БРЗИНА

Фотографирајте брзо, фотографирајте тивко: 20 fps1, бесшумно.

Доловете краткотраен и неповторлив момент

Доловете краткотраен и неповторлив момент и претворете го во прекрасна слика што ќе трае вечно. Користете го фотоапаратот EOS R6 за да фотографирате континуирано без каков било шум од блендата со неверојатни 20 слики во секунда1 или механичката бленда со брзина од 12 fps за да снимате серии со максимум 240 RAW-датотеки или 1000+ JPEG-датотеки, а притоа да користите AE и AF со следење во исто време.

EOS R6, брзина, автоматски фокус, кајакирање низ брзаци, на бранот

Совршено врамени на врвот на бранот благодарение на тивката електронска бленда со 20 кадри во секунда и интуитивното ракување што ги спојува брзината на субјектот и вашата креативност.

© Samo Vidic / Амбасадор на Canon

Прецизниот автоматски фокус на EOS R6 следи кајакар кој минува низ брзаци на реката

Само Видиќ, амбасадор на Canon, прецизно го доловува момент на кајакарот благодарение на брзината од 20fps и AF со функција за следење.

© Samo Vidic / Амбасадор на Canon

EOS R6, 20 FPS, совршен момент на балерина во воздух

Совршен момент сликан со 20 кадри во секунда.

© Javier Cortes / Амбасадор на Canon

„Можноста за работење со брзини до 20 fps го олеснува доловувањето на одлучувачките моменти“.

Без разлика дали фотографирате танчер во моментот кога отскокнува највисоко или птица грабливка што лови, ваквите неверојатни стапки на слики ви нудат поголем избор на слики што можете да ги искористите и поголема веројатност за доловување на совршениот момент. А, доколку ви треба, достапна е и1 механичка бленда со брзина од 12 fps.

Автоматски фокус на EOS R6 во функција

Контроли каде што очекувате да бидат

Фотоапаратот EOS R6 не е брз само одвнатре; тој е дизајниран да биде брз и однадвор. Контролите се поставени токму таму каде што очекувате да бидат, а ергономските карактеристики како контролната палка за AF и задните вртливи копчиња за контрола ќе ви овозможат инстинктивно прилагодување без да го тргнете погледот од вашиот субјект.

Технологија за спречување треперење


Ја вградивме и нашата докажана технологија за спречување на треперењето која ги елиминира различните експозиции снимени под вештачки светилки што треперат преку темпирање секоја слика да биде снимена при максимална светлина.

Следење со автоматски фокус и идентификување на предмет во движење на EOS R6, LCD-екран на допир

Фокусирајте го тоа што е најважно

Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.

Торбата со опрема на Wanda Martin

Неопходната опрема за фотографирање што ја користат професионалците

Фотографот Ванда Мартин, амбасадор на Canon, EOS R6, Canon RF 24-70mm F2,8L IS USM

Фотоапарати

EOS R6

Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.

Дознајте повеќе

Објективи

RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon

Овој објектив е еден од трите неопходни професионални RF-објективи со зум од Canon и се одликува со брза решетка, стабилизација на слика и Nano USM-мотор за бесшумно фотографирање.

Дознајте повеќе

Слични написи

Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.

  • ВИДЕО-ХИБРИД

    Еден фотоапарат за фотографии и видео

    Освен фотографии со врвен квалитет, EOS R6 создава и извонредни видеоснимки.

  • КВАЛИТЕТ И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА

    Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

    EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark lll.

  • АВТОМАТСКИ ФОКУС

    Фокусирајте го тоа што е најважно

    Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.

  • РАКУВАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ

    Дизајниран од Canon, за вас

    Дизајнот на EOS R6 ќе ви изгледа познато уште од првиот момент.

    1. Брзината на фотографирање може да биде различна во зависност од видот на батеријата, користењето држач со батерија или Wi-Fi, како и работната температура. За повеќе информации, погледнете ги спецификациите.

      До прибл. 20 fps со AF/AE со следење 
      Важи за одредени RF/EF-објективи кога решетката е целосно отворена. Погледнете ја официјалната веб-страницата на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во зависност од брзината на блендата, поставката за решетката, состојбата на решетката при континуирано фотографирање, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот.
      До прибл. 12 fps со AF/AE со следење*
      Кога користите RF-објективи и одредени EF-објективи. Погледнете ја официјалната веб-страницата на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во 3 фази во зависност од видот на батеријата, преостанатата енергија во батеријата, бројот на батерии, објективот што се користи, температурата, поставката за вградениот Wi-Fi (вклучено/исклучено) и во зависност од тоа дали користите држач со батерија, DC-приклучок или USB-адаптер за напојување. Освен горенаведените фактори, максималната брзина на секвенцијалното фотографирање може да се намали поради брзината на блендата, решетката, користењето на блицот, обработката за намалување на треперењето, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено на темни места).