How to use your Canon camera as webcam!

КОМПЛЕТИ ЗА ПРОСЛЕДУВАЊЕ ОД CANON

Како да го користите вашиот фотоапарат од Canon како веб-камера!

Поврзувањето со фамилијата, пријателите и колегите е поедноставно со нашите комплети за видеоконференции и за проследување во живо. Независно дали учествувате во висококвалитетни видеосостаноци со колегите или проследувате игри со пријателите, нашите врвни комплети за видеоконференции преку USB се тука за вас.

Комплети за проследување преку USB

Нашите комплети за видеоконференции преку USB може да се користат со широка палета на врвни фотоапарати EOS и PowerShot, но за да ви ја олесниме работата, создадовме комплети за видеоконференции што содржат сè што ви е потребно.

Сè што треба да направите е да го прочитате едноставниот и практичен водич со објаснувања во чекори подолу, за да дознаете како да ги поставите комплетите за проследување преку USB. Да не заборавиме да споменеме и дека овие комплети за проследување за фотоапарати од Canon совршено функционираат со популарните платформи за видеоконференции и за проследување во живо.

Поставување на USB-комплет

EOS M50, EOS M6 Mark II и PowerShot G7 X Mark III, како и нивните дополнителни комплети, се создадени за појасни бои, повисок квалитет на слика и прилагодлива фокусна должина. За деловни професионалци што работат од дома, разговори со пријателите и за виртуелни средби со фамилијата, претворањето на вашиот фотоапарат EOS или PowerShot во веб-камера за видеоконференции е сè што ви е потребно за да бидете поврзани.

Поставување на USB-комплети со објаснувања во чекори - прв чекор:

Преземете го софтверот EOS Webcam Utility. Овој софтвер може да го преземете со кликнување на линковите подолу.
Преземете за Windows
Преземете за Mac

Setting up your USB kits step by step – Step one:

Втор чекор:

Следниот чекор е да го поврзете фотоапаратот со напојувањето. Вметнете го DC-приклучокот и поврзете го AC-адаптерот, а потоа приклучете го фотоапаратот во напојувањето. Повеќето наши фотоапарати се компатибилни со адаптерите за напојување што ќе ја заменат батеријата. Комплетот за видеоконференции на одредени фотоапарати, како што е PowerShot G7 X Mark III, се испорачува со две батерии. Секоја батерија има до 100 минути напојување што ви овозможува да бидете поврзани каде и да сте во светот.

Step two:

Трет чекор:

Вклучете го фотоапаратот.

Step three:

Четврт чекор:

Изберете го режимот за видео на фотоапаратот и префрлете на автоматски. Ова овозможува секогаш да имате соодветна експозиција.

Step four:

Петти чекор:

Вметнете го USB-кабелот во фотоапаратот и поврзете го другиот крај со една од USB-портите на вашиот компјутер.

Step five:

Шести чекор:

Позиционирајте го фотоапаратот на стативот и насочете го кон вас.

Step six:

Седми чекор:

Отворете ја вашата омилена услуга за видеоконференции и појдете во поставките за видео. Кликнете на EOS Webcam Utility во поставките за видео и можете да започнете. Софтверот EOS Webcam Utility не ви дозволува да го користите вградениот микрофон на фотоапаратот, но можете да го користите микрофонот на лаптопот или слушалките поврзани со компјутерот за аудиокомуникација.

Step seven:

Комплети за проследување од Canon

Надградете ја вашата тековна веб-камера со новите комплети за проследување за фотоапарати од Canon за да добиете подобар квалитет на слика.

Ви треба помош?

Решенијата преку USB може да се користат со нашата палета на врвни фотоапарати EOS и PowerShot, но за да ви овозможиме поедноставен избор, создадовме водич за купување за да можете да го најдете соодветниот фотоапарат од Canon за вас.

Водич за купување

eos-m6-mark-ii-kit-lifestyle_800x533
ПОПУЛАРЕН ПРОИЗВОД

PowerShot G7 X Mark III од Canon

Идеален за оние кои снимаат видеоблогови, блогови, проследувања во живо и видеоконференции. Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.

Погледнете детали

G7X MK III Vlogging

Прекрасни видеозаписи што ќе им се допаднат на вашата публика

Снимајте пејзажи со 4K-острина. Снимајте спортови со забавени движења и големи стапки на слики до 120 fps. Поврзете надворешен микрофон за да снимате кристално јасен звук за вашите видеоблогови за патувања. Проследувајте во живо со неверојатен квалитет додека играте игри и добијте подобра веб-камера за деловни видеоконференции. Можностите со PowerShot G7 X Mark III се неограничени.

Прочитајте ја целата статија тука

G7X MK III Vlogging live streaming and video conferences

Може да ве интересира и…

Разгледајте ја палетата на фотоапарати и софтвер од Canon што ви овозможува да бидете поврзани каде и да сте во светот.