РАКУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

Дизајниран од Canon, за вас

Фотограф го мести Canon EOS R6 за сликање

Ако сте користеле EOS-фотоапарат досега, тогаш дизајнот на EOS R6 ќе ви изгледа познато уште од првиот момент кога ќе го земете во рака. А ако не сте користеле ваков фотоапарат? Веруваме дека ќе ви се допадне тоа што контролите се позиционирани под прстите за инстинктивно користење и тоа што напредниот EVF ќе ви овозможи да гледате низ него како да нема ништо помеѓу вас и вашиот субјект.

Ванда Мартин гледа преку објективот наместен на Canon EOS R6

® Teatro Massimo.

Електронски визир со висока резолуција

Електронскиот визир со 3,69 милиони точки кај EOS R6 нуди толку јасен приказ што ќе помислите дека користите DSLR-фотоапарат. Тој нуди стапка на освежување од 120 fps и покриеност од 100 проценти со кои потполно ќе се задлабочите во фотографирањето, а воедно ќе можете и да погледнете како точно ќе изгледа конечната експозиција. Екранот може да се ротира и затвори кон куќиштето на фотоапаратот завртен навнатре, заради поголема заштита.

EVF е надополнет со 3-инчен екран на допир со 1,62 милиони точки и променлив агол што може да се оддалечи од фотоапаратот и да ротира за 270˚, овозможувајќи лесно фотографирање и снимање од креативни агли. Со допирање, повлекување и доближување на прстите по екранот на допир, фотографите ќе можат да фотографираат, да пребаруваат слики и да пристапуваат до опции во системското мени на фотоапаратот. Двојното допирање со два прста врз менијата на екранот моментално го зголемува текстот за полесно читање.

Исечен приказ на Canon EOS R6 одблиску
Canon EOS R6 со објектив што се држи во раце

Интуитивни и ергономски контроли

Копчињата, вртливите копчиња и другите контроли се позиционирани под вашите прсти за интуитивно користење кога го држите фотоапаратот EOS R6 и овозможуваат лесно прилагодување на поставките без да го оддалечите фотоапаратот од вашето лице.

Контролното вртливо копче на задната страна е позиционирано точно под вашиот палец за да ја надополни функцијата на главното вртливо копче за контрола што лесно може да го пронајдете со показалецот. Исто така, на задната страна има тркалце за навигација што може да се користи при репродукција на сликите, а во објективите RF се вградува прстен за контрола на објективот што може да се програмира. Обликуваниот држач е дизајниран да биде удобен за држење при долго фотографирање.

Наменското вртливо копче за режими се користи за избирање режими за фотографирање, а предното и задното вртливо копче за контрола можат да се програмираат да ја прилагодуваат брзината на блендата и решетката на начин што најмногу ќе ви одговара на начинот на кој работите. Фокусните површини може да се поместуваат низ екранот со помош на наменската контролна палка за AF или преку екранот на допир на фотоапаратот.

Шематски приказ на задниот и предниот дел на фотоапаратот

Куќиштето на EOS R6 е изработено од легура од магнезиум за да инспирира сигурност, а отпорно е и на прав и влага, за да фотографирате безгрижно дури и во лоши услови.

Механизмот на блендата на EOS R6 е подобрен за да создава помек, а сепак попријатен, звук што вашиот субјект тешко ќе го забележи. Оптимизиран е за фотографирање со голема брзина и предвиден е за 300.000 активирања. Блендата може да се постави да остане отворена или затворена кога менувате објективи или го исклучувате фотоапаратот за да го заштитите сензорот или да бидете подготвени за следната прилика.

„Екранот со променлив агол овозможува едноставно и брзо фотографирање од различна перспектива“.

Два отвори за картички за флексибилно фотографирање

Достапни се два отвори за SD-мемориски картички што се компатибилни со најновата технологија UHS-II за брзо запишување податоци и големи брзини на пренос. Конфигурирајте го фотоапаратот да зачувува датотеки од типот JPEG и RAW во различни картички или да прави резервни копии од снимените материјали додека фотографирате за уште поголема сигурност. Исто така, EOS R6 може да се конфигурира да зачувува фотографии во една картичка и видеоснимки во друга картичка, а тоа ќе ви помогне во организацијата за време на креативниот процес.

Отвори за две картички на EOS R6

Енергија за вашето фотографирање

EOS R6 користи потполно нова литиум-јонска батерија со поголем капацитет што ќе ви овозможи да снимате повеќе слики со едно полнење во споредба со LP-E6N. Батеријата LP-E6NH е компатибилна со постари EOS-фотоапарати, а EOS R6 може да се напојува и со постари батерии како што се LP-E6N и LP-E6.*

Полнење преку USB е можно преку официјалниот адаптер за напојување PD-E1 од Canon или преку преносливи батерии и полначи компатибилни со PD, за да добиете дополнителна енергија кога ќе ви биде потребна. Исто така, достапен е изборен држач со батерија BG-R10 што овозможува користење две батерии истовремено заради подолго фотографирање, а нуди и дупликат контроли и поголема удобност за вертикално снимање портрети.


*Брзината на фотографирање и бројот на слики од едно полнење можат да се намалат при користење на постарите батерии LP-E6N

Отвори за две картички на EOS R6
Приказ на слика на паметен телефон сликана со Canon EOS R6, на која фотоапаратот е поставен во позадината

® Teatro Massimo.

Најмногу опции за поврзување досега

EOS R6 им вграден Wi-Fi и постојано активна Bluetooth-врска со мала потрошувачка на енергија што одржува постојана врска со компатибилните паметни уреди. За да прегледувате и избирате слики од SD-картичките во фотоапаратот, но и да ги споделувате со вашата публика на интернет, треба само да ја активирате апликацијата Canon Camera Connect на компатибилен паметен телефон или таблет-уред* и фотоапаратот веднаш ќе се поврзе преку Wi-Fi, овозможувајќи ви да ги префрлите саканите датотеки со слики и да внесувате GPS-информации во нив, доколку е потребно. Исто така, може да фотографирате далечински преку вашиот паметен уред или да го конфигурирате EOS R6 да врши автоматски пренос на сликите, така што сликите автоматски ќе се испраќаат кон вашиот уред штом ги снимите.

Ваквата Wi-Fi-врска овозможува далечинска контрола на фотоапаратот и преку софтверот EOS Utility што нуди фотографирање со прегледување во живо и далечинско пребарување и контрола на фотоапаратот, за да можете да фотографирате од тешко достапни агли, од голема оддалеченост или во студио. А ако сакате најдобра контрола на фотоапаратот, тогаш можете да преземете комплет за развој на софтвер што ќе ви овозможи да создадете софтвер за вашиот EOS што ќе ви помага во деловното работење или во хобито. За да дознаете повеќе, посетете ја веб-страницата https://developers.canon-europe.com/s/

Сликање на балерина во затворена/домашна околина, со лаптоп безжично поврзан со фотоапаратот на кој се прикажува истата слика

Безжично фотографирање преку поврзување со EOS R6

Испраќајте слики од фотоапаратот директно во Cloud

Новата услуга за фотографии на Canon врз основа на Cloud, image.canon, им овозможува на корисниците да ги зачувуваат нивните оригинални слики, вклучувајќи и RAW-датотеки, на интернет во времетраење до 30 дена. Потоа датотеките со слики може да се префрлат во меморискиот простор од 10 GB, Google Drive, Adobe’s Creative Cloud* или локално во мемориски уреди.

EOS R6 овозможува автоматско вчитување на сликите во cloud на image.canon, каде што ќе бидат подготвени и достапни преку компјутер/Mac што ќе го синхронизирате кога ќе се вратите дома. Оценките што ќе ги внесувате преку копчето RATE на фотоапаратот ќе се зачуваат за да можете брзо да ги пронајдете вашите омилени слики.

Canon EOS R6 поставен покрај шолја за чај

Вграден FTP

EOS R6 им нуди вграден FTP и FTPS преку вградениот Wi-Fi од 2,4 Ghz на професионалните фотографи кои мора да ги испраќаат фотографиите директно на клиентите на брз и безбеден начин, директно од локацијата каде што работат. Поставките за FTP може да ги конфигурирате во фотоапаратот и може да зачувате најмногу 9 однапред поставени параметри што ќе можете веднаш да ги користите.

Доколку сте ги оценувале фотографиите со копчето RATE на фотоапаратот, тие мета податоци можат да се префрлат заедно со датотеките со слики - незаменливи податоци за уредниците на слики и персоналот во агенцијата.

Слични написи

Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.

  • ВИДЕО-ХИБРИД

    Еден фотоапарат за фотографии и видео

    Освен фотографии со врвен квалитет, EOS R6 создава и извонредни видеоснимки.

  • КВАЛИТЕТ И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА

    Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

    EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark lll.

  • АВТОМАТСКИ ФОКУС

    Фокусирајте го тоа што е најважно

    Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.

  • БРЗИНА

    EOS R6 - бесшумно и континуирано фотографирање

    Користете го фотоапаратот EOS R6 за да фотографирате континуирано и бесшумно со неверојатни 20 слики во секунда.