Нов режим за видео и подобрувања за полесно користење
Согласно повратните информации што ги добивме од нашите корисници кои веќе го користат PowerShot G7 X Mark III за снимање видеосодржини наменети за социјалните медиуми, ви нудиме нов режим за снимање видеоблогови што е достапен преку ажурирање на фирмверот.
Режимот за снимање видеоблогови е потполно автоматска поставка за снимање видеозаписи со вашиот фотоапарат. Испружете ја раката со која го држите G7 X Mark III и тој ќе почне да реагира природно и рамномерно кон вашите движења, за да можете јасно да ја раскажете вашата приказна, а притоа да бидете соодветно нагласени заедно со вашето опкружување.
Во овој режим, AF за лице брзо и прецизно се заклучува врз вашето лице, а ако ја поместите гледната точка врз нов субјект во кадарот, автоматскиот фокус брзо ќе се прилагоди. Прилагодувањата на експозицијата, исто така, се брзи, рамномерни и природни. Ова ќе им биде особено практично на видеоблогерите за патувања кога ќе говорат кон фотоапаратот, а потоа ќе го опфатат околното опкружување во кадарот. Острината и експозицијата на вашето лице и опкружување брзо се прилагодуваат за да се задржи острината и природните живописни бои.