)
Апликација Canon Photo Companion
Снимајте неверојатни фотографии и видеоснимки.
Овој модерен и класичен фотоапарат е мал, неверојатно лесен и опремен со најновата технологија за фотографии и видеоснимки, а неговиот стилски дизајн е одличен за држење во рака.
Овој моќен, компактен и повеќенаменски фотоапарат без огледало се одликува со различни опции за поврзување, 4K видео, екран на допир со променлив агол, CMOS сензор со 24,1 мегапиксели и DIGIC 8 за снимање незаборавни спомени со прекрасни бои и детали.
24,1
Мегапиксели
КОНТ. ФОТОГ.
со 10 fps
4K
ВИДЕО
Благодарение на сензорот со DSLR големина и извонредната моќ за обработка на EOS M50, со фотоапаратот ќе можете да снимате неверојатни фотографии и 4K видеоснимки како во кино, дури и во најлоши услови на осветлување.
Опремен со екран на допир со променлив агол и AF со допирање и повлекување, како и голем и централно поставен електронски визир, модерниот дизајн на EOS M50 има совршена тежина за држење во рака и нуди префинето и интуитивно доживување при фотографирањето.
Брзо поврзување со паметни уреди и компјутери за лесно споделување слики на социјални медиуми или лесно правење резервни копии на Cloud, овозможено преку Wi-Fi*, Bluetooth®** и со автоматска синхронизација и пренос на слики***.
Снимајте видеоснимки со неверојатно висока резолуција, уникатен изглед и четирипати поголем квалитет на слика од Full HD.
APS-C сензор со 24,1 MP
CMOS сензор со 24,1 MP и APS-C големина
10 fps
Фотографирајте континуирано со 10 fps
DIGIC 8
Моќна обработка со DIGIC
Wi-Fi*
Поврзете се на едноставен начин, а потоа споделувајте или правете резервни копии безжично
4K видео
Снимајте извонредни 4K видеоснимки
Bluetooth**
Постојано активна врска
Dual Pixel CMOS AF
Брз и прецизен AF со прецизно следење
EVF
Ракување во стилот на EOS, со голем електронски визир со брз одзив
Пет пионери го носат EOS M50 од Canon на возбудливи патувања за самооткривање.
Сè што ви е потребно за извонредно фотографирање без напор - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати.
Дигитален фотоапарат EOS M50
Капаче за фотоапарат R-F-4
Ремен EM-200DB
Полнач за батерии LC-E12
Батерија LP-E12
Кабел за напојување
Уживајте во креативна флексибилност со заменливи објективи. Изберете модел од палетата на компактни објективи EF-M или користете ги нашите препознатливи објективи EF и EF-S преку адаптерот за монтирање EF-EOS M.
Снимајте неверојатни фотографии и видеоснимки.