Кариери
Од продажба до услуга, од производи до луѓе, работењето во Canon е повеќе од обична кариера.
Сметаме дека нашата работна сила треба да ја одразува разновидноста и сложеноста на општеството од коешто сме дел. Со 15.000 вработени ширум Европа и уште 182.000 низ светот, тука ќе сретнете луѓе од секоја област.
Филозофијата Kyosei којашто ја застапува Canon ја одразува нашата заложба да им помогнеме на луѓето да живеат и работат заедно во насока на постигнување на колективното добро, независно од расата, религијата или културата. Редовното истражување на Canon насловено како „Вашиот глас“ ја раскажува приказната на младата, мотивирана и разновидна работна сила којашто се заложува за еднаквост, одржливост и иднина.
„Нашата филозофија почива на разновидност и инклузија коишто се обидуваме да ги оствариме практично преку дејство на активните групи составени од вработени (Employee Resource Groups), календарот на прослави и посветените амбасадори за инклузија“, вели Caroline Price од одделот за човечки ресурси на SVP. „Ова ни овозможува да ја одразиме разновидноста на нашите клиенти и компании и ни помага во стремежот да работиме во инклузивна работна средина.“
Разновидноста и инклузијата се втемелени во нашата програма за вреднување на вработените коишто се присутни низ целиот работен циклус, од нивното вработување до пензионирањето. Преку овие заложби за разновидност и инклузија создаваме средина со поголема инклузивност во којашто секој се чувствува почитувано и вреднувано.
Во текот на нашите процеси за вработување, развивање на вештините на вработените и нивното управување се обидуваме да ги назначиме, развиеме и наградиме најдобрите работници независно од позицијата, од ученици и практиканти, до вработени на управителски позиции.
Разновидноста, еднаквоста и инклузијата се клучните столбови и на нашите вредности и агенда за деловна и социјална одговорност (CSR). Се стремиме да овозможиме можности за развој, учење и напредок коишто ќе ја поддржат нашата заложба за создавање научни и технолошки иновации и ќе придонесат во градењето на општество во коешто сите имаат активна улога.
Од продажба до услуга, од производи до луѓе, работењето во Canon е повеќе од обична кариера.
Дознајте повеќе за Canon, нашиот бренд во Европа и компаниите од групацијата Canon.
Дознајте повеќе за нашата работа, начинот на којшто работиме и кон што се стремиме
Бидејќи сме свесни дека барањето работа може да ве одведе во непозната насока, го поедноставивме процесот на регрутација за да се одвива што е можно полесно.
Дојдете и дознајте каде се вклопувате