Фотоапарати без огледало

Canon EOS M6

Не пропуштајте ниту една приказна.EOS што може да оди со вас насекаде за да бидете подготвени за спонтани приказни на улиците.

Овој производ е заменет со нов, можеби ќе сакате да преминете на најновата верзија. Разгледајте ги опциите за надградба веднаш.

За моментите кои никој не ги забележува

Раскажете ја приказната на ваш начин. Доловете го тоа што го гледате на едноставен начин со EOS M6.

DSLR квалитет на слика од фотоапарат без огледало

Снимете ја убавината на светот околу вас со слики кои ќе го доловат амбиентот на непланираните моменти. Во компактното куќиште на EOS M6 е вграден голем CMOS сензор со 24,2 мегапиксели кој создава извонредни резултати дури и при слаба осветленост или услови со голем контраст.

Спој од компактни димензии и DSLR квалитет

EOS M6, кој е доволно пренослив за да го носите во џеб или торба, ви овозможува да бидете спонтани при фотографирањето и да доловувате неочекувани моменти со острина и креативност, користејќи фотоапарат што можете да го носите насекаде.

Canon Camera
Canon Camera

Извонредни перформанси кога најмногу ви се потребни

Dual Pixel CMOS AF овозможува брзо и прецизно фокусирање во стил на DSLR и автоматско следење на предметите кои се движат во кадарот. EOS M6 овозможува и брзо фотографирање, снимајќи слики со 24,2 мегапиксели и брзина до 9 fps (7 fps со SERVO автоматски фокус).

Dual Pixel CMOS AF

Брзо фокусирање за фотографите. Рамномерно фокусирање за снимателите.

Нови нивоа на креативност за видеоснимките

Користете ги истите контроли за снимање видеоснимки што ги користите и за фотографирање, за едноставно снимање на Full HD видеоснимки кои ќе изгледаат прекрасно и на интернет и на вашиот телевизор. Остриот фокус се задржува на објектите додека тие (или вие) се движите, а снимениот материјал ќе биде стабилен благодарение на вградената стабилизација на слика со 5 оски.

Canon Camera
Canon Camera

Разберете ја суштината на EOS

Ви нудиме неверојатна палета со избор на повеќе од 80 EF-M, EF-S или EF објективи.*
Дознајте повеќе
Canon Camera

Паметно споделување и поврзување – не се потребни кабли

Постојано активните Bluetooth® и NFC овозможуваат лесно поврзување на EOS M6 со паметен телефон или таблет-уред преку Wi-Fi. Откако ќе ја воспоставите врската може да пребарувате слики и да ги споделувате со пријателите преку Cloud. Можете дури и да го контролирате фотоапаратот далечински и да гледате низ него преку екранот на вашиот уред.

Апликација Canon Photo Companion

Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.

Canon Camera

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Photographer looking down view finder

Спецификации

  • 24,2 мегапиксели

    За DSLR квалитет на слика

  • Full HD видеоснимки

    Одлични видеоснимки на интернет и во домот

  • DIGIC 7

    Перформанси со брз одзив

  • Дигитална стабилизација на слика со 5 оски

    Спречува тресење на фотоапаратот

  • Dual Pixel CMOS AF

    Брзо за фотографии; рамномерно за видеоснимки

  • Wi-Fi и NFC

    Снимајте и споделувајте без кабли

  • Фотографирање со 7 fps

    Со SERVO автоматски фокус

  • Bluetooth

    За лесна безжична контрола

Што содржи кутијата

  • Куќиште EOS M6 од Canon

  • Капаче за фотоапарат R-F-4

  • Ремен EM-300DB

  • Полнач за батерии LC-E17E

  • Батерија LP-E17

  • Кабел за напојување

  • Комплет со упатство за користење

Препорачани објективи

* За да ги користите објективите EF 70-200mm f/4L IS II USM, EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM со EOS M6, ќе треба да го користите и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS M.

Дополнителна опрема

  • Електронски визир EVF-DC2

    Компактен електронски визир за одредени PowerShot и EOS M фотоапарати.

  • Батерија LP-E17 од Canon

    Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат

  • Ремен за на врат EM-E2 од Canon, црна боја

    Носете го вашиот фотоапарат во стил со овој врвен ремен за на врат од вештачка кожа

  • Навлака за куќиште EH30-CJ од Canon - кафеава

    Препознатлива навлака за куќиште од PU кожа во кафеава боја што нуди стилски изглед и заштита за вашиот EOS M6

  • Навлака за куќиште EH30-CJ од Canon - црна

    Препознатлива навлака за куќиште од PU кожа во црна боја што нуди стилски изглед и заштита за вашиот EOS M6

  • Поврзани производи

    Дознајте повеќе за EOS M

    EOS M6 е само дел од сеопфатен систем на фотоапарати, објективи и дополнителна опрема.
    1. * При користење на адаптерот за монтирање EF-EOS M.
    2. ® Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Потребен е Bluetooth® верзија 4 или понов и iOS 8.4, Android 5.0 или понов.