D е дел од систем на фотоапарати, објективи и дополнителна опрема на кои им веруваат професионални фотографи од целиот свет.

Истражете веднаш

EOS 800D

Апликација Canon Photo Companion

Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.

Откријте повеќе

Canon Photo Companion app

Спецификации

EOS 800D

24,2 MP

APS-C сензор

EOS 800D

45

AF точки од вкрстен тип

EOS 800D

Dual Pixel

Dual Pixel CMOS AF

EOS 800D

Wi-Fi

Wi-Fi, NFC и Bluetooth®

EOS 800D

Визир

Оптички визир

EOS 800D

Full HD

Full HD видео со 60p

EOS 800D

6 FPS

Континуирано фотографирање со 6 fps

EOS 800D

Променлив агол

Екран на допир со променлив агол

Погледнете ги сите спецификации

EOS 800D
EOS 800D

Што содржи кутијата

Куќиште EOS 800D

Заштитник за очи Ef

Капаче за фотоапарат R-F-3

Широк ремен EW-400D

Батерија LP-E17

Полнач за батерии LC-E17E

AC кабел за напојување (Европа)

Комплет со упатство за користење

Дополнителна опрема

Поврзани производи

*Во групата на дигитални фотоапарати со заменливи објективи и сензори со APS-C големина и AF со откривање на фазна разлика во сликата, почнувајќи од 14 февруари 2017 година, врз основа на истражување од Canon.

Измерено според стандардите CIPA и внатрешниот метод за мерење со прикачен објектив EF-S18-55mm F4-5.6 IS STM поставен на 55 mm и со користење на AF во 1 точка со избрана централна точка, AF со една снимка, прегледување во живо со снимање слики користејќи го копчето за блендата. Рачни режими во употреба, EV12 (ISO 100 на собна температура).

**Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Паметниот телефон треба да биде опремен со Bluetooth верзија 4.0 (или понов). Исто така, потребно е паметниот уред да користи оперативен систем iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов)