L-series EOS R & EF Lenses

Објективи RF од Canon

Дознајте што е следно

Сосема нов дизајн

Системот EOS R и приклучокот RF го издигнуваат постојниот систем EOS на повисоко ниво. Дизајниран во согласност со технолошкиот напредок и повратните информации од крајните корисници при развојот на системот EOS R, инженерите на Canon го земаа предвид лесното ракување и потенцијалот за проширување на палетата објективи во иднина.

Квалитетен дизајн

Приклучокот за објективи RF нуди неверојатен нов оптички дизајн, овозможувајќи поставување на големи елементи за објективи колку што е можно поблиску до сензорот, што овозможува светлината да паѓа директно врз сензорот. Ова ги намалува оптичките аберации и го зголемува квалитетот на сликата.

Canon The RF mount

Создадени за флексибилност

Краткото придвижување наназад за фокусирање и дијаметарот со ширина од 54 mm им овозможија поголема слобода на оптичките инженери од Canon за да создадат нова генерација на оптика - тоа претставува совршена рамнотежа помеѓу смалувањето на системот, висококвалитетните слики и врвните перформанси.

Canon eos r back folts

Новости во 2020 година



Canon со гордост го најавува развојот на нов објектив и додатоци за продолжување за системот EOS R, вклучувајќи го неверојатниот објектив RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM од серијата L, како и EXTENDER RF 1.4x и EXTENDER RF 2x за извонреден дострел и разновидна примена. Освен тоа, Canon планира да промовира и 5 дополнителни објективи RF во 2020 година.

Може да ве интересира и...