АВТОМАТСКИ ФОКУС

Фокусирајте го тоа што е најважно

Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега. Острината се насочува токму таму каде што е потребна и ќе фотографирате сигурно знаејќи дека EOS R6 функционира професионално.

Автоматскиот фокус на фотоапаратот се контролира преку процесорот DIGIC X што користи вештачка интелигенција со длабоко учење за да ги препознава и следи очите, лицето, главата и телото на субјектите. Луѓето се во остар фокус дури и при фотографирање во профил или кога им се гледа само едно око. А ако субјектот се заврти за момент - на пример, кога фотографирате динамичен спорт - EOS R6 ќе продолжи да ја следи неговата глава или тело за да може веднаш остро да го фокусира неговото лице штом повторно се заврти кон вас.

Можноста за следење елементи како тела и глави, а не само лица, е неопходна при фотографирање спорт во кој играчите ненадејно се вртат - како фудбал или хокеј - или треба да носат шлемови што прекриваат делови од лицето.

Кај EOS R6, оваа технологија опфаќа дури и мачки, кучиња и птици што значително го олеснува континуираното следење со фокусот при фотографирање диви животни.

Може да следи луѓе дури и ако носат кацига или очила за сонце. Кога фотографирате мотоспортови, благодарение на ажурирањето на фирмверот, фотоапаратот може да препознае мотоцикли и тркачки автомобили, дури и да направи разлика помеѓу затворен и отворен кокпит, прецизно одредувајќи ја кацигата на возачот кога е видлива.

Couple performing ballet in the theatre

© Wanda Martin / Canon Ambassador ® Teatro Massimo

Неверојатно чувствително фокусирање

Системот за AF Dual Pixel CMOS II на фотоапаратот е толку чувствителен што може да фокусира за дури 0,05 секунди3 и да работи при слаба осветленост дури до -6,5 EV1 што е приближно еднакво на светлината при четвртина месечина. EOS R6 е првиот EOS со вакво ниво на чувствителност, што му овозможува да фокусира со мали максимални решетки до f/22, овозможувајќи употреба на телеконвертори со објективи со релативно тесни решетки, вклучувајќи ги и нашите извонредни телефото објективи што се лесно преносливи, како RF 800MM F11 IS STM и RF 600MM F11 IS STM.

Поддршка за постојан рачен фокус на објективот

Прилагодувајте го или преиначувајте го фокусот рачно кога е избран режимот за AF без да притиснете ниту едно копче. Оваа функција им е омилена на корисниците на постари објективи EF USM, па затоа ја редизајниравме кај објективите RF и им вградивме понова генерација на мотори за фокусирање.

Фокусирање со групирање

EOS R6 нуди фокусирање со групирање, што на фотографите им овозможува да создаваат композитни слики со различен фокус и многу поголема длабочина на поле отколку што може да се генерира само со мали решетки. Ова е многу практична техника за снимање макро слики одблиску во кои длабочината на полето е мала.

Во режимот за фокусирање со групирање, EOS R6 снима серија слики со притиснување едно копче, започнувајќи од избраното фокусно растојание па сè до бесконечност во постепен чекор на зголемување за секоја слика. Оваа серија на слики може да се „спои“ во конечна композитна слика во обработката по снимањето со помош на софтвер како Digital Photo Professional, што се испорачува заедно со фотоапаратот.

Жена во балетска поза

Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark III.

„Следењето на лицето ми даде самодоверба да бидам во чекор со мојот модел и да ги доловам неговите динамични и емотивни пози“.

Начин на следење

Начинот на работа на автоматскиот фокус со следење AI Servo на фотоапаратот може да се прилагоди со приспособување на параметри како „Чувствителност на следење“ или „забрзување/ забавување на следењето“ или преку избирање еден од четири „опции“ - конфигурации што се идеални за различни видови на фотографирање движења.

Според зададените поставки, или за полесно ракување со фотоапаратот, EOS R6 нуди Опција A која автоматски се приспособува според движењето што се фотографира.

Автоматски фокус на EOS R6 во функција

Лесно избирање фокусни точки

Површината за автоматско фокусирање на EOS R6 опфаќа приближно 100 проценти од кадарот2 и може да се користи индивидуално, во зони или како целосна фокусна површина со максимум 6072 достапни положби. Достапен е и режим за AF во точка што користи многу мала површина за AF за екстремна прецизност.

Фотографите можат да користат повеќенасочна контролна палка за рачно да ја движат активната фокусна точка или зона низ екранот. Чувствителноста на оваа контрола - што може лесно да се контролира кога окото ви е прилепено за фотоапаратот - може да се постави на едно од три нивоа по ваша желба.

Или, пак, користете го екранот на допир на фотоапаратот за поставување на активната фокусна точка - треба само да го допрете или да повлечете со прст по екранот на допир кога фотографирате во режим со приказ во живо, а може да ја користите и технологијата Touch & Drag кога окото ви е прилепено за фотоапаратот.

Слични написи

Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.

  • ВИДЕО-ХИБРИД

    Еден фотоапарат за фотографии и видео

    Освен фотографии со врвен квалитет, EOS R6 создава и извонредни видеоснимки.

  • КВАЛИТЕТ И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА

    Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

    EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark lll.

  • БРЗИНА

    EOS R6 - бесшумно и континуирано фотографирање

    Користете го фотоапаратот EOS R6 за да фотографирате континуирано и бесшумно со неверојатни 20 слики во секунда.

  • РАКУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

    Дизајниран од Canon, за вас

    Дизајнот на EOS R6 ќе ви изгледа познато уште од првиот момент.

    1. При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање
    2. Хоризонтално: 100%×вертикално: 100% (максимум прибл.) покриеност на површината за AF, применливо кога кадарот на субјектот се прикажува при користење лице+следење, режимот за AF е активен со RF-објективи (освен RF600mm F11 IS STM / RF800mm F11 IS STM и додаток за продолжување RF), EF-објективи (освен одредени тековни производи), додаток за продолжување EF (III) (зависи од примарниот режим за AF-површина на објективот). Може да не важи за одредени сцени и субјекти. За повеќе информации за компатибилни објективи, погледнете ја официјалната веб-страница за поддршка на Canon.
    3. AF со најголема брзина за фокусирање во светот од 0,05 сек. во групата на дигитални фотоапарати без огледало со заменливи објективи што користат сензори на слика што се еквивалент на форматот за целосна слика од 35 mm и нудат AF со откривање на фазна разлика во рамнината на сликата и AF со откривање на контраст. EOS R6 нуди иста брзина на AF како и EOS R, EOS RP и EOS R5. За продажба ќе стане достапен на 9 јули 2020 година. (Врз основа на истражување од Canon). Пресметано врз основа на добиената брзина на AF што е измерена согласно стандардите CIPA. (Се разликува во однос на условите за фотографирање и користените објективи.) Внатрешен метод на мерење. [Услови за мерење] Светлина за фокусирање: EV 12 (собна температура, ISO 100), режим за фотографирање: M, користен објектив: RF24-105mm F4L IS USM (со фокусна должина од 24 mm), фотографирање со копчето за блендата, метод за AF: AF во 1 точка (со централна AF-точка), ракување со AF: AF со една снимка